Фудбалерот Стефан Михајловиќ според српските медиуми ја нападнал старлетата Сораја со нож, при што ја расекол по стомакот и вратот.
Наводно Сораја и Стафен во друштво на пријатели се забавувале на сплав, по што во раните утрински часови заминале во вилата ан фудбалерот.
Кога Сораја одлучила да замине од вилата, Стефан Михајловиќ не го дозволил тоа и ја нападнал старлетата.
Нивните пријатели прво помислиле дека Стефан и Сораја се шегуваат но кога фудбалерот го извадил ножот и почнал да мавта со него, работата станала многу сериозна. Сораја се обидела на избега, но Стефан во еден момент наводно ја исекол по стомакот и вратот.
Популарната старлета потоа заминала во Ургентниот центар:
„Точно, завршив на Ургентиот центар, но тој не го стори тоа намерно“, изјави за српските медиуми Сораја по инцидентот. Старлетата до докторите побарала да не ја повикаат полицијата.