Играјте танго и кревајте тегови, звучи смешно, но може да ви го спаси животот

– Како да го намалите ризикот од Алцхајмерова болест?

Најважно е да го стимулирате мозокот преку задавање задачи.

Процентот на луѓе кои страдаат од деменција постојано се зголемува со децении, и затоа начините за намалување на ризикот од оваа страшна болест се многу важни. Дури и кога се крајно необични, на пример, од играње бинго, пуштање гласна музика или носење кацига.

Неврологот Емер Мексвини издвои девет необични начини за намалување на ризикот од Алцхајмерова болест:

Не чепкајте во носот

Ноздрите се главен „влез“ за повеќе патогени, а веќе е утврдено дека бактериите од ноздрите „патуваат“ до мозокот. Одредени бактерии, како што е кламидија, може да предизвикаат воспаление на мозокот и да го зголемат ризикот од Алцхајмерова болест.

Намалете го консумирањето алкохол

Докажано е дека интензивното пиење ги оштетува мозочните клетки и го забрзува падот на когнитивните функции.

Играјте бинго

Дружењето во кафуле или бинго е одличен начин да ги зајакнете социјалните релации. Исто така, на овој начин се стимулира работата на мозокот и се зачувува меморијата.

Научете да играте танго

Преземањето нови предизвици, како учењето да танцувате, е моќен начин да го одржите вашиот мозок здрав. Тангото е одличен избор бидејќи е комбинација од сложени физички движења и ментална концентрација.

Научете да свирете

Пуштете ја вашата омилена песна и учете да ја отсвирите. Не само што одлично ќе се забавувате, туку ќе ангажирате различни делови од мозокот и ќе ја подобрите меморијата, координацијата и когнитивната флексибилност.

Мијте ги забите темелно

Лошата оралната хигиена е тесно поврзана со ризикот од деменција. Пародонталната болест, која се јавува како резултат на лошата дентална хигиена, им овозможува на бактериите да навлезат во крвотокот и потенцијално да стигнат до мозокот и да предизвикаат воспаление поврзано со појавата на Алцхајмерова болест.

Јадете боровинки

Боровинките се моќни антиоксиданси кои спречуваат воспаление и оксидативниот стрес, два важни фактори кои придонесуваат за опаѓање на когнитивните способности. Редовното консумирање боровинки го намалува ризикот од деменција, ја подобрува функцијата на мозокот и ја подобрува меморијата.

Носете шлем

Не е шега, општопознато е дека повредите на мозокот, колку и да се мали, значително го зголемуваат ризикот од деменција. Дури и мала траума може да предизвика доживотни последици, поради што е неопходно носењето шлем при скијање или возење велосипед.

Кревајте тегови

Тренинзите за издржливост, како што е кревањето тегови, ја подобрува циркулацијата и предизвикува развој на фактори кои придонесуваат за опстанок на невроните. Вежбањето со тегови ги зајакнува коските и го намалува ризикот од паѓање и повреди на мозокот, пренесува The Sun.

Кривична пријава против 18 службени лица за злоупотреба на службена положба

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце....

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против 18 службени лица, од кои 12 се полициски службеници - припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од МВР.

Наполи му нуди нов договор на Кварацхелија со плата од шест милиони евра годишно

Раководството на калчолигашот Наполи преговара за нов договор со крилниот напаѓач Квича Кварацхелија, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Наполитанците контактирале со агентот на фудбалерот за да разговараат за можноста за потпишување нов договор. Двете страни ќе одржат уште една средба во следните неколку недели.

Наполи му понуди на 23-годишниот Грузиец договор според кој играчот ќе може да заработува шест милиони евра годишно со бонуси - слична плата како напаѓачот на тимот Ромелу Лукаку.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола и направи две асистенции на осум натпревари за тимот.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија е 4,6 милиони евра годишно.

Асанж: Слободен сум бидејќи признав вина за новинарството

 Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (53) денеска изјави дека е ослободен од затвор затоа што се изјаснил за виновен за новинарство, а не затоа што функционирал правниот систем, објави Гардијан.

Тој им рече на европските парламентарци дека е неопходно да се изјасни за виновен по обвиненијата за американска шпионажа бидејќи правните и политичките напори за заштита на неговата слобода не се доволни, пишува Гардијан.

-На крајот ја избрав слободата наместо недостижна правда. Денеска сум на слобода по години поминати во затвор затоа што се изјаснив за виновен за новинарство, рече Асанж пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа на ПССЕ во Стразбур во своето прво јавно обраќање по неговото ослободување во јуни.

Тој рече дека се надева оти неговото денешно сведочење може да послужи за да ги истакне слабостите на постојните заштитни мерки и да им помогне на оние чии случаи се помалку јавни, но кои се исто толку ранливи. Асанж рече дека слободата на говор е на „мрачна раскрсница“.

Асанж истакна дека новинарите не треба да бидат прогонувани затоа што ја вршат својата работа.

-Новинарството не е криминал, нагласи Асанж.

притисни ентер