Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

Началник на Генералштаб на Полска: Земјата ќе биде подготвена за долга и крвава војна

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, изјави дека во текот на следните две до три години, неговата земја ќе ја реформира и ќе ја зајакне својата војска, така што ќе биде подготвена за „крвава и долга војна“.

„Денес сме убедени дека евентуалната војна би била долга и крвава, а мнозинството професионални војници не би издржале до крај. Резервистите ќе бидат главни и тие ќе ја завршат војната. Мораме да го промениме начинот на размислување, така што резервистите бројчано ќе влезат во вооружените сили, ќе бидат опремени како професионални војници и обучени на истите курсеви“, рече генералот Кукула за јавното полско радио.

Полските генерали во реформата на војската се угледуваат на моделот на Финска, каде вооружените сили имаат само 31.500 професионални војници, но во секој момент нивните редови можат да ги пополнат 280.000 добро обучени резервисти.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Армијата за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да брои 150.000.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Војска за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да изнесуваат 150.000.

„Доброволното служење воен рок и територијалната одбрана се покажаа како успех, не затоа што беа генијално замислени, туку затоа што едноставно ги погодивме очекувањата во општеството. Голем дел од нашето општество сака да биде подготвено и да научи професионално да се бори“, рече началникот на Генералштабот.

Полска почна брзо да ја модернизира армијата уште пред рускиот напад на Украина, а продолжува да купува оружје и новата проевропска влада, која се обврза да издвојува четири отсто од БДП годишно за одбрана, што е највисоко во НАТО.

Стравот дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и официјалните лица и опозиција.

Стравувањето дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и власта и опозиција.

„Можете ли да ми гарантирате дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да нападне ниту една земја на НАТО“, го праша полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски новинарот во интервјуто за новиот број на германскиот весник „Билд“.

Тој изјави дека „со оглед на тоа колку пати во историјата Русија ја нападнала Полска“, Полјаците ни сега не би биле изненадени од таков напад , а дека доколку Путин стигне до границите на Полска, ќе го направи истото што го направи Хитлер пред. Втората светска војна со Чешка.

притисни ентер