Германија, Италија и Британија итно ги извлекуваат своите граѓани од Либан: Заминете веднаш

Европските земји ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Либан поради копнената офанзива што денеска ја започна Израел, пишува европскиот Политико.

Холандскиот амбасадор во Либан, Френк Молен, најави дека Холандија се уште нема да организира лет за евакуација, но ги советува граѓаните „да одат додека можат“.

„Летовите за евакуација се навистина последна опција, тоа ќе го направиме само ако навистина не можеме да направиме ништо друго“, изјави тој за Политико.

Германија, Италија и Англија организираа летови од Бејрут и апелираа до граѓаните што поскоро да го напуштат Либан.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ги повика вчера вечерта сите италијански граѓани да го напуштат Либан користејќи комерцијални летови од Бејрут до Милано или Рим, пишува Politico.

Петрушевски: Исполнети многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотиите наследени од СДС и ДУИ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој што истакна дека владата има успешен старт во првите 100 дена .

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој што истакна дека владата има успешен старт во првите 100 дена и исполни многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотии кои ги наследи од минатата власт СДС и ДУИ и празна државна каса.

„Да им честитам на сите 330 илјади пензионери кои што денес на своите трансакциски сметки ги добија своите 2,500 денари зголемување, 2,500 денари ќе бидат додадени и во мартовската пензија. Во нашата програма по која што функционираме и на која што сме ги добиле изборите и довербата од граѓаните на страна 146 детално пишува за зголемувањето на пензиите 5000 денари во првата година од мандатот. Ние ова го направивме за помалку веќе за 9 месец ако земеме дека во март следната го дина линеарно ќе бидат зголемени пензиите за 2500 денари“ истакна Петрушевски и додаде:

„Исто така мора да имаме во предвид дека ние не наследивме држава која што успешно ја раководеле буџет кој што бил ликвиден, процеси кои што биле адекватни вклучително и во меѓународните односи па за сега да зборуваме за некакво уназадување на тие процеси. Напротив наследивме изолирана држава затворена држава затоа што од самиот старт како го прифатија францускиот предлог им укажавме и зборувавме со години дека вака на ваков начин не водат во ќорсокак во делот на интеграциските процесии„ нагласи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека минатата власт на СДС и ДУИ ја оставиле државната каса празна и заборавиле многу категории на граѓани.

„Наследивме буџет комплетно потрошен, неисплатени плати на многу јавни претпријатија, мораме во 21 век да зборуваме за неисплатени плати но замислете 4-5 месеци луѓе не земаа плати, најдовме средства за нив, наследивме буџет каде немаше К-15 иако е обврска на државата. Вакви дупки во буџетот може да набројуваме многу еве ќе ги споменам спортистите кои што беа заборавени, беа укинати ваучерите немаше средства во буџетот за поддршка за околу 10 милиони на спортистите така што од таа стартна точка имавме успешни 100 дена влада“ потенцираше Петрушевски.

Израелски функционер по ракетниот напад: Иран ќе плати висока цена (ВИДЕО)

Откако конфликтот на Блискиот Исток доби уште пострашни размери, бидејќи Иран истрела проектили кон Израел, израелски функционер испрати сериозна порака, пишува haaretz.com.

Тој зборуваше по ракетниот напад и рече: „Иран ќе плати висока цена“.

Првата снимка од експлозии кои одекнуваат над Тел Авив се појавија на социјалните мрежи додека израелската противвоздушна одбрана пресретна над 200 ирански балистички ракети.

На снимката се гледаат и фрагменти или делови од ракети кои паѓаат врз градот.

Засега нема извештаи од Израел за повредени или материјална штета.

Речиси 200 проектили се лансирани кон Израел од Иран

Речиси 200 проектили се истрелани од Иран кон Израел, јавува Армиското радио.

Сирените се активираа низ целата земја бидејќи се лансирани проектили-пресретнувачи за да ги соборат, објави Скај Њуз.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение пред неколку минути рекоа дека нападот продолжува и побарале од цивилите „да останат во заштитен простор до понатамошно известување“.

Во меѓувреме, израелското армиско радио исто така известува дека полетувањата и слетувањата се суспендирани на главниот меѓународен аеродром Бен Гурион.

Привремено е затворен и воздушниот простор на соседниот Јордан, јавуваат државните медиуми.

притисни ентер