Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

-Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања.  Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, рече Митева.

Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката за проширување Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.

-Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања. Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, рече Митева.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има дефинирани „црвени линии” во процесот на уставните измени и дека нема да отстапи од нив, ни да се подложи на „понижување“ и уништување на својот идентитет.

Прашана дали не смета дека е своевиден пристисок врз судството и обвинителството вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека робусно ќе им влезе на обвинителите и на судиите, кои се дел од судската власт, која е одделна од извршна власт, односно дали се враќа повторно партизираното судство, порпаролката на Владата кажа дека не се согласува со таквата оценка.

– Кој го кажува овој став дека е притисок, јас не можам да се согласам со тоа. Многу ми е драго што имате од спротивната страна правник со којшто разговарате, така што можеме да ги вкрстиме правните аргументи и да ви кажам дека тоа е ваш личен став и не станува збор за притисок. Многу ми е жал што не можете можеби да видите дека кога имате два проценти доверба во правосудството во целина кога граѓаните ви велат дека правосудството е навистина девастирано, партизирано да се согласите дека станува збор за притисок кога некој сака да ги промени работите. Жалам што имате такво размислување, рече Митева.

[At a session on November 26, the Government established the criteria under which companies will receive funds from the EUR 250 million Hungarian loan, Government Spokesperson Marija Miteva sa]

На новинарско прашање како жена како се чувствува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да толерира обвинителки кои имаат добиено кога треба да апсат“, Митева уверува дека познавајќи го начинот на комуникација на премиерот тој во ниедна состојба немал намера да навреди.

– Јас можам да кажам дека во рамки на она што се случува во Судскиот совет и во правосудството во целина можеме да видиме дека состојбите коишто ги има таму и коишто треба да се случуваат во рамки на поднесени кривични постапки се случуваат состојби коишто навистина се несвојствени. Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот можам да ви кажам дека во ниедна состојба немал намера за навреда по однос на ликот и делото на која било жена што се занимава со општествена работа или, пак, е дел од политиката или жена во целост, вели Митева.

Таа одговори потврдно дека Владата ќе му помогне на ЈСП-Скопје доколку остане повторно без нафта.

– Во многу наврати зборувавме за состојбите коишто се случуваат во градот Скопје и за менаџментот којшто таму не успева да ги менаџира работите. Ќе ве потсетам дека многу време пред да се случи состојбата со ЈСП имавме состанок со градоначалничката која што тогаш велеше дека е одлична и дека ќе се справи со ситуацијата дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада дека по завршување на набавката, која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме, рече Митева.

ДОМ: Здравјето на граѓаните во заложништво на политички игри

Додека  надлежните се препукуваат и се саботираат околу набавката на еколошки автобуси колапс доживува единствено здравјето на граѓаните од загадениот амбиентален воздух.

ДОМ ги повикува советниците на град Скопје да се одважат и гласаат за набавка на нови еколошки автобуси само и само во интерес на здравјето на граѓаните на Скопје.

Демократска обнова на Македонија

Анкета: Ако сега се одржат избори 16 % од избирачите би гласале за Зеленски, а 27 % за Залужни

Само 16 отсто од избирачите би го поддржале украинскиот лидер Володимир Зеленски доколку изборите се одржат во овој момент, покажа анкета што ја споведе Социолошка асоцијација на Украина, објави украинскиот портал Зеркало Недели.

Според резултатите, поранешниот висок украински генерал Валериј Залужни е многу попопуларен од Зеленски, а 27 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за него. Залужни, кој во февруари беше разрешен од должноста шеф на вооружените сили, стана амбасадор во Киев во Лондон.

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој загуби од Зеленски на изборите во 2019 година, би добил 7 отсто доколку гласањето би се одржало сега, а следен е шефот на военото разузнавање Кирил Буданов со 6 отсто.

Петнаесет отсто од испитаниците се изјасниле дека не знаат за кого би гласале, додека 10 отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Зеленски е на власт во Украина и покрај тоа што неговиот мандат официјално истече во мај. Тој претходно се откажа од претседателските избори, повикувајќи се на вонредната состојба што ја воведе за време на конфликтот со Русија.

Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 мил. евра месечно

Операцијата беше координирана од Европол и Еуроџаст, со учество на над 270 полицајци. Во Италија беа извршени 89 претреси, а дополнителни 14 во други земји, вклучувајќи Англија, Шведска и Хрватска, каде беа уапсени 11 лица.

Алијансата за борба против аудиовизуелното пиратство (AAPA) соработуваше со обвинителствата во Катанија и Хрватска, како и со полицијата во Италија, Швајцарија, Шведска и други земји, за да ја разбие најголемата криминална мрежа за пиратски содржини со над 22 милиони корисници и месечен приход од 250 милиони евра.

Операцијата беше координирана од Европол и Еуроџаст, со учество на над 270 полицајци. Во Италија беа извршени 89 претреси, а дополнителни 14 во други земји, вклучувајќи Англија, Шведска и Хрватска, каде беа уапсени 11 лица.

Запленети се 1,65 милиони евра во криптовалути и 40.000 евра во готовина. Според AAPA, годишниот приход на мрежата се проценува на околу три милијарди евра.

„Овој успех ја покажува нашата посветеност во борбата против пиратеријата,“ изјави Марк Малреди, копретседател на AAPA.

Операцијата беше поддржана од членки на AAPA како Premier League, Sky Group, beIN Sports, United Media и други.

притисни ентер