Фридрих Еберт студија: 42,67% од младите од Македонија имаат желба да заминат во странство

Младите и натаму масовно размислуваат да си заминат од земјава. Ова го покажува најновото истражување на фондацијата Фридрих Еберт според кое од сите земји на Југоисточна Европа.

Младите и натаму масовно размислуваат да си заминат од земјава. Ова го покажува најновото истражување на фондацијата Фридрих Еберт според кое од сите земји на Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Македонија, 42,67 % се изјасниле дека имаат желба да заминат во странство. Според резултатите од оваа студија покрај македонската младина која е на врвот на листата, 36,9 % млади од албанија се изјасниле дека сакаат да емигрираат, на трето место се младите од Босна и Херцеговина со нешто над 30%, 27, 8 % млади од Косово и по 25% од младите од Србија и Словенија рекле дека имаат желба да си заминат од земјата.

Како главни причини кои ги навеле испотаниците кои се на возраст до 14 до 29 години ги навеле лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. И повозрасните како причина за се почестото размислување на малдоте да ја напуштат земјава ги посочуваат условте за живот, нефункционирањето на системот за здравство, правда и правичност како и лошата економска состојба

Дека една од главните причини се ниските примања покажува и последната објава на државнито завод за статискика за просечната плата во земјава.

Таа според официјалните бројки иако е во благ раст и достина ниво од 41 097 денари што се 668 евра сепак споредено само со земјите од југоистопчна европа покажува дека земјава е на дното по примањата на работниците. На врвот на оваа листа е Словенија со просечна плата околу 1500 евра.

До нив се приближува Хрватска со плата за работниците од 1300 евра а потоа се Црна Гора со 860 евра, па Србија со 836 евра а пред нас е дури босна каде просечната плата е 710 евра месечно. Според познавачите за да има поголем реален раст на платите потребно е да се работи на слабата продуктивност како и на големата невработеност.

Си Џинпинг ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

притисни ентер