Ѓоковиќ направи „авион“ од радост по освоениот поен на Ролан Гарос (ВИДЕО)

И покрај многуте тешкотии, Новак Ѓоковиќ ја освои четвртата победа во Париз победувајќи го Франциско Серундола од Аргентина со 3-2. На овој начин Ноле се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ водеше голема битка против Франциско Серундоло во осминафиналето на Ролан Гарос, каде успеа да се врати од речиси безизлезна ситуација, каде заработи и повреда на коленото.

Ноле беше крајно лут и нервозен за време на натпреварот, особено поради самата организација на натпреварот, каде организаторите решија да не го полеваат со вода теренот кој беше крајно лизгав.

Новак предупреди на тоа, но ниту судијата ниту помошникот не го послушаа.

Се испостави дека по едно лизгање го повреди коленото, па наместо рутинска победа, се случи невидена драма.

Но, Ноле одигра неверојатно иако повреден, а во еден момент имаше и спектакуларен поен, кој го освои во 7. гем.

Погледнете и сами како тоа изгледаше:

Јанчев: Светнаа споменикот и бистите на 12 Ваташки младинци во Моклиште

Светнаа споменикот и бистите на 12 Ваташки младинци во месноста Моклиште, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’ одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на м.в ,, 12 Ваташки младинци’’ во месноста Моклиште, нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација.

Се осветлија 12 бисти со 12 рефлектори поставени на земја и споменикот со дополнителни 8 рефлектори исто поставени на земја!

Дел од тендерот за нови нисконапонски инсталации за улично осветлување, со вкупна вредност од 65 милиони денари, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Нова патека во Општина Кавадарци за сите кои уживаат во пешачењето

„Интензивно се работи на новата велосипедско пешачка патека Глишиќ – Марена во должина од 854 метри. Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба Промет.

Кавадарци за сите“, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Тајани: Г7 бара заеднички став за налогот на МКС за апсење на Нетанјаху

Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, изјави дека групата Г7, со која годинава претседава Италија, бара заеднички став за налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Покрај Нетанјаху, пред МКС се обвинети и поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, како и лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри.

-Мора да бидеме обединети за ова прашање, рече Тајани на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

САД, кои се дел од Г7, во првичната реакција ја отфрлија одлуката на МКС. /МИА

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби.

Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласува со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни служби и извршувал задачи за него.

Обвинителите изјавија дека Журавел снимил воз полн со воена опрема и воени авиони во 2023 година, а потоа го испратил видеото до претставник на украинската агенција за безбедност.

Журавел веќе отслужува казна од три и пол години за палење на Куранот пред џамијата што му беше изречена во февруари.

Активистите за човекови права велат дека Журавел е политички затвореник и дека бил претепан додека бил во притвор.

Тој беше претепан од 15-годишниот син на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија. Кадиров дури објави видео на социјалните мрежи и го пофали својот син, што предизвика гнев во јавноста.

Бројот на судења за предавство и шпионажа нагло се зголеми во Русија откако претседателот Владимир Путин влезе во војна со Украина во февруари 2022 година.

Правната дефиниција за предавство е проширена за да го вклучи обезбедувањето на нејасно дефинирана „помош“ за странски земји или организации, што ефективно го изложува на кривично гонење секој што е во контакт со странци. /МИА

притисни ентер