Отфрлена тужбата против Стивен Тајлер за сексуални напади на тинејџерка

Американскиот Федералeн суд на Њујорк го отфрли обвинението против пејачот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, за сексуална злоупотреба на тинејџерка.

Познатиот рокер беше обвинет за нешто што наводно се случило 1975 година кога двапати сексуално ја нападнал Жана Белино, која тогаш имала 17 години, а Тајлер - 27 години. Судијата Луис Каплан изјави дека тужителката која тврди дека пејачот сексуално ја нападнал, не може да бара отштета според законите на Њујорк.

Судот смета дека е залудно да се поднесе и изменета жалба и со тоа трајно го отфрли случајот.

Образложението вели дека случајот не може да се толкува ниту по двете неодамнешни државни регулативи - Законот за возрасни жртви и Законот за деца жртви. Судијата рече дека првиот ги опфаќа само луѓето кои имале најмалку 18 години кога станале жртви, а вториот не ги опфаќа барањата поднесени по август 2021. Белино ја поднела својата тужба во ноември 2023 година.

Стивен Тајлер ги одрече обвиненијата, т.е. наводите дека ја нападнал тужителката во телефонска говорница додека неговите пријатели се смееле во близина и дека ја малтретирал во хотелска соба истиот ден.

Жана Белино, која во тоа време била млада манекенка, тврди дека го запознала Тајлер по модна ревија на Менхетен. Инаку, Тајлер се брани и од тужба во Лос Анџелес, каде што можната жртва Џулија Мисли тврди дека тој сексуално ја нападнал во 1973. кога таа имала 16, а тој 25 години. /МИА

Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп

Одредени двојките за полуфиналето во Суперкупот на Италија.

Вчера Јувентус го освои националниот куп, победувајќи ја Аталанта во финалето на турнирот (1:0).

Во полуфиналето на Суперкупот торинскиот клуб ќе се сретне со второпласираниот од Серија А, тимот на Милан.

Втората двојка ја сочинуваат Аталанта и шампионот Интер.

Суперкупот ќе се игра во Саудиска Арабија во јануари 2025 година.

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 - 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

На маргините на лидерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува во Котор, Црна Гора, техничкиот премиер Талат Џафери оствари билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

На средбата, се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Македонија во пресрет на формирањето на новата Влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Македонија во ЕУ, и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички чинители.

Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока, ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на Меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија.

Премиерот Џафери нагласи дека, за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата Влада, туку исполнувањето на европската агенда. Тоа е патот на иднината и на просперитетот за кој тој ќе продолжи да работи во кое било својство или функција.

притисни ентер