Германската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија

Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА.

Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени.

Информацијата дојде откако 50-годишен маж со својот автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар во градот Магдебург во петокот навечер. Пет лица загинаа, а 200 се повредени. Меѓу загинатите има и девет-годишно дете. /МИА

Герасимовски: Предновогодишен концерт на Нокаут и DJ Александар Јорданов, во петок на Боемска

Општина Центар информира дека во петок, 27 декември организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

Предновогодишната забава ќе почне во 20:00 часот, на локација „Боемска 1“.

Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов, по што ќе следат единствените „Нокаут“.

„Качете се на временската машина на „Нокаут“ и запејте ги „Фатална опсесија“, „Лебедот бел“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на Боемска. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, Ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.

Во среда, 25 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада, кадешто граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.

Со почит,

Општина Центар

Ердоган повторно повика на нов устав

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повика на усвојување на нов устав, јавуваат турските медиуми.

Тој ги повика особено опозициските партии да го поддржат предлогот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) за нов устав.

-Иако опозицијата не ги слуша нашите искрени повици, ни треба демократски, инклузивен и либерален устав направен од граѓаните, рече Ердоган викендот.

Тој ги отфрли обвинувањата дека иницијативата е диктирана од политички мотиви.

-Новиот устав не е луксуз за Турција, туку неопходност што е одамна задоцнета, рече Ердоган, цитиран од Хуриет.

Ердоган и АКП долго време го критикуваа постоечкиот устав, главно поради тоа што беше изготвен по воениот удар во 1980 година.

-Патот до усвојување на новиот устав е комплициран, бидејќи АКП го нема потребното парламентарно мнозинство за да го протурка предлогот. За да се организира референдум по ова прашање потребна е поддршка од повеќе од 30 пратеници од опозицијата.

Претседателот на парламентот Нуман Куртулмуш од почетокот на мај разговара со претставници на опозицијата за новиот предлог за устав./МИА

Возачите во Формула 1 го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) е беше прогласен за најдобар во 2024 година во изборот на неговите колеги.

На второто место се најде Ландо Норис (Мекларен), додека трет е Шарл Леклер (Ферари).

Топ 10 ги вклучува истите спортисти како и во поредокот на крајот на сезоната, но редоследот е малку поинаков. Така Луис Хамилтон, кој го напушти Мерцедес, стана само десетти, а лидерот на Алпин, Пјер Гасли, се искачи на седмото место.

Осум возачи го ставија Верстапен на првото место, сите останати го ставија во топ 4.

Во гласањето учествуваа 17 пилоти - сите кои се натпреваруваа во 2024 година, освен Верстапен, Хамилтон, Серхио Перез, Џек Духан, Даниел Рикиардо, Оливер Берман и Логан Сарџент. Тркачите можеа да гласаат за себе, но, како што забележува веб-страницата на Ф1, многумина не се вклучија во првите 10. Повеќето од пилотите не се ставија на прво место./МИА

притисни ентер