Филмаџии од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“

Перси вон Лепински претставник на американската компанија за производство и дистрибуција на филм „Infinity Pictures - Hollywood Media Bridges“ со своја канцеларија во „Универсал Студиос“ во Холивуд и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, вечерва по средбата соопштија дека филмаџиите од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“.



Продуцентот Лепински посочи дека за време на дводневната посета на Битола се увериле дека во овој град постојат најдобрите услови за реализација на нивните филмски проекти, бидејќи за тоа има конкретен план и проект.

- Нашата компанија произведува филмови во Романија, но сега сакаме тоа да го правиме во Македонија. Ќе инвестираме со наши пари, а очекуваме и владина поддршка. Македонија е атрактивна за нас, има локации на кои може да се снима во урбана или природна средина кои се погодни за снимање на различни теми. Битола е најпогодна за нашиот бизнис и очекувам наскоро градоначалникот Талески да биде наш гостин во Холивуд каде ќе ги договориме деталите за нашата инвестиција, истакна на прес-конференцијата Лепински.

Општина Битола, согласно урбанистичкиот план во поранешната касарна, на површина од 4 хектари има соодветен простор за изградба на филмско студио, а на располагање се и други 50 хектари слободни површини, потсети градоначалникот Талески.

- Сакаме Битола да биде филмски град, а во тоа ќе ни помогне оскаровецот Лепински кој понуди снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио. Ние сме најподготвената општина во Македонија што може веднаш да пристапи кон изградба на филмско студио, а инвеститорите забележаа дека токму овде има ресурси и други потенцијали за снимање филм. Договоривме конкретна и креативна работа, лобиравме нивната дејност од Романија да се пренесе во Македонија, односно во Битола, во градот кој има јасен концепт за вистински филмски град, посочи Талески.

На прес-конференцијата Талески и Лепински оценија дека со реализацијата на овој проект директно и позитивно ќе се придонесе во развојот на хотелиерството, угостителството, туризмот и други дејности кои директно или индиректно се поврзани со филмската индустрија.

Надлежните со апел да се внимава со палење огнови на отворено за првомајските празници

Страотините слики од пламените јазици, опустошените шуми и битките со пожарите во изминативе неколку години се уште се во свежо сеќавање, а неретко причината за тоа беше и човечки фактор.

На два дена до традиционалните првомајски собири на излетничките места во природа се вклучи алармот кај институциите за внимателност, бидејќи во спротивно може да се предизвика сериозна животна опасност и материјална штета. Од ЦУК апелираат да се следат препораките за превенција, оган да се пали на дозволени места, а несовесните кои ќе ги заобиколат апелите, барем соодветно да го изгаснат огнот..

-Кога се пали оган во природа, дури и во метална скара, жарот кој се истура или останува после скарата, треба добро да се изгасне, бидејќи откако ќе си заминат излетниците, тоа може да биде фатално во случај да се појави ветер и да ја потфати сувата вегетација.- Илија Бојаровски – Центар за управување со кризи

Казните во однос на опасноста која постои од палењето на оган се несоодветни, вели првиот човек на ДЗС – Беким Максути. Бара целокупен пристап од институциите, бидејќи покренатите кривични дела за опожарување кои нанеле милионски штети на крајот завршиле со казна од 250 евра, доделена од судските органи...

-Сакам да апелирам дека, некој што може да запали оган и што може да предизвика штета од милионски суми, на крајот да заврши со казна од 250 евра мислам дека нема ни логи, нема ни човечност нема ни државност во сето тоа, значи треба да бидеме поригорозни, по стриктни по однос на овие работи.- Беким Максути – Директор на дирекција за заштита и спасување

Како и секоја година, полицијата заедно со национални шуми и овие првомајски празници ќе бидат на терен за превенција да дојде до несакани последици...

-Апелираме до граѓаните да не се палат огнови на отворено, затоа што може да биде предизвикан пожар кој може да има тешки последици, како за здравјето на граѓаните, така и за животната средина.- МВР

Како што се наближува летото и горештините, така се наближува и опасноста од евентуални пожари. Од Ер-Тракторите на ДЗС во моментов подготвен за акција е само еден, додека останатите два, еден по друг ќе се испраќаат на 45 дневна поправка. Проблем се и пилотите, ќе мора да се реактивираат двајца веќе пензионирани, додека се обучат нови, а тоа би започнало по изборите според законот. Што се однесува до останатата опрема за борба со пожари велат дека има недостатоци, но дека таа контиунуирано се подобрува.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

притисни ентер