Адвокатот потврди: Повеќе од 100 луѓе ќе го тужат Диди за сексуален напад и силување

Американскиот адвокат Тони Базби потврди дека повеќе од 100 луѓе ќе го тужат контроверзнниот раперот Паф Диди,или Шон „Диди“ Комбс за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација.

- Ова е важна работа што имаме намера да ја продолжиме агресивно. „Нема да го оставиме случајот недопрен за да ги најдеме сите потенцијално одговорни страни, вклучително и кој било поединец или ентитет што учествувал или имал корист од ова срамно однесување“, рече адвокатот.

Мега популарниот музичар Паф Диди се соочува со обвиненија за сексуална трговија и рекет, што е вклучено во обвинението, каде што пишува и дека учествувал во киднапирањето, ги принудувал луѓето на работа и подмитувал.

Тој се изјасни за невин за овие злосторства, но беше уапсен минатата недела и е во притвор.

По апсењето било констатирано дека кај него полицијата пронашла поголема количина бебешко масло и лубриканти, како и оружје.

Јанчев: Скијачки центар Михајлово станува реалност

Скијачкиот центар Михајлово станува реалност за жителите на Општина Кавадарци, соопшти градоначалникот Митко Јанчев.

Се очекува оваа сезона да биде ставен во фукнција.

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Регионалната соработка, нагласи ресорната министерка, е од особена важност за енергетската трансформација.

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции.

Регионалната соработка, нагласи ресорната министерка, е од особена важност за енергетската трансформација.

- Енергетските предизвици со кои се соочуваме не се ограничени на националните граници. Проекти за соработка, интегрирани пазари за електрична енергија и регионална координација на политиките се од суштинско значење за постигнување на енергетска безбедност и одржливост во нашиот регион, истакна Божиновска, нагласувајќи дека државата е посветена на продлабочување на соработката со соседните земји.

Идеите и партнерствата кои ќе произлезат од Меѓународната енергетска конференција, подвлече, ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во Северна Македонија, регионот и светот.

- Оваа конференција не е само потврда за важноста на енергетскиот сектор, туку и потсетник за предизвиците што ги имаме пред нас, додека се стремиме да ги задоволиме растечките глобални потреби за енергија на одржлив и одговорен начин, додаде Божиновска.

Министерката нагласи дека живееме во реалност кога се поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, а производството и дистрибуцијата на енергија се основа на економскиот раст и стабилност.

- Соодветно на тоа и темата на годинашниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме, рече Божиновска.

Една од клучните теми на конференцијата, наглси, е енергетската транзиција, односно намалување на емисиите на јаглерод и обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите.

- Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок и во последниве години направивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици. Инвестициите во инфраструктурата, регулаторните реформи и усвојувањето на нови технологии бараат значителни ресурси, истакна министерката за енергетика.

За претседателот на Здружението на енергетичарите на Македонија, Борко Алексоски, енергетиката е еден од најважните столбови на кое е поставено секое оптество, па оттаму нејзиното технолошко унапредување и усовршување е од непроценливо значење за целокупниот општествен развој.

- Развојот на енергетиката во нашата држава неопходно е да ги следи сите текови од регинот и од Европа. Во таа насока се преземаат опсежни активности со цел имплементација на европската во нашата национална легислатива, која понатаму е основа за развојот на енергетиката и пристапувањето кон единствениот европски пазар на енергија, истакна Алексоски.

Според него, стручните лица на форумот не само што ќе ги споделат и разменат искуствата и плановите од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво, туку и заеднички ќе побараат решенија за тековните проблеми и предизвици кои стојат пред секој од нас.

Саудиска Арабија изрази надеж за деескалација на тензиите и за дијалог на Блискиот Исток

„Се надеваме дека ќе надвладее мудроста, дека ќе има деескалација на тензиите и дијалог“.

Саудиска Арабија изрази надеж за деескалација на тензиите и за дијалог на Блискиот Исток, изјави саудискиот министер за економија и планирање Фаисал бин Фадел ал-Ибрахим на конференцијата во Берлин за ситуацијата на Блискиот Исток по ракетниот напад врз Иран против Израел.

„Се надеваме дека ќе надвладее мудроста, дека ќе има деескалација на тензиите и дијалог и дека ќе се забележи поголема соработка и на глобално и на регионално ниво, за да можам да се справам со овие предизвици“, рече Ал Ибрахим.

Стравувањата дека Иран и САД ќе бидат вовлечени во регионална војна се зголемија со ескалацијата на нападите на Израел против Либан во последните две недели, вклучително и започнувањето копнена операција таму во понеделникот, заедно со годишниот конфликт на работ на Газа.

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека нападот против Израел е одговор на убиствата на водачи и борци и нападите во Либан против вооруженото движење Хезболах поддржано од Иран и палестинската група Хамас. /МИА

притисни ентер