Во првиот меч Украинецот по судиска одлука го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па тој појас нема да го добие победникот од оваа борба.
Покрај за престиж во рингот боксерите вечерва ќе се борат ои за милиони евра.
Ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, објави „Индепендент“. Тоа значи дека наградниот фонд е за 40 милиони евра поголем од нивната прва борба. Договорот тогаш беше Фјури да добие повеќе од 95 милиони евра, а остатокот му припадна на Усик.
Усик овој пат ќе добие поголем дел од „колачот“, но на Фјури поважно му е да ја врати почитта и загубените титули.
Усик во мечот влегува со 102,5 килограми, додека Фјури тежи дури 25 килограми. Фјури со 127,5 килограми ќе влезе во оваа борба најтешка досега. Досега неговиот рекорд беше 125 килограми, во борба со Френсис Нгану. Фјури најави такво нешто бидејќи истакна дека на првиот меч, кој Усик го доби, тактиката му била погрешна. Фјури во таа борба влезе со 119 килограми. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.