Француската група „Кидам’ со спектаклот „Сонот на Ербер“ во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“

Француската театарска група  со дефиле од музејот на Град Скопје,   преку улицата Македонија и Камениот Мост, се упати кон  плоштадот Карпошово востание каде што вечерва е финалето на претставата.

Францускиот институт во Скопје, во соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, а по повод неговиот 50-ет годишен јубилеј, вечерва го организира гостувањето на познатата француската театарска трупа „Кидам“ која настапува со спектаклот „Сонот на Ербер“.

Француската театарска група со дефиле од музејот на Град Скопје, преку улицата Македонија и Камениот Мост, се упати кон плоштадот Карпошово востание каде што вечерва е финалето на претставата.

Се упокои Митрополитот г.Тимотеј, утре Света Литургија на Плаошник

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија.

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.

Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Дебарско-кичевска епархија

Поезија од младата Милица Пауновска од Неготино промовирана во Данска

Книгата поезија „Нецелосна" од младата  Милица Пауновска од Неготино изминативе неколку дена беше промовирана во Данска, информираа вечерва од нејзиниот тим во Неготино. Притоа потсетија дека е ова прва книга на Пауновска, преведена на данскa

Книгата поезија „Нецелосна" од младата Милица Пауновска од Неготино изминативе неколку дена беше промовирана во Данска, информираа вечерва од нејзиниот тим во Неготино. Притоа потсетија дека е ова прва книга на Пауновска, преведена на дански јазик.

- Вљубеници во пишаниот збор беа на промоцијата на книгата. Тие истовремено можеа да другаруваат со уште еден македонски производ, дегустирајќи квалитетно тиквешко вино. Знаете, да се направи извонредно вино е исто така уметност, подвлекоа од тимот на Пауновска.

Притоа нагласија дека следува промоција на оваа книга и во Германија и Швајцарија, каде исто така ќе се има можност да се дегустираат и македонски вина, нагласувајќи дека младата поетеса е своевиден амбасадор на државата, македонскиот збор и нашите квалитетни вина. /MИА

Физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата во српското собрание

Денешната расправа на пратениците во собранието на Србија наменета за предлог-буџетот за 2025 година прерасна во општ хаос и физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Хаосот во српскиот парламент настана во моментот кога министрите од владата на Србија влегоа во салата.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Потоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт, а седницата извесно време беше прекината.

притисни ентер