Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна.
-Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која за жал ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврат во целата претстава, а жената е избеглица од Босна, кои живеат во Виена, вели Ристовски.
Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме.
-Оваа претстава треба да не инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување према заедницата околу нас и дали ги приметуваме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас, рече Ристовски.
Актерите од штипскиот Народен Театар велат дека станува збор за претстава која треба да се види, доживее, а ја носи пораката дека во ова време на социјални мрежи членовите на едно семејство треба да разговараат и да се сакаат. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна дека ова е последната реализирана претстава за оваа година која е финансирана од Програмата на Министерството за култура и туризам. Но, најави дека во декември во нивна продукција ќе имаат уште две нови премиери, од кои едната е детска претстава.
Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска.