Министрите за одбрана на Македонија и Турција потпишаа Рамковен договор за воена соработка

Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер, денеска во Истанбул потпишаа Рамковен договор за воена соработка. Како што соопшти Министерството за одбрана, договорот е потпишан во име на владите на двете држави и врз основа на „изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи“.

-Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој, се наведува во соопштението.

Министерот Мисајловски на средбата упатил „голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армија и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО“.

Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски остварил средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговарало за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армијата и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави.

За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација, го посетиле 4. Меѓународен саем за одбрана - SAHA EXPO 2024, каде присуствувале на церемонијалното отворање на саемот.

Министерството информира дека тие оствариле повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

Видео: Куче на врв на пирамида во Гиза

Ја спуштија камерата на врвот на пирамидата и останаа запрепастени од глетката. Никоја не очекуваше на врвот на пирамидата да види куче.

Авантуристот Алекс Ланг летал со својот моторизиран параглајдер околу Големата пирамида во Египет кога видел нешто чудно во далечината.

Заинтригиран, авантуристот дошол поблиску за да погледне подобро, и останал вчудоневиден од тоа што го видел. На врвот видел куче како лае и шета околу врвот на Големата пирамида во Гиза.

„Кучето лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рекол Алекс подоцна.

Видеото на Ланг стана вирално откако беше споделено од Маршал Мошер, авантурист и спортист, и собра речиси 800.000 лајкови на Инстаграм. Гледачите биле импресионирани од глетката и немо го гледале кучето, но откако го погледнале видеото, сите останале со истото прашање: како кучето стигнало до врвот на пирамидата?

Инаку, пирамидата била изградена од 2580 до 2565 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу, а таа е најголемата од трите пирамиди во Гиза. Едно од чудата на античкиот свет, оваа структура ги збунува археолозите со векови и продолжува да привлекува милиони туристи секоја година.

Томовски: Сите државни службени возила во рок од три до шест месеци ќе добијат таблички во боја

Во минатото имало дава обид за злоупотреба на владиниот авион, околу 600 служнбени возила наскоро ќе добијат таблички во боја.

Ова во разговор за Канал 5 го истакна директорот на службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Со него разговараше Ивана Стојановска

Мурињо: Ако на Манчестер С е без титула во Премиер лигата, тогаш Манчестер Ј ќе ми должи бонус

Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата во Премиер лигата, тогаш Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

- Мислам дека се уште имаме шанси да го освоиме шампионатот, бидејќи можеби лигата ќе го казни Манчестер сити и ќе му ги одземе бодовите, а потоа ќе станеме шампиони. Потоа ќе треба да ми платат бонуси и да ми испратат медал, изјави Мурињо за „Sky Sports“.

Тренерот исто така истакна дека си заминал од клубот со добри чувства кон него и му посакува се најдобро.

Во февруари оваа година, Премиер лигата објави дека Манчестер сити е обвинет за погрешни информации за приходите на клубот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18. Дополнително, „граѓаните“ доставија лажни информации за бонуси на играчите и стручниот штаб.

притисни ентер