Грција купува 35 хеликоптери UH-60 Black Hawk за копнената војска

Грчката армија наскоро ќе добие нови воени хеликоптери UH-60 Black Hawk.

Со купувањето на овие авиони, грчките вооружени сили продолжуваат со модернизирање на воената транспортна флота, во која веќе доминираат хеликоптери од американско производство, пишува британски Дифенс.

Американската влада му додели на Сикорски, подружница на Локхид Мартин, договор за испорака на хеликоптери УХ-60М Блек Хок во Грција. Станува збор за вкупно 35 хеликоптери наменети за Копнената армија на Грција (Ελληνικός Στρατός), односно нејзината армиска авијација.

Покрај самите хеликоптери, Сикорски ќе обезбеди логистичка поддршка и обука на грчките вооружени сили како дел од аранжманот ФМС. Во соопштението на Локхид Мартин се наведува дека купувањето на Black Hawk значително ќе ги подобри воените капацитети на Грција и ќе ја зголеми интероперабилноста со вооружените сили на другите членки на НАТО.

„Хеликоптерот Black Hawk е столбот на авијациската повеќенаменска транспортна флота и ќе ѝ овозможи на Грција да извршува мисии во регионот. Овие хеликоптери ќе се приклучат на грчкиот F-16V, новиот MH-60R, постоечкиот F-16, Ц-130 и С-70Б, како и идниот Ф-35“, изјави Костас Пападопулос, извршен директор за меѓународен бизнис развој за Грција во Локхид Мартин.

Грчката морнарица (Πολεμικό Ναυτικό) веќе користи хеликоптери С-70Б и МХ-60Р базирани на платформата УХ-60. Грчката армија во својата флота има голем број американски хеликоптери - и транспортни и нападни. Вооружувањето на оваа медитеранска земја вклучува Боинг CH-47 Chinook како и AH-64 Apache.

Ја фатил сопругата „на дело“ со сопствениот брат, мајка му со неверојатна реакција (ФОТО)

Неверојатната приказна е снимена на крајот на март во Тасманија, а дури неодамна доби и судски епилог.

Дејвид Мекалок (41) ја фатил сопругата како го изневерува со сопствениот брат Џејми, на задното седиште во автомобилот и во налет на бес се фатил за лопата.

Двојката е заедно 25 години и имаат четири возрасни деца, а семејниот дом го делеле со неговата мајка Су.

На денот на инцидентот, Џесинта МекКалок ја однела својата свекрва кај нејзиниот постар син Џејми, а кога го собрале, таа застанала на блискиот паркинг.

Дејвид во еден момент ѝ се јавил на сопругата, но не можел да ја добие, па тргнал да ја бара. Нејзиниот автомобил го нашол на паркинг и го доживеал шокот на својот живот.

На задното седиште ги видел сопругата и сопствениот брат, но тоа не било најбизарниот дел од приказната. Нивната мајка седела на предното седиште, очигледно незагрижена од ситуацијата, пренесува Дејли Мејл.

Во напад на бес, Дејвид ја отвори вратата и почнал да го удира Џејми. Тоа не било доволно, па ја грабнал лопатата од количката и продолжил да го повредува својот брат.

Мајката се обидела да го спречи, но насилно била оттурната. Бесниот Дејвид ја скршил лопата, а потоа почнал да ја удира сопругата со рачката по глава.

Соседите ја слушнале вревата и повикале полиција, па разгневениот сопруг бил уапсен, додека Џејми и мајката биле пренесени во болница.

Уапсениот Дејвид бил крајно исфрустриран и тврдел дека неговиот брат „го заслужил тоа што му се случило“. На надлежните им рекол дека дома има рачно изработено оружје и муниција.

Случајот завршил на суд, кој ја донесе пресудата минатиот петок. Судијката Тамара Јаго ги прифати околностите кои довеле до насилството.

„Нема сомнеж дека тоа што го направивте беше сериозно и дека користењето на лопата можеше да предизвика сериозни повреди. Реагиравте несоодветно, но прифаќам дека тоа беше емотивен одговор на откриените околности“, рече таа.

Дејвид Мекалок е осуден на три години затвор, а последните 18 месеци ќе бидат условно суспендирани, доколку се однесува соодветно.

Херој од Сингапур: Го ризикува животот за да спаси дете да не падне од трети кат (ВИДЕО)

Инцидентот е снимен во неделата на 21 октомври во станбен комплекс во Сингапур.

На видеото кое го објави Нела Хок, гледаме момче во сини пижами како стои на страна од зграда, а соседот внимателно му приоѓа.

Драматичното видео се појави на Фејсбук и предизвика големо внимание, пренесува AsiaOne.

Пред зградата се гледат луѓе, кои имаат распослано ќебе во случај малиот да падне од третиот кат на станбената зграда.

Неименуван сосед пристигнал да го земе детето, го зел во раце и преку прозорецот го вратил во станот.

Локалните медиуми јавуваат дека вознемирени луѓе тропале на вратата од станот во кој престојувало малото момче, но никој не ја отворил вратата.

Корисниците на мрежите го пофалија човекот кој го спаси момчето ризикувајќи го неговиот живот и го нарекоа „херој на денот“.

Од друга страна, тие ги повикаа надлежните да ги истражат родителите и да побараат одговорност.

Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од фотографиите на „чудно суштество со пипала“, кое морето го исфрли на брегот на Австралија.

„Никогаш не сум видела нешто слично“, напиша Вики Еванс по објавувањето на страницата на Фејсбук „Природата никогаш не престанува да восхитува“.

Шетачи забележале „необично тело“ исфрлено на брегот во Порт Елиот, пренесува New York Post.

Сведоците го опишале како „желатинозна маса со еден куп школки“, а корисниците на Фејсбук останаа без зборови.

„Изгледа како вонземјанин“, „Ова е најчудното нешто што сум го видел“, „Навистина е долго, кога ќе го споредите со куче“, гласат дел од коментарите.

Во меѓувреме, експертите се огласија и открија дека станува збор за вид членконоги (Pollicipes pollicipes) кој се прицврстува на пловечки предмети, докови и повремено плива на брегот.

Екологот од Универзитетот во Јужна Австралија, д-р Зои Доблдеј, смета дека „дел од колонијата“ се отцепила од мајката и завршила на брегот.

„Тие мора да биле долго време во водата кога ја направиле оваа маса“, рече таа.

Иако наликува на школки, овој вид членконоги е поблизок до јастозите и раковите. Се смета за деликатес, особено во Португалија и Шпанија, каде што се служи со путер.

притисни ентер