Градежниот факултет при УКИМ одбележува 75 години од основањето

Со Свечена академија во големата сала на Филхармонија во Скопје вечер Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе одбележи 75 години од своето основање.

Според агендата на свечената академија, поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова.

По повод овој значаен јубилеј, како што информираат од Градежниот факултет, издадена e и монографија во која, покрај основните податоци за развојниот пат и сегашните состојби на Факултетот, се презентирани и најновите научно-истражувачки достигнувања на наставниот кадар.

- Со цел да се поттикне и истакне значењето на меѓународната соработка за остварување повисоки научноистражувачки цели, поканети се истакнати соработници од странство кои во Монографијата ги претставуваат своите актуелни истражувања, дел од нив или даваат преглед на новите светски достигнувања во своите потесни области, се наведува во соопштението.

Научните трудови ќе бидат презентирани на меѓународната конференција насловена како „75 години Градежен факултет – од логаритмар до вештачка интелигенција“ која во рамки на празнувањето ќе се одржи утре (4 октомври) во малата сала на Филхармонија.

Мицкоски жали што Ахмети ја споредил својата партија со гума за спасување

Ахмети се навикнува во  опозиција, и му треба адапатација, ова е одговорот на министерот Таравари на повикот на Ахмети ВЛЕН да излезе од Владата .

Таравари утринава со премиерот Мицкоски го промовираа новиот апарат за магнетна резонанца.

Мицкоски рече дека жали што Ахмети ја ја споредил својата партија со гума за спасување и и порача на Демократската унија за интеграција да се реформира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко фрикасе

Во среда (02.10.2024) во емисијата гостин ни беше Анита Даева

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

250 гр. козервирани печурки

1 главица кромид

2 моркова

1 пиперка

2 - 3 чешниња лук

200 мл. бело вино

2 - 3 лажици кари

малку масло

сув зачин и бибер по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Поведена постапка против претседателот на Црна Гора за кршење на Законот за финансирање

Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК) го информира претседателот Јаков Милатовиќ дека против него е поднесена пријава под сомнение дека го прекршил Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања.

АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.

Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата.

притисни ентер