Арсовски: Добро е што македонската влада е проактивна во Брисел

Што донесе првата посета на премиерот Мицкоски во Брисел, и има ли можност за одложена примена на уставните измени, анализира Петар Арсовски.

Има уште пат за планот на новата влада, но сепак ЕУ ќе ја врати топката во Софија. Теоретски ЕУ ќе се согласи дека не треба да има ултиматуми, но има друга политичка призма во Бугарија, вели Арсовски.

Целиот разговор на Андријана Лазова со Петар Арсовски погледнете го во видеото.

Љутков - Вречко: Македонија и Словенија имаат одлични билатерални односи

Македонија и Словенија имаат одлични билатерални односи со акцент на економијата и културата

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во рамките на работната посета на Република Словенија денеска оствариЛ билатерална средба со министерката за култура Аста Вречко, во Љубљана. На средбата министрите се согласиле дека меѓу двете држави има одлични билатерални односи во сите општествени сфери, со акцент на економијата и културата.

Како што информираат од Министерството за култура, Љутков и Вречко го отвориле прашањето за културно-информативни центри во двете држави. Министерот Љутков ја информирал својата колешка за позитивните искуства што нашата држава ги има со културно-информативните центри во другите држави и потенцирал дека отворањето центар во Словенија ќе биде од стратешко значење за промоција на македонската историја, култура и туризам.

На денешната средба, министерот Љутков иницирал потпишување на нова програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства.

Министерството за култура и туризам најави дека во наредниот период ќе изготви нацрт-текст на програма кој ќе биде формално-правна рамка преку која ќе се развиваат културните врски меѓу двете држави. На средбата станало збор и за унапредување на односите во областа на туризмот и придобивките што македонската страна може да ги има со споделените искуства со Словенија во оваа област.

Салиу се сретна со германската амбасадорка Дрекслер

Во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите.

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030 Шабан Салиу денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

На средбата, како што информира Кабинетот на министерот Салиу, германската амбасадорка Дрекслер ја изрази својата загриженост и подготвеност за соработка во насока на подобрување на општата состојба на Ромите, со акцент на домувањето и проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родените.

- Амбасадорката беше запознаена со ингеренциите на Кабинетот и фактичката состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Дискутиравме и за заклучоците од Министеркиот состанок за ромската интеграција 2024, што се одржа во Берлин во организација на германската влада, се наведува во соопштението.

Израелската армија изврши воздушен напад врз предградие на Бејрут

Израелската војска соопшти дека денеска извршила „наменски напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори за британски медиуми изјавиле дека биле погодени јужните предградија на Бејрут.

„ИДФ изврши наменски напад во Бејрут. Засега нема промени во одбранбените директиви на Командата за домашниот фронт“, соопшти израелската војска, без да даде повеќе детали.

Британските медиуми јавуваат дека густ облак од чад може да се забележи над Бејрут, а жителите пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Според извештаите на либанските медиуми, нападот се случил во предградието Дахија, за кое Израел тврди дека е упориште на милитантната група Хезболах, пишува „Тајмс оф Изрзел“.

Претходно денеска, Хезболах лансираше 150 ракети во правец на северен Израел, објавувајќи дека со ракети Каќуша гаѓал повеќе воени локации долж границата, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штаб на израелска оклопна бригада, за која тврдеше дека е првата погодена цел.

Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан./МИА

притисни ентер