Фон Дер Лајен на четиридневна турнеја низ западниот Балкан, утре престојува во Скопје

Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен утре на еден ден ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на нејзината  четиридневна туреја низ Западен Балкан.

Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен утре на еден ден ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на нејзината четиридневна туреја низ Западен Балкан, со фокус на евроинтегративниот пат на земјите и планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра. Таа во Скопје ќе се сретне со претседателката на државава Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски со кого ќе има и заедничка прес-конференција. Според дел од аналитичарите Фон Дер Лајен ќе даде поттик за забрзување на реформите, но сепак не очекуваат дека нејзината посета може да го откочи евроинтегративниот процес на земјава, условен со уставните измени.

-Знајќи дека самата ЕК зависи од поддршката на државите членки верувам дека таа не би направила никаков чекор без да ги исконсултира повлијателните држави членки а кога се работи за нас да направи и претходни консултации и со со соседна Бугарија. Сметам дека доколку ЕК суштински сака да покаже дека проширувањето е на нејзината агенда и ќе треба да направи еден порешителен чекор напред и да предложи еден механизам со кој државите членки ќе немаат можност да ги блокираат државите кандидати благодарение на некакви билатерлални прашања,- Васко Наумовски – Поранешен амбасадор.

-Не верувам дека ќе има конкретен предлог оти тие не се даваат ад хок, треба претходно да се работи многу да се искоординира процесот, но веројатно ќе има насоки убедувања во таа насока значи ќе биде една скала погоре од тоа што е моментална позиција и претпостауввам дека во следниот период ако воопшто рационално размислуваме ќе треба да се изнајде решение и за нас како Македонија,- Мерсел Биљали – политички аналитичар.

Според Наумовски, добро е тоа што македонските власти имаат иницијатива за откочување на процесот како што е идејата за уставни измени со одложено дејство, додека Биљали оценува дека ваквиот предлог е политички неповолен и дека треба да се изнајдат други решенија.

-Сметам дека треба да имаме два процеси кои треба да течат паралелно треба да преставуваме наши идеи и решениеја пред европските инстутици и државните членки секако истовремено треба да се обидеме да разговараме со евентуалната нова влада на бугарија з анадминување на билтареалниот проблем.- Васко Наумовски – Поранешен амбасадор.

-Има други методи може многу пофлексибилен начин да се пристапува, ете Бугарија дава изјава или друга инстиуција европска дека нема да бидат такви услови кои ќе ја зкаочат држават анадвр од копенхашките прицнипи, или со некоја изјава со која Бугарија ќе ги прифати пресудаите на ЕСЧП значи има методолгија ако се има политчка волја,- ,- Мерсел Биљали – политички аналитичар.

Агендата на Фон дер Лајен за посета на земјите од Западен Балкан почнува денеска во Албанија, утре ќе допатува во Македонија и Босна и Херцеговина, потоа ќе продолжи во Косово, Србија и Црна Гора.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

- Во чест на 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегации од општествениот и политичкиот живот во Берово денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово. 

Во краткиот говор, пред присутните се читаше реферат за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

-Го чествуваме денот кога е формирана Македонската револуционерна организација. Денеска им оддаваме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ и кои и денеска го отсликуваат македонскиот непокор и претставуваат симбол на слободата, беше кажано на денешното одбележување на значајниот датум во Берово.

По повод значајниот датум, срдечни честитки, по повод 23-ти октомври упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за создавање на сопствена, независна држава. нека е за многу години денот, рече Пекевски.

Вардар го елиминира бранителот на куп-трофејот Тиквеш

 Трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување Купот на Македонија ќе добие нов сопственик, откако попладнево Вардар го елиминира Тиквеш.

Резултати на средбите од осминафиналето во најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија:

АП Брера – Беса 2:0

Арсими – Воска Спорт 3:1

Гостивар – Брегалница 1:0

Пелистер – Детонит 1:4 на пенали (1:1)

Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1:0

Силекс – Шкупи 4:3 на пенали (0:0)

Струга – Македонија ЃП 2:0

Вардар – Тиквеш 2:0.

притисни ентер