Европската комисија ги одобри реформските агенди за пет земји од Западен Балкан

 Европската комисија денеска одобри реформски агенди за пет партнери од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, со што се отвора патот за исплати од Инструментот за реформа и раст, вреден шест милијарди евра.

Комисијата ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, кои вклучуваат обврски за спроведување на социо-економски и фундаментални реформи за поттикнување на раст и приближување кон ЕУ во периодот од 2024 до 2027 година.

Како што се додава во соопштението објавено на сајтот на Еврокомисијата, овој чекор бил клучен за да се овозможат плаќања во рамките на Инструментот за реформи и раст на ЕУ од шест милијарди евра, кои ќе бидат направени по завршувањето на договорените реформски чекори.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, го пофали трудот на партнерите од Западен Балкан, истакнувајќи дека нивната посветеност кон реформите е голем чекор напред кон членството во ЕУ.

- Импресионирана сум од работата на нашите партнери од Западен Балкан на нивните реформски агенди. Тоа покажува дека тие се посветени на успехот на Планот за раст. Тоа е нашиот Патоказ за да ги доближиме економиите од Западен Балкан до нашата и да им дадеме на нивните компании пристап и средства да се натпреваруваат на нашиот единствен пазар. Сите имаат корист, а тоа е голем чекор кон Европската унија, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, која денеска ја започнува западнобалканската турнеја.

- Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади од Западниот Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и поврзувањето со ЕУ согласно Планот за раст за периодот од 2024 до 2027 година, соопшти Европската комисија.

Во соопштението се додава дека одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Си Џинпинг ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

притисни ентер