Фото: Руски полицајки ќе го заведуваат редот на ЕУРО 2016

Припадници на руската полиција итно се испратени во Франција како дополнителна мерка за безбедност пред натпреварот меѓу Русија и Словачка.

Меѓу нив е и една русокоса полицајка која го привлече вниманието на фоторепортерите во Лил.

Кина се подготвува за тајфунот Конгреј

Тајфунот Конгреј ослабе во текот на ноќта и стана тропска бура, а прогнозите покажуваат дека денеска ќе донесе обилни дождови и ветрови во Шангај и другите делови на источниот брег на Кина.

Оваа бура вчера како тајфун мина низ Тајван, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, и оштетување на патишта и домови.

Во Тајван синоќа од последици од тајфунот загинаа две лица, а повеќе од 500 беа повредени, пренесе Ројтерс.

Тајфунот Конгреј попладнево би можел да стигне до провинцијата Жеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар. Поради невремето, провинцијата Жеџијанг и соседниот Фуџијан прекинаа неколку фериботи.

СДСМ: Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција

Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува.

Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ

Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување.

Медиуми во Македонија и во Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински сертификат за Англиски јазик, што е исто така законски услов кој не е исполнет.

За да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и тоа е кривично дело.

Во меѓувреме се редат кривични пријави за лажни сертификати. Се дозна дека две директорки се веќе казнети за лажни сертификати од истото место каде што е сертификатот на Христовски, компанијата Јулија ЦО ЛТД.

Ова се премногу спорни моменти и незаконитости и надлежните институции нема што да чекаат туку треба веднаш да постапуваат, МВР да му поднесе кривична пријава на Христовски а Обвинителството што побрзо да го расчисти целиот случај.

Законот мора да се почитува а професионализмот на АНБ да се заштити.

СДСМ.

Утре дел од Аеродром без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре (сабота), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

- Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, Тодор Александров и Славејко Арсов (општина Аеродром).

притисни ентер