Херој од Сингапур: Го ризикува животот за да спаси дете да не падне од трети кат (ВИДЕО)

Инцидентот е снимен во неделата на 21 октомври во станбен комплекс во Сингапур.

На видеото кое го објави Нела Хок, гледаме момче во сини пижами како стои на страна од зграда, а соседот внимателно му приоѓа.

Драматичното видео се појави на Фејсбук и предизвика големо внимание, пренесува AsiaOne.

Пред зградата се гледат луѓе, кои имаат распослано ќебе во случај малиот да падне од третиот кат на станбената зграда.

Неименуван сосед пристигнал да го земе детето, го зел во раце и преку прозорецот го вратил во станот.

Локалните медиуми јавуваат дека вознемирени луѓе тропале на вратата од станот во кој престојувало малото момче, но никој не ја отворил вратата.

Корисниците на мрежите го пофалија човекот кој го спаси момчето ризикувајќи го неговиот живот и го нарекоа „херој на денот“.

Од друга страна, тие ги повикаа надлежните да ги истражат родителите и да побараат одговорност.

Нетанјаху е отпуштен од болница по операцијата на простата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска беше отпуштен од болница по успешна операција на простатата.

Само што ја напуштив болницата Хадаса Ајн Керем“, изјави Нетанјаху на социјалната мрежа „Х“. Медицинската установа се наоѓа во Ерусалим.

Канцеларијата на Нетанјаху (75) соопшти дека тој е во добра состојба и целосно свесен по операцијата на простатата.

Стотици граѓани на Цетиње палат свеќи во чест на нивните 12 сограѓани (ФОТО)

Цетиње за само две години го потресоа две страшни трагедии. Граѓаните, неутешни од тага за невините животи изгубени во овие страшни масакри, се чувствуваат изгубено и не знаат што понатаму.

Тие вечерва им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство во кое животот го загубија 12 лица. Пред споменикот на вилата во Цетиње од 17 часот почна палењето свеќи за трагичните жртви од вчерашниот масакр, објавија црногорските медиуми. Собирот за поддршка на семејствата на жртвите го организираа членовите на семејствата на жртвите во август 2022 година во населбата Медовина, објави Телеграф.

„Ги споделуваме нивните рани и ќе направиме се за да не биде залудна жртвата на членовите на нивните семејства, но и нашите“, се вели во мејлот испратен до Радио Цетиње.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње вчера со огнено оружје уби 12 лица, а четворица тешко рани. Мартиновиќ починал на пат кон болница откако се обидел да се самоубие пукајќи си во главата.

По трагичниот настан, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост, која стапи на сила денеска, а знамињата во Цетиње се на половина копје.

На 12 август 2022 година се случи трагедија во населбата Цетиње во Медовина, кога Вук Бориловиќ уби 10 лица, меѓу кои и две момчиња.

Соопштено е дека во последните две години на овој начин во Цетиње биле убиени 22 лица, меѓу кои четири деца.

Тројца загинати, дваесетмина повредени во експлозија на огномет во Хонолулу (ВИДЕО)

Три лица загинале и повеќе од 20 биле повредени во инцидент со огномет за време на прославата за Нова година во Хонолулу, Хаваи.

Според извештаите, огномет поставен на маса се превртел и испукал настрана кон сандаци со други огномети што потоа експлодирале.

На лице место загинеле две жени, додека трета починала во болница, соопштија синоќа властите. Повеќе од 20 лица, меѓу кои и деца, биле пренесени во болница со тешки изгореници и повреди од експлозии. Неколку од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Властите повикаа да не се користат огномети низ градот, посакувана новогодишна традиција на Хаваи, и ветија заострени казни за нивна употреба без дозвола.

Гувернерот Џош Грин укажа на потенцијалната опасност од огномети, споредувајќи ја природата на повредите во овој случај со оние од воени зони.

Дел од американските медиуми укажуваат дека експлозијата се случила на првиот кат од трокатна приватна куќа. Првиот кат од куќата бил значително оштетен. Експлозивниот бран ги искршил прозорците на спротивната страна од улицата. Според официјалните лица, некои луѓе во близина продолжиле да палат огномети додека жртвите на експлозијата биле носени во болница.

-Работам во брза помош повеќе од 30 години, и ова веројатно е еден од најтешките случаи со кои сум се соочил, имајќи ја предвид големата трагедија, бројот на пациенти и сериозноста на повредите, д-р Џим Ајрленд, директор на Одделот за итна помош на Хонолулу, изјави на брифинг синоќа.

Во Хонолулу е забрането користење на бенгалски светилки, „студени фонтани“ и воздушни огномети, освен со специјална дозвола.

-Гневни сме, разочарани и длабоко жалиме после оваа непотребна загуба на животи и страдање. Ова е трагичен начин да се започне Новата година, изјави Рик Бланџиарди. градоначалник на Хонолулу.

притисни ентер