Герасимовски: Во соработка со МВР расчистена е депонија во Буњаковец

Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец

По налог на Општина Центар, расчистен е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен отпад, е исчистена и оградена со лимени табли за да се спречи повторно влегување на овие лица. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Жителите му се пожалија дека стравуваат за личната безбедност, но и за своето здравје поради ситуацијата во соседниот објект, кој е потенцијален извор на зарази.

„Инспекторите на Општина Центар и полицијата денеска одлично си ја завршија работата и мислам дека веќе нема место за загриженост. На сопствениците им наложивме да си го средат и исчистат објектот, а ние го расчистивме околниот јавен простор. Сопственикот го загради и влезот на куќата со цел да нема нови упади“, истакна Герасимовски во разговор со граѓаните.

Градоначалникот посочи дека ваквите пропаднати и напуштени куќи, во кои се собираат бездомници и се прават мини депонии не се само грда слика во центарот на градот, туку претставуваат и вистинска опасност за сите жители во околината.

Затоа ги замолуваме сопствениците да бидат совесни, а соседите навремено да пријавуваат за да можеме да реагираме“, порача Герасимовски.

Општина Центар

Арсовски: Добро е што македонската влада е проактивна во Брисел

Што донесе првата посета на премиерот Мицкоски во Брисел, и има ли можност за одложена примена на уставните измени, анализира Петар Арсовски.

Има уште пат за планот на новата влада, но сепак ЕУ ќе ја врати топката во Софија. Теоретски ЕУ ќе се согласи дека не треба да има ултиматуми, но има друга политичка призма во Бугарија, вели Арсовски.

Целиот разговор на Андријана Лазова со Петар Арсовски погледнете го во видеото.

Порака од Брисел: Македонија има можност да се приклучи на Еу, ако ги спроведе обврските

Сега е клучно да се спроведат досегашните обврски, да се почитуваат правнообврзувачките договори и одлучно да се продолжат реформите поврзани со ЕУ – пишува на платформата Х претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел

Сега е клучно да се спроведат досегашните обврски, да се почитуваат правнообврзувачките договори и одлучно да се продолжат реформите поврзани со ЕУ – пишува на платформата Х претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел, по вчерашната средба со македонскиот премиер Мицкоски. Според него, за пофалба е европската ориентација и посветеноста во евроинтеграциите, и затоа треба, како што вели, Македонија да го искористи сегашниот моментум за проширување на унијата.

Но, премиерот Мицкоски и по враќањето од Брисел, повтори дека додека е тој премиер нема намера да прифаќа ултиматуми.. Смета дека доколку ЕУ навистина сака да ги почне преговорите, тоа е можно веднаш, врз основа на копенгашките критериуми..

Мицкоски вели дека во Договорот за добрососедство нема одредба што предвидува промена на Уставот, како што се бара со францускиот предлог и очекува тој да се почитува од Бугарија, како што тоа се бара од Македонија во случајот со Грција.

Посетата на Брисел на премиерот и министрите за надворешни работи и европски прашања Муцунски и Муртезани беше прва од изборот на новата влада, по повод планот за раст на Западен Балкан. Мицкоски заедно со лидерите од земјите од регионот, освен со Мишел, имаа средби и со претседателката на ЕК Фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Вархеји, како и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Јан Копман.

Статуваше судењето за убиството на Вања и Панче–сите обвинети се изјаснија за невини

Десет месеци по двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски обвинетите за прв пат се соочија во судница. 

Од притворското одделение во Шутка во скопскиот Кривичен суд беше спроведен првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо како и останатите обвинети Велибор Манев кој со рацете го криеше лицето од медиумите, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Имаат по две кривични дела – грабнување и убиство на свиреп начин. Во судницата беше и татакото на Вања, Александа, обвинет дека помогнал во киднапирањето на неговата ќерка.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска во воведните зборови тврдеше дека располага со докази против сите обвинети за настанот за кој рече дека се уште длабоко ја вознемирува јавноста. Го опиша денот на грабнувањето на Вања на 27 ноември лани од влезот на зградата и внесување во цитроенот кој претходно на 24 ноември го одзеле од Панче откако го убиле.

-Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Обвинетиот Љупчо Палевски со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле,- -Жаклина Крстевска Јосифоска – Обвинител ОЈО Скопје.

По обвинителката, воведен збор имаа обвинетите - сите негираа вина.. Љупчо Палевски Палчо пред судот рече дека ова е политички монтиран процес и дека тој воопшто не се познава со таткото на Вања.

-Александар е наместен од полицијата дека има врска помеѓу нас. Јас овој човек не го познавам, ниту Обвинителството има докази за тоа. Целиот процес е монтиран. Никој нема обид да бара пари од мајката на Вања ниту пак имало некаков контакт. Обвинението е чисто промашување, уверуваше Љупчо Палевски Палчо - Обвинет.

таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, рече дека чувствува болка што не може да се опише со зборови и единствено од судењето очекува да се дознае вистината со имиња и преземиња.. Неговиот адвокат тврдеше дека Александар е жртва и оштетен.

-Секој родител на кој би му се случило ова, би го презел апсолутно истото што го презел и тој, односно би одел во насока да води своја самостојна истрага. Сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката,- изјави – Владимир Туфекџиќ – Адвокат.

На самиот старт од судењето обвинителството побара исклучување на јавноста од главната расправа за случајот поради траумите кои нејзината мајка и сестра ги доживеале, но судот го одби барањето. Судијата Ивица Стефановски следните пет рочишта ги закажа во октомври, а на првото следно рочиште на 7 октомври ќе се испрашуваат сведоци на обвинителството.. прва на листата е мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која денеска не беше присутна во судницата.

притисни ентер