Федерер му се извини на 7- годишно девојче, откако претера во пинг- понг (ВИДЕО)

Додека повеќето тенисери се натпреваруваат на турнири ширум светот, а други се подготвуваат за Индијан Велс, пензионираната легенда на белите спортови Роџер Федерер ужива во патувањето и посетата на нови градови.

Станува збор за серија спонзорирана од „Уникло“, а овој пат изборот паднал на Шангај - четвртата станица на Швајцарецот. По тој повод Федерер одигра и натпревар во пинг-понг против седумгодишното девојче Гуо Дуоер.

Гуо е ѕвездата на споменатиот спорт таму, против кого Федерер во еден момент се занесе и одигра силен бекхенд за да стигне до бод. Топката помина веднаш покрај нејзината глава, а Роџер ѝ се извини.

По натпреварот во пинг- понг тој рече:

- Овде во Кина има надежни шампиони на секое ниво од играта. Тука сум да учам од некои од најдобрите.

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Повторното обединување на двете Кореи“

 „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија промоција е закажана за утревечер во овој град.

Младиот словенечки режисер прв пат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.

-На текстот му пристапивме крајно лично. Ние не изведуваме луѓе од високата француска буржоаска класа, тоа не е театар на ликови, туку за разоткривање на човечката несигурност, за потрага по делумни вистини во фрагментиран свет. Претставата е емотивно патување во длабочините на човечката интимност и потрагата по љубовта како вертикала која му дава смисла на краткото време од нашиот земен живот. Тоа е шоу што го остава отворен просторот на надворешната сценска слика да се доврши во имагинацијата на гледачот, посочи режисерот Зидар на денешната прес-конференција.

Во претставата настапуваат актерките Викторија Степановска Јанкуловска и Валентина Грамосли, како и актерите Никола Стефанов и Иван Јерчиќ.

-Сметам дека направивме една нежна, суптилна претстава која на еден ненаметлив начин ја кани публиката да партиципира во создавањето на комплетната слика, доживување и реобмислување на сопствените чувства, стравови, живот...Оваа претстава ја доживувам како светло кое на дискретен начин од под затворена врата, продира од просцениумот кон публиката и која се надевам ќе разбуди силни чувства, истакна Јерчиќ.

„Повторното обединување на двете Кореи“ е петта премиерна претстава на битолскиот театар во 2024 година.

Мирчевски: Апасиев, зарем е можно да си таков правен аналфабет?

Почни да се тужиш самиот себе затоа што глумиш дека си вака правно неписмен, а не е лошо да побараш и професионална помош...нормално, за пишувањето на тужбите, не за нешто друго.

Си поднесол кривична пријава против мене до ОЈО, за наводно мое лажно пријавување а при тоа не си проверил дека пријавата е поднесена од МВР. Но, за твоја информација , не само јас, туку и моите колеги Михајлоски и Димовска, сите ние во период од 40на дена дадовме исказ во МВР во одделот за насилен криминал, поради фактот дека сите нам си ни се заканувал.

Процесот течеше вака: Ние одиме во МВР во станицата „ПролеЌе“ , на надлежните инспектори им покажуваме што си пишувал за нас а тие оценуваат дали има елементарни елементи за кривично дело. Потоа тие бараат од нас искази кои и ги даваме, и потоа МВР ги проследува до ОЈО кој пак треба да ги информира МВР за евентуални дополнителни постапки, и да процени дали има или не кривично дело во твоите пишани текстови. Значи, читај убаво со ширум отворени очи - јас не сум ти поднел пријава до ОЈО, така да сега доколку ти не се извиниш ќе попиеш пријава за ВИСТИНСКО ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ.

Патем , можеш ли да замислиш колку наши колеги и други општествени работници се охрабрени од нас со цел повеќе не молчат пред твоето пишано и вербално насилие, кое некој можеби наскоро би требало да го институционализира? Многу!

За мене ти се еден неверојатен научен егземплар во кој се вкрстуваат имагинарната вокална и текстуална храброст и можните стравови од детството кои се креирани од приказните за призраци.

Нели се срамиш од чинот - приватна кривична тужба против моите колеги и Канал 5 ТВ и мене како застапник, па потоа на првото рочиште сам да си ја повлечеш тужбата према Михајхлоски и Канал 5 ТВ иако јас протестирав пред судијата и се противев и барав да не се повлекуваш?

Зошто не дозволи да продолжи тужбата против Канал 5 ТВ а ја остави само спрема единствената дама, колешката Михаела Димоска? Со овој свој чин знаеш што покажа дека си нели?

За крај да ти објаснам нешто што некој и некогаш требал да ти го каже - и во античкиот но и во денешниот технолошки развиен свет , машкоста не се покажувала со фрлање предмети кон други лица, ниту со артикулирање на пцости и тужење новинарки...Немој ниту да си замислуваш или пак сонуваш дека некој од моите колеги од Канал 5 ТВ ти се плаши ,напротив, за мене овој твој акт зборува за можни други психолошки тајни чии решенија можеби лежат во некои делови од делата на Ерих Фром.

Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС.

Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС.

Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема.

Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба.

Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:

„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.

Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.

Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.

Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер