Еве која женска карактеристика ги освојува мажите

- Дали ја поседувате?

Познат руски психолог ја истакнува суштината, но и проблемот на денешницата. Физичкиот изглед целосно го засенува поважното - душата и умот, но сепак постои момент кога обата пола почнуваат да го сфаќаат тоа.

Иако секој во главата има идеја за тоа каков треба да изгледа неговиот идеален емотивен партнер и кога сепак ни се чини дека „тоа е тоа“, се случува да се запрашаме во што е грешката. Но не, не постои единствена формула која би ни помогнала да привлечеме одредена личност, бидејќи не може секому да му се угоди.

На скалата на привлечноста кај мажите, честопати постојат неколку типа на жени: сериозни темнокоси, забавни русокоси и страсни црвенокоси, но што се случува кога умот ви „полудува“ на онаа која не е прва според вашите критериуми за привлечност? Токму ова е затоа што очите понекогаш бараат една работа и мозокот мисли дека токму тоа е она што го посакува - но душата знае што ѝ годи.

Затоа некогаш и покрај тоа што сите критериуми се исполнети, врската пропаѓа. И, иако тоа може да биде еден вид освестување за мажот, сепак се одразува и на жената. Тогаш жената почнува да размислува што точно не е во ред со неа.

Одговорот на ова прашање го дава познатиот психолог, Михаил Лабковски. Овој стручњак е убеден дека дури и најспектакуларната, најсексапилната, најсестрано образованата и шармантна девојка нема да може да го привлече и задржи вниманието на мажот што ѝ се допаѓа доколку не поседува еден квалитет.

Тајната на женската привлечност, според Лабковски, лежи во самопочитта и самољубието.

- Некои девојки - а ги има и во мојата публика - цврсто веруваат дека за да се заљуби мажот, 24 часа неделно треба да носат потпетици и кратки здолништа и, се разбира, да имаат посветла шминка. Не им паѓа на памет дека мажите кои се почитуваат себеси ги привлекува нешто сосема друго, имено, жени кои се почитуваат себеси – пишува овој психолог на својот Телеграм канал, а пренесува „kiz.ru“.

Жената која се труди да ги исполни стандардите на општеството или вкусовите на одреден тип мажи никогаш нема да го привлече нивното внимание. Таквите поединци, по правило, го слушаат мислењето на своите родители, пријатели, познаници, но немаат свое мислење. Затоа се жртвуваат да им угодат на другите, но не и на самите себе.

-Подготвена е да отстапи од себеси за да се „вклопи“: се исцрпува со диети, трча кај козметичарот, ја надградува косата, си вбризгува сенешто, па дури и оди под нож кај пластичен хирург - го коментира Лабковски механизмот на однесување на таквите жени.

Експертот е сигурен: оние кои не се почитуваат и сакаат себеси, не треба да сметаат на сериозна врска. Најверојатно, тие навистина ќе го привлечат вниманието на речиси секој маж со помош на импресивниот изглед, шминката и совршено избраната слика. Но, се воспоставило дека таквите романси се краткотрајни - мажот ќе излезе неколкупати со новата партнерка, ќе и понуди секс, а потоа ќе тргне во потрага по нова убавица.

Вака напуштена жена почнува да бара мани кај себе, неизбежно ги наоѓа и повторно оди на козметичар или на шопинг. Сепак, ни новото нешто, ни следната интервенција за разубавување нема да ѝ помогне во пронаоѓањето и задржувањето на достојниот избраник.

- За да станете жена по која мажите ќе „кршат врат“ и „ќе ја изгубат главата“, прво треба да научите да си се восхитувате на себеси, а потоа да очекувате восхит од другите. Ако вистински се сакате себеси, нема да ви биде важно дали другите ве сакаат или не - заклучува Михаил Лабковски.

Извор: srecna.republika.rs

Клоп ќе стане шеф на фудбалот во Ред Бул

Трофејниот германски тренер Јирген Клоп ќе „Раководител на фудбалот“ во Ред Бул, пренесува Sky Sport.

Според изворот, 57-годишниот Германец ќе биде одговорен за развојната стратегија на РБ Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и други тимови од франшизата.

Клоп ќе започне со работа на 1 јануари 2025 година.

Германскито фудбалски стручњак ќе има и опција да го раскине долгогодишниот договор доколку добие покана да стане селектор на германската репрезентација.

Клоп летото го напушти Ливерпул, кој го водеше од октомври 2015 година. Со премиерлигашот еднаш го освои шампионатот, ФА Купот и Суперкупот, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, а двапати го освои и англискиот Лига куп.

Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем

Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра.

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт - импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.

„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.

Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.

„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.

Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт - импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

Харис: Постигнат е „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа

- Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес.

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа, но оти напредокот е „бесмислен“ доколку договорот навистина не биде постигнат.

- Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес.

Харис во неделата најави дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.

притисни ентер