Ивона Талевска и Петрит Сарачини во „Само Вистина“

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина секој со својата ќе дебатираат Ивона Талевска и Петрит Сарачини.

Никој не знае каде е Груби. Што треба да се случи тој еден убав сончев ден да докаже дека е „чист како солза“?

Владеењето на правото или етничка интерпретација на реалноста, што е столб на државата?

Дали и зошто одмотување на „криминалните“ клопчиња станаа повод за политички пресметки?

Се „готви ли на тивко“ и амнестија за 27 Април?

Можни ли се коренити реформи без „камшикар“ и дали нон-пејперот на Словенија и Германија е шанса билатералните прашања да не го кочат процесот на проширување?

Вечерва Александар Видиновски со Ивона Талевска и Петрит Сарачини, веднаш по вестите.

Вучиќ: По никаква цена не го признаваме Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва говорејќи за протестите на опозицијата рече дека светските моќници сега треба да ја завршат валканата работа во Србија од три причини. 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва говорејќи за протестите на опозицијата рече дека светските моќници сега треба да ја завршат валканата работа кај нас од три причини - затоа што сакаат да ја завршат работата на КиМ што поскоро, не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот, како и затоа што тој и Србија се спротивставија на гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, објави Телеграф.

„Што мислите, зошто им е потребна оваа валкана работа направена сега, од овие помоќни луѓе од странство, кои не се од регионот? Ним им треба најмалку од три причини. Првата причина е што се обидуваат да завршат сè за Косово како што е можно порано, и тие гледаат дека додека сум јас претседател и додека е оваа влада, по никоја цена нема да ја признаеме независноста на „Косово“, им порача Вучиќ на младите на форумот „Иднина, не минатото“, во организација на Српската напредна странка.

Тој објасни дека на моќните луѓе во светот тоа не им треба затоа што ги сакаат Албанците и ги мразат Србите, туку затоа што, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин, за да не може да се повика на т.н. „Косовски преседан“ кога се зборува за регионите Керсон, Запорожје, Доњецк, Луганск и Крим.

Како друга причина, тој наведе дека моќниците во светот не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот, потсетувајќи дека Србија во 2012 година била „трета или четврта“.

„Зошто не можат да издржат? Затоа што Србија е независна и суверена земја, на која не можете да ѝ наредите, која не одговара на тоа дека некој од амбасадата ќе се јави на телефон и ќе каже „овој закон е дозволен, овој закон не. Србија не го сакаше тоа, Србија никогаш нема да го сака. Србија сама носи одлуки.“

Како трета причина, тој го наведе противењето на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во мај оваа година и целата борба што ја следеше.

„Се сеќавате во мај, кога имавме обид да донесеме резолуција и тие на крајот ја донесоа, спротивно на сите закони, легитимитет и меѓународно јавно право, обичаите и нормите. Тие донесоа одлука да го одбележат денот на геноцидот во Сребреница. Ние се спротивставивме на тоа, знаејќи дека скапо ќе ме чини мене лично и сите што им се спротивставија“, рече Вучиќ.

Како пример наведе дека протестите во Србија ги поддржала Наташа Кандиќ, која се надева, како што оцени, дека ќе дојде влада која ќе каже дека во Сребреница имало геноцид.

„Можеби е подобро да не сум во каква било влада, отколку да бидам во такви влади, кои ќе им служат на интересите на другите, а не на интересите на мојот народ. И никогаш, додека сум жив, нема да го сменам мојот став “, рече Вучиќ.

„Само Интервју“ со Гордана Сиљановска Давкова

Дами и господа, утре во последното Само Интервју за 2024 година, гостува претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Дали будење на духовите од минатото е цената за да се дојде на власт? Сака ли некој да ја зголеми рамката на Охридскиот договор и кој на крајот ќе ја плати сметката?

Новиот член на „црната листа“ стана бегалец од правдата, граничарот или системот, кој е одговорен?

Ќе „падне“ ли новогодишно и судењето против обвинетите за 27 април?

Професионални мерки или политичка чистка, кои петмина од судски совет ќе бидат на отпуст по празниците? Можна ли е брза департизација на институциите?

Како ТОЕФЕЛ-от од Пловдив го мина филтерот на антикорупционерите?

Превид или подметнување, како членови од криминалното подземје се најдоа на листата за помилување?

Во Бугарија не најдовме соговорник, постојано ја реафирмираме реформската агенда за ЕУ, кое е креативното решение за крај на билатералните бариери?

Утре кај Гоце Михајлоски ќе гостува Гордана Сиљановска Давкова, веднаш по вестите.

Рускиот регион Краснодар објави вонредна состојба поради загаденоста со нафта на Црното Море

Властите во јужниот дел на Русија во Краснодар денеска прогласија вонредна состојба бидејќи нафтата продолжува да го загадува брегот, десет дена откако се излеа од два оштетени танкери.

Истече нафта од танкер кој беше погоден од невреме на 15 декември. Едниот брод се скрши на половина, а другиот се насука.

Загадувањето, кое ги зафати песочните плажи во и околу популарното одморалиште Анапа, им предизвикува сериозни проблеми на морските организми и птиците, а повеќе од 10.000 луѓе се обидуваат да ги спасат.

Гувернерот на регионот Краснодар, Венјамин Кондратиев рече дека одлучил да прогласи вонредна состојба во целиот регион бидејќи нафтата сè уште го загадува брегот во Анапа и Темрјук.

Тој претходно прогласи помалку сериозна вонредна состојба на општинско ниво.

„Според пресметките на научниците и експертите, најголемиот дел од мазутот требало да остане на дното на Црното Море, што би овозможило да се собере во морето. Меѓутоа, времето ги диктира условите - воздухот се загрева нагоре и нафтата се искачува на врвот Како резултат на тоа, нашите плажи се загадени“, напиша Кондратиев на Телеграм.

Вкупно се испитани повеќе од 256 квадратни километри од крајбрежната област и се собрани 25 тони нафта-водена тиња.

притисни ентер