Фудбалер на мексикански Чивас фрли петарда на прес – конференција, новинарите револтирани

Револт меѓу мексиканските новинари предизвика постапката на фудбалерот на Чивас, Роберто Алварадо (26), кој фрли петарда на клупската прес-конференција, оценувајќи го неговиот потег како несоодветен и во знак на протест ја напуштија просторијата.

Алварадо наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во прес-салата. Сепак, петардата го погоди еден од камерманите во ногата.

„Неверојатно е тоа што се случи. За речиси 15 години колку што известувам за тимот, ова никогаш не се случило. Не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на социјалната мрежа Икс.

Случајот брзо стана вирален на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за својата постапка и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку да се пошегува со соиграчите.

ВМРО-ДПМНЕ ќе гради став околку повикот на Филипче за затворена собраниска седница за ЕУ

Премиерот Мицкоски не го отфрла ад хок барањето на лидерот на СДСМ Филипче, за да се свика собраниска седница на која власта ќе ги презентира понатамошните чекори за евроинтегративниот процес на земјава. 

Во краток одговор денеска од Криволак, Мицкоски кажа дека прво ќе го анализирале предлогот на Филипче, па ќе донеселе одлука дали ќе ги вкрстат аргументите со опозицијата во законодавниот дом.

-Мора Венко Филипче и нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред еве ќе го анализираме предлогот на г-динот Филипче и брзо од денеска ќе дадеме одговор на овој предлог, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ во телевизиско интервју синоќа го повика премиерот да свика затворена седница доколку има, како што рече сензитивни информации околу преговорите со ЕУ. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ и целото владејачко мнозинство имаат обврска пред јавноста да го кажат планот како понатаму по европскиот пат. Доколку не го направат тоа, Филипче најавија дека пратениците од СДСМ ќе иницираат таква седница.

-Не е ултиматум, туку тоа е јасен став на целата ЕУ и не е билатерално прашање. Треба Владата јасно да го каже планот како ќе продолжиме. Но, тоа не е екслузивно право на власта. Премиерот кажува дека има земји кои го разбирале неговиот став, наводно давале поддршка, и го повикувам да свикаме собраниска седница. Ако треба да биде и затворена. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и целокупната власт има обврска да каже како по тој пат понатаму. Доколку тие тоа не го направат, таква седница во Собранието ќе иницираме ние од СДСМ, изјави Филипче за ТВ 21.

Силна поддршка за македонските интеграции и стреташките цели на државата уште еднаш изрази и американската амббасадорка во земјава Анџела Агелер која заедно со премиерот Мицкоски и министерот за одбрана Мисајловски присуствуваше на денешната вежба на армискиот полигон „Криволак“. Како што изјави, Македонија нема поголем поддржувач и партнер во остварување на нејзините цели од САД, а тоа според неа, било потенцирано и на средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк.

Ризова: Попладне и вечерва не очекуваат обилни врнежи од дожд

Од УХМР велат дека циклонот кој од Италија се префрли на Балканот ќе ја погоди и Македонија.

Дали обилните врнежи од Босна можат да дојдат и кај нас?

Од УХМР велат дека циклонот кој од Италија се префрли на Балканот ќе ја погоди и Македонија.

Трипуновски: Струмичани пијат неисправна вода, Општината недоволно се справува со хаваријата

Владата се нуди за помош.

Со оваа денешна прес конференција не е за да креваме паника помеѓу граѓаните, туку како Министерство и како Влада сакаме да ставиме акцент и да понудиме помош и поддршка со итно да се реши проблемот во делот на снабдување со вода за пиење во општина Струмица.

Деновиве ова што се случува во општина Струмица е сериозен проблем и претставува еден вид на еколошка катастрофа.

Жителите на општина Струмица се оставени повеќе дена без пивка вода за пиење, со што здравјето на граѓаните е сериозно загрозено.

Во Струмица не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода која што ја поседува општина Струмица да ја прочисти до фаза да биде вода за пиење.

Истата вода која што се снабдува од браната Турија во тој регион. Водата може едноставно да се користи како техничка вода.

Ова што деновиве се случува е резултат на долгогодишното лошо менаџирање од страна на општината Струмица. Лошото менаџирање во последните неколку години во делот на водоснабдувањето е директна причина за ова што денес се случува.

Градоначалникот со неговиот тим требаше многу порано да превенира за да не дојде до оваа ситуација во која што се соочуваат денеска граѓаните на општина Струмица.

Костадинов треба да одговори на своите сограѓани зошто до денес не е воопшто инвестирано во нов и подобрување на систем за филтрација на водата, без ниту еден проект или било каква инвестиција со цел ставање во целост на функција на водоводната мрежа во општина Струмица.

Ако Костадинов ги имал сите информации, зошто досега не свикал Совет или да имал било каква координација, да формира било какво кризно тело, и да побара помош од другите општини или од Владата.

Почитувани,

Додека градоначалникот смогне сили да одговори искрено на струмичани каде отидоа парите и зошто денес се соочуваат со немање на пивка вода, ние како Влада го прашуваме што треба да се направи за да ние како Влада излеземе во пресрет на граѓаните и да се реши оваа ситуација во која што се наоѓаат струмичани.

Затоа што едно од основните човекови права е да се има пристап до пивка вода до секој еден граѓанин во Република Македонија.

Иако Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е надлежно за оваа ситуација, како обврска имаме сите како Влада да помогнеме во оваа ситуација и стоиме на целосно располагање да се реши овој проблем.

Но, по ова Костадинов треба да одговори пред граѓаните и пред законот зошто дозволил да се случи цела оваа ситуација и околу 50.000 жители да останат без пивка вода за пиење.

На крајот од денот надлежните институции треба да покренат и една истрага затоа што првичните информации говорат дека и во минатото пред да се донесе забраната од Агенцијата за храна и ветеринарство за пуштање на вода во системот за пиење во општина Струмица имало зголемено количество на манган и присуство на одредени бактерии во овој систем.

Тоа оставаме институциите да го проверат, ние овојпат се нудиме како Влада да помогнеме се со цел да ги спасиме овие жители кои што ја живеат голготата заради неспособноста на локалната самоуправа, Директорот на Јавното комунално претпријатие и сите оние надлежни локални институции во делот на водоснабдувањето.

притисни ентер