Хезболах утринава истрела околу 50 ракети кон северен Израел, погодена касарна

 Либански Хезболах утринава соопшти дека извршил серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна.

ИДФ соопшти дека утринава од Либан кон северен Израел се лансирани околу 50 ракети.

Поради истреланите ракети во градовите во горниот и западниот дел на Галилеја се слушаат сирени за предупредување од напад, а засега нема информации за повредени.

Во три напади што се случија помеѓу 7:15 и 7:20 часот по локално време, проектили ги погодија израелските сили собрани во населбите Штула и Маскаф Ам и „група израелски непријателски сили во касарната Шомера“, прецизираше Хезболах.

Портпарол на израелската болница „Рамбам“ изјави за Си-Ен-Ен дека имало „инцидент“ во северниот дел на земјата, но рече дека не може да коментира за бројот на лица примени на лекување.

Болницата „Рамбам“ е главната медицинска установа во северен Израел и клучна локација за лекување на ранетите војници во тој регион.

Си-Ен-Ен побара коментар од израелската војска, која наведе дека не може ниту да ги потврди ниту да ги негира извештаите.

Хезболах наведе дека постигнале неколку „директни“ и „прецизни“ удари.

Хезболах утринава излезе со соопштение дека нивните борци го одбиле обидот на израелските сили да влезат во либанскиот град Адаисе.

За натпреварите со Летонија и со Ерменија Милевски повика 25 фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10 октомври) и против Ерменија во Ереван (13 октомври) од Лигата на нации. 

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери:

голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски;

одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков и Андреј Стојчевски;

среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски, Димитар Митровски;

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили и Марио Илиевски.

Бербок за Србија: Владеењето на правото, ЦЕФТА и нормализацијата со Приштина клучни

Владеењето на правото, ЦЕФТА и нормализацијата со Приштина клучни на патот кон ЕУ.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на маргините на министерскиот состанок на Берлинскиот процес во Берлин, на средбата со министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ изјави дека владеењето на правото, ЦЕФТА и нормализацијата на односите со Приштина се централни точки на патот на Србија кон Европската унија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Интензивниот дијалог е основата на дипломатијата. Владеењето на правото, ЦЕФТА и нормализацијата со Косово се централни точки на патот кон ЕУ. Германија останува партнер за понатамошни реформи, соопшти синоќа германското Министерство за надворешни работи на „Х“.

Ѓуриќ претходно вчера изјави дека на средбата со Бербок се разговарало за соработката меѓу двете земји, како и за економските резултати на Србија и дијалогот меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека за Србија членството во ЕУ претставува стратешка определба и приоритет на надворешната политика.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ѓуриќ изјави дека на Бербок и кажал дека Белград е посветен на дијалогот, додека Приштина од самиот почеток покажува крајна неконструктивност и неподготвеност да ги спроведе договорите, особено оние поврзани со формирањето на Заедницата на српските општини.

ЈП ПОЦ предупредува за поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК)

 ЈП Паркинзи на Општина Центар ги предупредува граѓаните дека денеска било пријавено оти е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на јавното претпријатие.

-На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а тој води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства, информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да ги известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .

Од страна на јавното претпријатие во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните.

притисни ентер