Еве зошто во рестораните прво добивате леб!

- Причината нема да ви се допадне, станува збор за испробан трик на искусните угостители

Еве со што се сè служат угостителите за да дојдат до дополнителна заработка.

Кога ќе отидете во некој ресторан, за само неколку минути доаѓа келнерот со леб. Тоа е толку вообичаено и многумина мислат дека е знак за добредојде, меѓутоа, причините се многу различни - од привлекување внимание до „пумпање“ на апетитот.

Лебот на трпезата е дел од традицијата, како и од добрата услуга, но вистинските мотиви на угостителите се многу поприземни од тоа.

Готвачот Рас Адамс разоткрива некои од стандардните митови.

- Најпрво лебот или пецивата ќе ве ожеднат. Жедните луѓе нарачуваат повеќе за пиење, а тоа значи подобра заработка. Второ, лебот или нешто слично, го покренува варењето и ве прави уште погладни. Токму затоа се случува луѓето да нарачаат повеќе отколку што можат да изедат, а подоцна да кажат дека избрзале. Последната причина е што, кога луѓето во рестораните имаат разонода, во случајов јадење леб, тогаш не им е досадно и не ги викаат постојано келнерите – објаснува Адамс.

Џо Колеља, некогашен сопственик на ресторан, дава уште неколку интересни детали.

- Повеќето луѓе предолго размислуваат што да нарачаат. Единствената причина зошто на гостите им дававме леб пред главното јадење беше да ја одолжиме самата нарачка, односно готвачите да имаат време да подготват сè. Келнерот ги прима нарачките од луѓето по редоследот по кој дошле, а додека чекаат им дава леб. Да заклучиме, ова нема врска со тоа дека келнерите се добри и љубезни, и сакаат да ви дадат леб, туку едноставно го користат овој трик поради себе - рече Колеља.

Кимберли Луис била келнерка и открива дека лебот има манипулативна улога.

- Во италијанскиот ресторан во кој работев имавме околу две минути да донесеме леб на сечија маса откако ќе седнат. Моравме да ја пресметаме количината и парчињата да ги попрскаме со маслиново масло и да ги зачиниме. Потоа требаше да донесеме нов леб во рок од пет минути, доколку претходниот го изеле. Зошто? Затоа што гостите се многу напорни. Лебот е само алатка. Кога седите и чекате, сè се чини долго, а лебот ги држи луѓето зафатени и времето едноставно им поминува побрзо. Да скратиме: лебот се служи затоа што гостите се нетрпеливи - тврди Кимберли, а пренесува firstforwomen.com.

Повеќето од овие тврдења се потврдени од науката, а едно од наједноставните објаснувања е дека лебот, особено ако е бел, го зголемува нивото на шеќер во крвта и го поттикнува апетитот.

Извор: srecna.republika.rs

Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон

Влатко Стефановски, виртуозот на гитарата, годината во која одбележува 50 години од својата импресивна кариера ќе ја памети и по својата лондонска авантура.

Распродадениот клуб Dingwalls 2 во лондонскиот кварт Камден и снимањето во легендарното студио Abbey Road го сумираат неговиот петдневен престој со тимот на Кроација рекордс.

Како што соопштија од Кроација рекордс Македонија, новиот проект кој беше успешно реализиран опфати снимање во Abbey Road Studio Three во кое Влатко Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомор Хојсак на контрабас снимија дури дваесет и две песни меѓу кои и Where My Guitar Gently Weeps, на Битлси, една од најголемите групи на сите времиња. Песната е избрана токму како посвета на просторот и дел од историјата што го одбележа четворката од Ливерпул.

-Нашето лондонско искуство полека се заокружува. Имавме пет магични денови. Во култното студио Abbey Road, ги посетивме сите ходници, ги видовме сите инструменти и, да кажам, светите места каде што работеа Битлси. Во Abbey Road Studio Three пеев на микрофонот на кој еднаш пееше Ејми Вајнхаус, тоа е голема мотивација да снимиме на вакво место, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари, рече Влатко Стефановски, сè уште под импресии од минати настани.

Според него, тоа е огромна мотивација да се снима на вакво место, а исто така е и ретко искуство.

-Успеавме да снимиме дваесет и две песни за два дена, Јан на тапани, Хојсак на контрабас и јас на гитара. Тон мајстор беше Горан Мартинац. На крајот сè заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари, дополни Влатко Стефановски.

Распродадениот клуб Dingwalls 2 беше дополнителен мотив за ова трио да го даде својот максимум на концертот, а публиката на најдобар можен начин им возврати. Задоволството од музиката беше обострано.

- Концертот беше незаборавен. Публиката пееше во еден глас со нас. Беше извонредно и магично. Дома се враќаме уморни, но крајно задоволни и благодарни на тимот на Кроација рекордс што ни го овозможи ова музичко патување, додаде Стефановски.

Ексклузивноста на еден ваков специјален проект да биде комплетен се погрижи видео тимот на Кроација рекордс кој го документираше снимањето на албумот и концертната атмосфера.

Влатко Стефановски е светски познат гитарист кој засекогаш ја одбележа музиката на овие простори, најпрвин како водач на феноменалната група Леб и сол, а потоа преку неговите соло проекти и соработките со многу други големи музичари. Вистински македонски музички амбасадор. Легенда!

Последниве години најчесто настапува со синот Јан на тапани и со Иван Кукиќ на бас, под името Влатко Стефановски Трио. Со преку 15-ина самостојни албуми и бројни филмски и театарски проекти, Влатко ја покажа својата неверојатна способност да обединува различни музички жанрови и уметнички изрази.

Автор е на музика за три современи балети и 17 играни филмови. Од особена важност е неговата соработка со Лондонскиот симфониски оркестар, а оваа најнова лондонска авантура секако ќе има посебно место во неговите мемоари, стои во соопштението.

Шест загинати по невремето што ја погоди Куба, четврта ноќ без струја

 Најмалку шест лица загинаа откако тропскиот циклон „Оскар“ удри во источна Куба, изјави синоќа претседателот Мигел Дијаз-Канел, бидејќи поголемиот дел од островот е главно во мрак четврта ноќ по ред.

Во провинцијата Гвантанамо, цели области се поплавени, а спасувачките екипи не можеа да стигнат до погодените области, рече Дијаз-Канел. Властите соопштија дека најмалку 1.000 домови се оштетени, јави ДПА.

Колапсот на застарената електрична мрежа во земјата поради невремето резултираше со мнозинството од околу 10 милиони жители да останат без струја четврта ноќ по ред. Застарената електрична мрежа на Куба откажа во петокот наутро.

Дијаз-Канел рече дека само една третина од снабдувањето со електрична енергија во земјата е обновено досега. Во Хавана околу 90 отсто од приклучоците повторно имаат струја.

Претседателот рече дека повеќе нема да присуствува на самитот на меѓувладината организација БРИКС во рускиот град Казан, кој започнува денеска, поради вонредната состојба предизвикана од невремето.

Оскар ја погоди Куба како ураган изминатиот викенд, а потоа беше намален на послаба тропска бура додека минуваше над островот.

Според американскиот национален центар за урагани, невремето продолжува да предизвикува обилни врнежи во источна Куба и југозападно од Бахамите.

Поради штрајк откажани сите полетувања од аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“

Сите денешни летови од аеродромот „Брисел Југ-Шарлроа“ се откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, соопшти аеродромската управа.  

- Безбедноста на патниците и вработените не може да биде гарантирана поради недостигот на персонал. Патниците чии летови се откажани ќе бидат контактирани од нивната авиокомпанија за враќање на парите или нова резервација, се додава во соопштението на управата на аеродромот, од кој полетуваат и авионите на релација Брисел-Скопје.

Од управата додаваат дека пристигнувањето на авионите на аеродромот ќе се одвиваат согласно предвидениот возен ред.

За денеска од „Брисел Југ-Шарлероа“ беа предвидени 89 летови со околу 16.000 патници. Ваквиот голем број на патници се должи на фактот што од вчера започна есенскиот распуст во белгиските училишта каде што наставата се одвива на француски јазик, што ќе трае до 1 ноември.

- Правиме се што е во наша моќ за да се обноват нормалните активности од среда, се посочува во соопштението на управата на аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“.

притисни ентер