Дејвид Мекалок (41) ја фатил сопругата како го изневерува со сопствениот брат Џејми, на задното седиште во автомобилот и во налет на бес се фатил за лопата.
Двојката е заедно 25 години и имаат четири возрасни деца, а семејниот дом го делеле со неговата мајка Су.
На денот на инцидентот, Џесинта МекКалок ја однела својата свекрва кај нејзиниот постар син Џејми, а кога го собрале, таа застанала на блискиот паркинг.
Дејвид во еден момент ѝ се јавил на сопругата, но не можел да ја добие, па тргнал да ја бара. Нејзиниот автомобил го нашол на паркинг и го доживеал шокот на својот живот.
На задното седиште ги видел сопругата и сопствениот брат, но тоа не било најбизарниот дел од приказната. Нивната мајка седела на предното седиште, очигледно незагрижена од ситуацијата, пренесува Дејли Мејл.
Во напад на бес, Дејвид ја отвори вратата и почнал да го удира Џејми. Тоа не било доволно, па ја грабнал лопатата од количката и продолжил да го повредува својот брат.
Мајката се обидела да го спречи, но насилно била оттурната. Бесниот Дејвид ја скршил лопата, а потоа почнал да ја удира сопругата со рачката по глава.
Соседите ја слушнале вревата и повикале полиција, па разгневениот сопруг бил уапсен, додека Џејми и мајката биле пренесени во болница.
Уапсениот Дејвид бил крајно исфрустриран и тврдел дека неговиот брат „го заслужил тоа што му се случило“. На надлежните им рекол дека дома има рачно изработено оружје и муниција.
Случајот завршил на суд, кој ја донесе пресудата минатиот петок. Судијката Тамара Јаго ги прифати околностите кои довеле до насилството.
„Нема сомнеж дека тоа што го направивте беше сериозно и дека користењето на лопата можеше да предизвика сериозни повреди. Реагиравте несоодветно, но прифаќам дека тоа беше емотивен одговор на откриените околности“, рече таа.
Дејвид Мекалок е осуден на три години затвор, а последните 18 месеци ќе бидат условно суспендирани, доколку се однесува соодветно.