Индијан Велс го зголеми наградниот фонд

Тенискиот турнир во Индијан Велс во март ќе понуди вкупно 19 милиони долари награден фонд, најмногу од сите комбинирани ВТА и АТП турнири од серијата Мастерс 1000, објавија денеска организаторите.

Износот е за 1.4 милиони долари повеќе од ланскиот награден фонд.

„Горди сме што оваа година издвојуваме рекордни парични награди и силно сме мотивирани на компензација на сите тенисери кои настапуваат во Индијан Велс“, изјави извршниот директорот на турнирот Стив Кристијан.

Светските тенисери лани го прогласија Индијан Велс за ВТА и АТП 1000 турнир на годината, деветти пат во низа.

Ланското издание привлече 450.000 гледачи на трибините.

Шпанецот Карлос Алкараз и Елена Рибакина ги бранат титулите на турнирот кој оваа година е на програмата од 6 до 17 март. /МИА

Митески: Три години општина Аеродром се трансформира во фокус се потребите на граѓаните

Општина Аеродром во изминатите три години покажа огромна посветеност и фокусираност на потребите на граѓаните.

Со гордост можам да кажам дека во изминатиот период изградивме и започнавме изградба на нови паркови, плоштади, детски градинки, училишта и спортски објекти.

Целосно се посветивме на реконструкција на постојната инфраструктура и на изградба на нова.

Во нашиот фокус беа и остануваат најмладите, кои се наша иднина.

Работевме на подобрување на условите во градинките и училиштата, а континуирано дававме безрезервна поддршка на спортот и културата.

Никогаш не ги заборавивме ниту највозрасните, нашите пензионери кои дале огромен придонес за ова што го имаме денес и од кои можеме да црпиме искуство и мудрост.

Аеродром е мој и ваш дом, во него живееме, работиме и ги растеме нашите деца. Тоа ни претставува мотив плус со уште поголем жар да создадеме средина во која сите заедно ќе функционираме беспрекорно во нашето секојдневие и заеднички ќе се радуваме на сите успеси.

Нашата визија за растот и развојот на Аеродром се претвора во јаве, затоа што само со внимателно менаџирање на средствата може да се инвестира во проекти што се од значење за жителите.

Мојот претходник, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и јас имаме ист став кон тоа како треба да изгледа и да функционира една локална самоуправа и затоа продолжуваме напред кон креирање на нова успешна приказна за нашиот Аеродром.

Но, не можам, а да не нагласам дека сме во постојана комуникација и со сите граѓани, отворени сме да ги слушнеме мислењата, предлозите и идеите и на тој начин да го трасираме патот кон создавање на поубава и подобра општина.

Токму во тој контекст, сакам да истакнам дека периодов спроведуваме инклузивен процес за креирање на буџетот на општина Аеродром за 2025 година. Работиме транспарентно и за доброто на граѓаните.

- Уште од првиот ден се потрудивме да внесеме промени и токму затоа ги скративме сите непродуктивни трошоци и тие средства ги наменивме за проекти.

- Избришавме 7 маркици на кои беа предвидени изградба на нови згради и ги предвидовме за паркови;

- Неодамна, во соработка со Министерството за дигитализација, отворивме канцеларија „Една точка за услуги“ каде што граѓаните можат да добијат повеќе од 40 услуги

- Инвестираме во нови училишта и градинки. Ја финализиравме изградбата на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, која комплетно ја уредивме, а во истата населба во тек е изградба на нов објект на градинката „Изворче“ со што капацитетот ќе се зголеми за 200 деца;

- Извршивме реновирање и реконструкции и на други детски градинки, кои добија енергетско-ефикасни фасади и комплетно ги изреновиравме кујните во голем дел од градинките;

- Пред неколку месеци започна доградбата и реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Мичурин;

- Извршивме значајни реконструкции во училиштата „Гоце Делчев“, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“;

- Поставивме фотоволтаици на крововите на основните училишта со што значително ги зголемивме заштедите за електрична енергија

- Веќе трета година секој ученик во четврто одделение добива таблет компјутер, со цел полесно совладување на наставниот материјал

- Ги наградуваме парично најдобрите наставници и ученици

- За секое новороденче доделуваме по 8.000 денари еднократна парична помош, а за секое прваче 3.500 денари еднократна парична помош

- Опремивме повеќе сензорни соби за дечињата со атипичен развој, а обезбедуваме и бесплатен превоз за нив до специјализираните училишта;

- Преку соработка со спортски клубови ги доближуваме сите спортови до нашите најмлади, со што создаваме услови во кои можат да се развијат и откријат врвни таленти;

Аеродром важи за најспортска општина во Македонија, а ние посветено работиме на тоа да го задржиме ова реноме. МЗТ Аеродром претставува наша огромна спортска гордост, но вложуваме и во други спортски клубови и поддржуваме проекти со кои се промовира спортот и спортскиот дух меѓу нашите жители.

Изминатите три години изградивме и реконструиравме голем број спортски игралишта од кои би ги издвоил:

- Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче;

- Спортското игралиште зад трговскиот центар во населба Лисиче;

- Фудбалското игралиште „Никола Христовски – Кољо“ кое доби нова тартан подлога;

- Кошаркарското игралиште зад трговскиот центар „Капитол“;

- Комплетно ново кошаркарско, фудбалско и инклузивно детско игралиште „Патрик“, зад „3 Бисери“

- По долги години, ставен е во функција и фудбалскиот терен во Долно Лисиче;

- Неодамна, во соработка со ФК „Аеродром“ го пуштивме во употреба и фудбалскиот терен во Реонски центар

- Деновиве комплетно се реконструира спортскиот комплекс во населбата „Јане Сандански“, во близина на градинката „Лале“;

Тука би истакнал дека со Министерството за образование и наука веќе потпишавме и договор за изградба на спортска сала во Долно Лисиче, чија градба се очекува да отпочне наскоро. Покрај спортските игралиште аеродромци изминатите три години добија и убави детски катчиња.

- Реонски центар,

- во близина на стара „Стела“,

- покрај булеварот „Февруарски поход“

- во Долно Лисиче

- а поставивме и две мали игралишта во близина на „Бисер“;

Успеавме да ги санираме и реконструираме сите 70 детски игралишта.

Постојано ја унапредуваме инфраструктурата и работиме на подигање на безбедноста во сообраќајот, а изградивме и комплетно нов паркинг позади „Мајчин дом“.

Реализиравме целосно сообраќајно решение со хорозонтална и вертикална сигнализација на улица „Горно Лисиче“, а изработивме и проект за воведување еднонасочен сообраќај околу трговскиот центар во населба Лисиче, за што се очекува одобрување од Град Скопје.

Реконструиравме и работиме на обнова на голем број улици меѓу кои:

- Краци на ул. „Тодор Чангов“

- „Мите Богоевски“

- „Илија Димовски-Гоче“

- „Црноризец Храбар“

- Дел од улица„Лисец“

- Улица „Новопроектирана број 5“;

- и други...

Како еден од позначајните проекти би го истакнал и донесувањето на урбанистичкиот план за Долно Лисиче, со што граѓаните конечно можат да ги остварат своите права за дом.

Исто така, постојано се грижиме за животната средина и за подигнување на свеста кај населението.

- Општина Аеродром формираше свое Јавно комунално претпријатие кое се грижи за одржување на хигиената и на јавните површини;

- Неодамна, како прва општина во Скопје започнавме голема акција за отстранување на хаварисани возила од паркинзите, со што се ослободуваат голем број узурпирани паркинг места;

- Во текот на август и септември годинава, Општина Аеродром организираше акзија за собирање на кабаст отпад.

- Ги зајакнавме инспекциските контроли и се изрекуваат парични казни на несовесни физички и правни лица;

- Со проектот „Clean AirDrom“, поддржан од Европската унија и Швајцарската амбасада низ конкретни чекори одиме кон поставување нови стандарди за селекција на отпад;

- Во соработка со Шведската амбасада и УНДП, над 130 домаќинства во населбата Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади.

- Со бројни екоакции, преку соработка со граѓанскиот сектор и сите засегнати страни, успеавме во текот на изминатите три години да засадиме повеќе илјади дрвја на различни локации низ Аеродром;

Истовремено ги негуваме и културата и културно-забавниот живот во нашиот Аеродром. Наша безрезервна поддршка добиваат:

- Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина“

- Традиционалниот „Илинденски марш“

- Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Света Троица“;

- Меѓународниот фолклорен фестивал „Вапцарови денови“

- И низа други манифестации кои допринесуваат за збогатување и разубавување на секојдневието на нашите сограѓани;

Почитувани,

Ова се само мал дел од големиот број проекти што ги имаме реализирано во изминатите три години. Како локална самоуправа работиме за доброто на нашите жители. До крајот на овој мандат ни претстои уште една цела година, во која планираме реализација на уште многу значајни проекти од витално значење за аеродромци.

Во текот на 2024 година изработивме основни проекти, а со финансиска поддршка на Владата во наредниот период започнуваме со реконструкција на:

- Улица „Анастас Митрев“ во Мичурин;

- „Архитект Сотир Томовски“

- „Лавчанска Корија“

- „Димитар Македонски“

- „Ернест Телман“

- Тротоари на „23 Октомври“ во Острово I

- Реконструкција на сервисните улици околу ТЦ „Бисер“;

- Санација и рехабилитација на скверот зад ТЦ „Капитол“;

- Реконструкција на јавни пешачки површини покрај булеварите „Видое Смилевски- Бато“ и „Асном“

- Реконструкција со доградба на мост на Маркова Река помеѓу Горно Лисиче и Долно Лисиче и

- Реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче.

Исто така со средства од Владата на Република Македонија, наменети за управување со води, Општина Аеродром наскоро започнува со изградба на атмосферска канализација на улиците:

- „Ѓорѓи Капчев“,

- „Тодор Чангов“, и

- „Божин Николов“.

Дополнително, Општина Аеродром веќе работи на проектирање на повеќе од 30 проекти со кои ќе аплицира на повикот од Владата во 2025 година, меѓу кои е и Мултимедијалниот центар, долго баран објект од аеродромци.

Продолжуваме да работиме со засилено темпо и отворени сме да ја слушнеме секоја ваша идеја, сугестија, предлог со кои би ги подобриле условите за живот и работа во нашиот Аеродром.

Дејан Митески, градоначалник на општина Аеродром

Кривични пријави против пет опозиционери, по протестите за уривањето на Савски мост

Кривични пријави против пет опозиционери, меѓу кои и двајца пратеника, по протестите за уривањето на Савски мост.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти денеска дека наложило поднесување кривична пријава против пет лица во врска со протестите организирани во Белград на 24 и 26 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.

-Поради постоење основи на сомнение дека на 24 ноември сториле кривично дело Попречување на службено лице во вршење на службено дејствие од Законот за јавен ред и мир, ќе биде поднесена кривична пријава против пратениците М.Т. и М.П., се наведува во соопштението на обвинителството.

Маринка Тепиќ и Мила Поповиќ, пратеници на опозициската Партија на слободата и правдата (ССП), учествуваа на протестот поради одлуката на властите да го тргнат Стариот савски мост во Белград. Тие го пробија полицискиот кордон распореден на приодот и неколку часа стоеја на мостот.

Кога станува збор за други лица против кои обвинителството нареди поднесување кривична пријава, станува збор за Ѓ.М., И.В. и М.Б. кои се сомничат дека на 26 ноември на протест во близина на населбата Белград на Вода сториле кривично дело „Загрозување на јавен сообраќај со општо опасно дело и опасни средства од Кривичниот законик“.

Граѓани, активисти и опозициски политичари со денови кампуваат на приодите кон Савски мост во обид да го спречат неговото уривање, што е план на градската власт.

За време на протестот кој се одржа на 27 ноември, група луѓе физички ги нападнаа учесниците на протестот против уривањето на Савски мост во Белград, а полицијата по неколку инциденти на местото на настанот пристигна во поголем број.

За овој протест и инцидентите полицијата и обвинителството засега се немаат огласено.

За време на протестот на мостот на 20 ноември, полицијата ги приведе лидерот на опозициското движење „Крени-промени“ Саво Манојловиќ и градскиот советник на тоа движење Александар Јовановиќ. Тие подоцна беа ослободени. /МИА

ЕК го казни „Пјер Карден“ со 5,7 милиони евра за кршење на антимонополските правила на ЕУ

Европската комисија ја казни француска модна куќа „Пјер Карден“ и нејзиниот главен бренд во Европа, „Алерс“ со вкупно над 5,7 милиони евра поради прекршување на антимонополските правила на ЕУ со тоа што ја ограничувале продажбата на облека во странство или на одредени клиенти.

Казната е изречена врз основа на истрагата на Комисијата кој утврдила дека во периодот помеѓу 2008 и 2021 година „Пјер Карден“ и „Алерс“ склучувале договори и применувале практики за незаконска заштита на своите производи од конкуренцијата во европските земји, со што ги прекршиле член 101 од Договорот за функционирањето на Европската унија и член 53 од Спогодбата за Европската економска област.

Комисијата утврдила дека таквите „антиконкурентски договори и усогласени практики“ имале за цел да ги оневозможат другите носители на лиценца на „Пјер Карден“ да продаваат облека од овој моден бренд, и офлајн и онлајн, надвор од териториите на кои се однесуваат лиценците или пак да ја нудат облеката по пониски цени.

- Крајната цел на таквата координација помеѓу „Пјер Карден“ и „Алерс“ била да се обезбеди апсолутна заштита на „Алерс“ во земјите опфатени со нејзините договори за лиценцирање со „Пјер Карден“, се додава во образложението.

Овие незаконски практики ги спречувале трговците на мало да можат слободно да набавуваат производи во земјите членки по пониски цени и довеле до вештачки поделби на внатрешниот пазар на ЕУ.

Согласно одлуката, „Пјер Карден“ е казнет со 2,237 милиони евра, а „Алерс“ со 3,5 милиоми или се вкупно 5,737 милиони.

притисни ентер