Фотографии од принцот Вилијам во воена униформа се проширија на Интернет, фановите воодушевени

Принцот Вилијам, ја посети рамнината на Солсбери во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда.

Вилијам за таа пригода носеше воена униформа.

Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година.

Фотографиите ги воодушевија фановите

Оваа посета на Вилијам ја снимија фотографи. Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ - брада и мустаќи.

„Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика“, „Дами и господа, принцот Вилијам“, „Колку е прекрасен“, се дел од коментарите.

По обуката со војниците, принцот рече дека уживал да лета со дронот, оружје кое нашироко се користи во војната во Украина. Неговата посета значеше многу за војниците.

„Ова е посебно за момците, особено откако извршија многу церемонијални обврски. Исто така, на ваква посета можат да се дружат со него, да му покажат како се прави тоа и мислам дека тоа им значи многу “, изјави командантот на водот.

Извор: Индекс.хр

Доаѓа студен бран, од следните денови пообилни врнежи од дожд и снег

Студен бран доаѓа во Македонија. Почнувајќи од утре попладне па се до понеделник, земјава ќе биде под влијание на влажна маса, проследена со обилни врнежи од дожд, и снег на планините.

Синоптичарите најавуваат и пониски температури во следните неколку дена со минимални 6, а дневните максимални до достигнат 12.

Според прогнозерите, во сабота се можни врнежи од снег и на пониските места низ државава.

Од почетокот на следната недела во земјава ќе има краткотрајно стабилизирање, а од средината на неделата повторно ќе имаме нестабилно време со врнежи.

Инаку, Скопје и денеска е листата на најзагадени градови во светот, а пред нас од регионот е Сараево. Ако ја следиме праксата, во следните денови ќе дишеме почист воздух, затоа што дождот и ветрот се едни од природните прочистувачи на загаден воздух.

Прва официјална посета на евроамбасадорот Михалис Рокас на Општина Битола

Според евроамбасадорот Рокас, ниту еден денар, ниту едно евро нема да биде изгубено за да може да се направи максимум и следните три години да бидат успешни за земјава и градот Битола.

Ние како Европска унија остануваме силно посветени и даваме поддршка на Општина Битола, на градоначалникот, на општинскиот Совет и на граѓаните за да може да ја искористат можноста што доаѓа со планот за раст и развој на ЕУ, како и можностите што се нудат во рамки на реформската агенда усвоена од Владата, истакна шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

Според евроамбасадорот Рокас, ниту еден денар, ниту едно евро нема да биде изгубено за да може да се направи максимум и следните три години да бидат успешни за земјава и градот Битола.

- Прекуграничната соработка е од суштинска важност и затоа треба да се соочиме со сите предизвици. Прекуграничната соработка е во срцето на евроинтегративниот процес и затоа треба да се поттикне и зајакне соработката меѓу двете земји. Битола има можности за развој на туризмот и на тој начин да генерира огромни приходи за сопствен развој. Битола има многу адути и верувам дека следната година сите можности што ги имаме на располагање ќе ги ставиме во функција за да може граѓаните да ги почувствуваат резултатите од тоа, посочи евроамбасадорот Рокас.

За време на приемот во неговиот кабинет, градоначалникот Тони Коњановски побара евроамбасадорот Рокас да помогне во обезбедувањето на град од северниот дел на Грција што ќе соработува со Битола.

- Битола е на самата врата на Европа, на 15 километри од соседна Грција. Пограничната соработка е одлична, а во 2025 и 2026 година очекуваме дополнителна поддршка. Амбасадорот го информирав дека проектот пречистителна станица и колекторски систем конечно ќе го видат светлото на денот бидејќи по трет пат се во фаза на евалуација, но верувам, рече Коњановски, дека в година ќе почнеме со изградба. Побарав од амбасадорот да помогне за поголема соработка со градовите од регионот, од северниот дел на Грција и со негова поддршка да добиеме нов грчки град партнер за соработка, посочи Коњановски.

За време на престојот во Битола, евроамбасадорот Михалис Рокас го посети Офицерски дом каде се наоѓа Европска Куќа на ЕУ, а се сретна и со претставници на општинскиот Совет и на академската заедница во овој град.

Дамева: Ниту е донесена, ниту има основ за носење одлука за продолжување на мандатот

Ниту е донесена, ниту постои основ за носење на одлука за продолжување на мандатот на претседателот на Судскиот совет, вели актуелната претседателка на ова тело Весна Дамева.

Според неа неспорно е дека имало прекин на нејзиниот мандат од осум месеци, што се поклопува со периодот кога беше разрешена во постапка која беше оспорена од домашната и меѓународната јавност. Но, сепак за ова прашање вели дека веќе се дискутирало во рамки на советот.

„ Со оглед дека во два наврати беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, и тоа на 26 април 2023 година и на 04 мај2023 година, сматав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Ставот на Дамева доага по неодамна објавените информации дека на затворена седница имало обид незаконски да и се продолжи мандатот.

Денеска пак на на јавната расправа во битолскиот Апелациски суд за реформите на Судскиот совет заменик министерот за правда Деребан повтори дека, како Влада остануваат отворени за сите сценарија за разрешување на проблемот со ниската доверба во судството и доколку е потребно додава ќе има распуштање на Советите на обвинителите и судиите.Во однос на изјавата на Мицкоски дека ќе следува робусна акција против корупмирани судии и обвинители тој кажа дека сите кои се огрешиле пред аконот многу брзо ќе сносат одговорност

-Ние стоиме на нашето ветување дека ќе се соочиме со оние кои се огрешиле пред законот и за тоа ќе одговараат но тоа е еден сложен процес од кој што ќе треба да започнеме од реформите во правосудсниот сектор за да можеме да ги ослободиме судството и обвинителството од политичкото заложништво во кое се наоѓаат во моментов,- Ален Деребан – Заменик министер за правда .

За промена на целата состојба во судството Деребан вели не е доволна само квалитетна законска рамка, туку и да се почитуваат законите и етичките правила од сите чинители особено од страна на претседателот и членовите на Судскиот совет.

притисни ентер