Ѓоковиќ се расплака, па запеа од радост – грми соблекувалната (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Карлос Алкараз во големото финале на Олимписките игри и со тоа го освои златниот медал, единственото нешто што му недостигаше во кариерата.

Сега едноставно нема што да жали, бидејќи тој навистина е најголемиот досега, објави Телеграф.

Веднаш по крајот на натпреварот беше јасно колку тоа му значи на Новак, додека плачеше, се зави во знаме и втрча во публиката да ги прегрне децата и неговиот тим.

Исто така, Новак веднаш по натпреварот испеа позната песна.

Во соблекувалната грмеше песната на Даница Црногорчевиќ „Весели се српски роде“, а предводник беше Новак Ѓоковиќ.

Како изгледаше сето тоа можете да видите во видеото подолу.

Владата на седница ја усвои есенската потрошувачка кошничка

Владата на денешната седница ја усвои есенската потрошувачка кошничка. 

Кои прехранбени продукти ќе се најдат во неа пред малку на прес конференција соопшти министерот за економија Бесар Дирмуши.

Таму е Елизаебта Дамјановска Спасеновска. Бети кои цени се ограничуваат со усвоената есенска кошничка и од кога ќе почнат да важат?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Арсовски: Добро е што македонската влада е проактивна во Брисел

Што донесе првата посета на премиерот Мицкоски во Брисел, и има ли можност за одложена примена на уставните измени, анализира Петар Арсовски.

Има уште пат за планот на новата влада, но сепак ЕУ ќе ја врати топката во Софија. Теоретски ЕУ ќе се согласи дека не треба да има ултиматуми, но има друга политичка призма во Бугарија, вели Арсовски.

Целиот разговор на Андријана Лазова со Петар Арсовски погледнете го во видеото.

Порака од Брисел: Македонија има можност да се приклучи на Еу, ако ги спроведе обврските

Сега е клучно да се спроведат досегашните обврски, да се почитуваат правнообврзувачките договори и одлучно да се продолжат реформите поврзани со ЕУ – пишува на платформата Х претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел

Сега е клучно да се спроведат досегашните обврски, да се почитуваат правнообврзувачките договори и одлучно да се продолжат реформите поврзани со ЕУ – пишува на платформата Х претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел, по вчерашната средба со македонскиот премиер Мицкоски. Според него, за пофалба е европската ориентација и посветеноста во евроинтеграциите, и затоа треба, како што вели, Македонија да го искористи сегашниот моментум за проширување на унијата.

Но, премиерот Мицкоски и по враќањето од Брисел, повтори дека додека е тој премиер нема намера да прифаќа ултиматуми.. Смета дека доколку ЕУ навистина сака да ги почне преговорите, тоа е можно веднаш, врз основа на копенгашките критериуми..

Мицкоски вели дека во Договорот за добрососедство нема одредба што предвидува промена на Уставот, како што се бара со францускиот предлог и очекува тој да се почитува од Бугарија, како што тоа се бара од Македонија во случајот со Грција.

Посетата на Брисел на премиерот и министрите за надворешни работи и европски прашања Муцунски и Муртезани беше прва од изборот на новата влада, по повод планот за раст на Западен Балкан. Мицкоски заедно со лидерите од земјите од регионот, освен со Мишел, имаа средби и со претседателката на ЕК Фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Вархеји, како и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Јан Копман.

притисни ентер