Аргентинецот ги напушти во 2021 година за да се пресели во ПСЖ, а моментално е фудбалер на американскиот Интер Мајами.
-Моите деца се Каталонци и речиси цел живот го поминав таму. Вистината е дека се чувствувам како жител на Барселона и би сакал некогаш да се вратам овде. Бидејќи на мене, на моите деца и на мојата сопруга ни недостасува Барселона. Направивме многу спомени таму, изјави Меси за каталонското радио „Кат3“.
На 29 ноември, Барселона слави 125 години од создавањето на клубот и според шпанските медиуми, претседателот на Каталонците - Жоан Лапорта, го поканил Меси на прославата. Се вели дека 8-кратниот освојувач на „Златната топка“ се согласил да присуствува.