Ѓоковиќ: Моментално не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра

- Од двете по малку. Не сум баш во идеална состојба, тоа влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – здравствени, технички, играчки. 

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ имаше тешки први две кола на Австралија опен, загуби по сет од Дино Прижмиќ и Алексеј Попирин во навистина големи битки, а на прашањето дали причината е болеста или зглобот, тој имаше подготвен одговор.

- Од двете по малку. Не сум баш во идеална состојба, тоа влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – здравствени, технички, играчки. Така е сега, и далеку од тоа да се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам. Ги прифаќам и се трудам да го извлечам најдоброто од мене. Апсолутно можев да играм подобро, во моментов не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра - барем овде на Австралија опен, изјави Ѓоковиќ.

Во 1/16финалето од Грен слемот во Малбурн, Ѓоковиќ кој е прв носител на турнирот, ќе се соочи со Томас Мартин Ечевери од Аргентина.

Во Велес отворена самостојна изложба на Александра Гиноска

Гиноска појаснува дека оваа изложба е борба на внатрешните прекршувања до крајот на целта.

Во Ликовниот салон во Велес Народниот музеј синоќа ја организира самостојната изложба на академскиот уметик Александра Богоеска Гиноска од Прилеп која за првпат се претставува пред велешката публика со изложбата „Интервалите во мене“ која е нејзина најнова изложба со 14 дела акрил на платно поголеми и помали формати создадени во оваа 2024 година,а која за првпат ја презентира на јавноста во земјава.

Во информацијата за МИА, уметникот Александра Гиноска појаснува дека оваа изложба е борба на внатрешните прекршувања до крајот на целта.

-Темата е интервалите во мене,тука се работи за еден процес-долготрајно истражување на дијалог меѓу две димензии како што се времето и просторот и се онаа што се случува измеѓу.Односно животот на луѓето, како се конектираат, како ја црпат енергијата,како се развиваат,сето тоа е претставено во еден ликовен израз преку колоритот,текстурата,динамиката,хармонијата и.т.н,Сето тоа води нишка и со самата природа, појаснува Гиноска.

Додава дека нејзините дела се спознавањето на себе си,емотивниот развој на човекот,како правилно да ги користиме ресурсите и како правилно да се развиваме за да имаме подобар и поугоден живот, со мир и убави работи.

Промоторката на изложбата професорката и писател Нада Алексоска пред присутните потенцира дека во нејзините дела има раскошни бои.

-Нејзините дела рефлектираат бурни внатрешни емотивни слики и кулминациски состојби кај поединецот.Со примената на разни контрасти на многубројни ликовни елементи,авторката манифестира разиграни динамични дела-дијалози односно според неа во сликите меѓу чистите површини има одреден акцент на динамиката и тоа е интервал кој го доживуваме во просторот и времето,појасни Алексоска.

Инаку изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Авторката Александра Богоеска Гиноска која дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот вајарство –конзервација и реставрација досега учествувала на бројни групни и самостојни изложби, сликарски и вајарски во земјава и странство.

Фото: Ким Кардашијан во секси долна облека и бројаница со крст

Скимс брендот Ким Кардашијан (Кардашијан) неодамна започна соработка со Долче и Габана за да лансира нова заедничка колекција.

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан која воедно е и една од сосптвеничките на брендот заедно со сестрата Кортни станаа заштитно лице на кампањата, со цел да се привлече големо внимание во јавноста.

Сепак, судејќи по фотографиите кои Ким ги објави на Инстаграм, мислењата на следбениците се поделени.

Имено, американската старлета позира исклучиво во бела долна облека од колекцијата D&G x SKIMS, а на вратот носи бројаница со крст, што предизвика остри реакции кај дел од нејзините следбеници.

-Бројаница и долна облека? Тоа е лудост“, напишала една личност. „Ништо околу тебе не е свето, симни ја бројаницата“, додаде друг, додека третиот накратко искоментира: „Срамота“.

Од друга страна, многумина го изразија своето воодушевување и поддршка и ја опсипија Ким со позитивни коментари. „Ти си убава“, „Секси си“, „Леле“, „Совршена“, „Легенда“, „Одлични фотографии“, „Кралица“.

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

-Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања.  Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, рече Митева.

Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката за проширување Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.

-Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања. Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, рече Митева.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има дефинирани „црвени линии” во процесот на уставните измени и дека нема да отстапи од нив, ни да се подложи на „понижување“ и уништување на својот идентитет.

Прашана дали не смета дека е своевиден пристисок врз судството и обвинителството вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека робусно ќе им влезе на обвинителите и на судиите, кои се дел од судската власт, која е одделна од извршна власт, односно дали се враќа повторно партизираното судство, порпаролката на Владата кажа дека не се согласува со таквата оценка.

– Кој го кажува овој став дека е притисок, јас не можам да се согласам со тоа. Многу ми е драго што имате од спротивната страна правник со којшто разговарате, така што можеме да ги вкрстиме правните аргументи и да ви кажам дека тоа е ваш личен став и не станува збор за притисок. Многу ми е жал што не можете можеби да видите дека кога имате два проценти доверба во правосудството во целина кога граѓаните ви велат дека правосудството е навистина девастирано, партизирано да се согласите дека станува збор за притисок кога некој сака да ги промени работите. Жалам што имате такво размислување, рече Митева.

[At a session on November 26, the Government established the criteria under which companies will receive funds from the EUR 250 million Hungarian loan, Government Spokesperson Marija Miteva sa]

На новинарско прашање како жена како се чувствува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да толерира обвинителки кои имаат добиено кога треба да апсат“, Митева уверува дека познавајќи го начинот на комуникација на премиерот тој во ниедна состојба немал намера да навреди.

– Јас можам да кажам дека во рамки на она што се случува во Судскиот совет и во правосудството во целина можеме да видиме дека состојбите коишто ги има таму и коишто треба да се случуваат во рамки на поднесени кривични постапки се случуваат состојби коишто навистина се несвојствени. Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот можам да ви кажам дека во ниедна состојба немал намера за навреда по однос на ликот и делото на која било жена што се занимава со општествена работа или, пак, е дел од политиката или жена во целост, вели Митева.

Таа одговори потврдно дека Владата ќе му помогне на ЈСП-Скопје доколку остане повторно без нафта.

– Во многу наврати зборувавме за состојбите коишто се случуваат во градот Скопје и за менаџментот којшто таму не успева да ги менаџира работите. Ќе ве потсетам дека многу време пред да се случи состојбата со ЈСП имавме состанок со градоначалничката која што тогаш велеше дека е одлична и дека ќе се справи со ситуацијата дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада дека по завршување на набавката, која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме, рече Митева.

притисни ентер