Функционер на Хамас најави договор за ослободување на заложниците во „наредните часови“

 Високиот функционер на Хамас Изат Ришeк денеска изјави дека може да се постигне договор во „следните часови“ врз основа на кој палестинската организација ќе ги ослободи заложниците, а Израел палестински затвореници.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, кој живее во егзил, претходно изјави дека постигнувањето договор е блиску, но слични предвидувања во изминатите недели се покажаа како прерани, потсетуваат светските агенции.

Израел, САД и Катар со недели посредуваат за ослободување на заложниците и паралелен прекин на огнот во Газа и испорака на повеќе хуманитарна помош.

Досега Хамас ослободи четири жени, а Израел две. Телата на две Израелки неодамна беа пронајдени во близина на болницата Ал Шифа на северот од Појасот Газа.

- Нема да престанеме да се бориме додека не ги вратиме заложниците дома, не го уништиме Хамас и не обезбедиме повеќе да нема закана од Газа, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со претставниците на семејствата на заложниците.

Исламската екстремистичка организација Хамас и нејзините сојузници зедоа околу 240 заложници во Појасот Газа за време на нападите на 7 октомври во северен Израел, во кои исто така загинаа повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили.

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир утрово објави изјава во која предупредува за евентуалниот договор за заложниците.

- Многу сум загрижен затоа што се зборува за некаков договор … не ни откриваат детали и не ни ја кажуваат вистината. Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како договорот за со Шалит, се вели во изјавата.

Тој изрази загриженост дека „договорот што може да донесе катастрофа“, наведувајќи го „можното ослободување на палестинските затвореници“, како и дозвола за внес на гориво во Појасот.

Во јуни 2006 година, милитантите на Хамас го киднапирале израелскиот војник Гилад Шалит. Тој бил заложник на Хамас до 18 октомври 2011 година, кога бил разменет за 1.027 палестински затвореници.

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

притисни ентер