Видео: Бугарскиот тенисер Димитров во пресметка со навивачи во Шангај

Бугарскиот тенисер Григор Димитров, покрај победите над Бергс и Попирин како и влезот во осмофиналето на Мастерсот во Шангај, турнирот во Кина го одбележа и со голем скандалот.

Димитров неочекувано по триумфот над Попирин вреден пласман меѓу 16 најдорби влезе во конфликт со навивачите.

После мечот со Попирин, голем број на навивачи сакаа да го поздрават бугарскиот тенисер, а тој тешко се пробиваше низ толпата.

Во еден момент додека Димитров минуваше низ топла навивачи подготвени да го фотографираат и поздрават , некој од присутните најверојатно го спречи неговото нормално движење, или можеби беше турнат, по што тој почна расправа со публиката и закана за физичка пресметка.

Граѓанските организации ја повикуваат ЕК да ја зајакне поддршката за праведна транзиција

Граѓанските организации ја повикуваат ЕК да ја зајакне поддршката за праведна транзиција.

Група граѓански организации, вклучувајќи ги CEE Bankwatch Network и Еко-свест, ја повикуваат Европската комисија и други чинители да ја зголемат поддршката за праведна транзиција за заедниците зависни од јаглен на Западен Балкан.

Во најновиот извештај (1) тие посочуваат конкретни чекори кои Европската Комисија, меѓународните финансиски институции и националните влади треба да ги преземат за да ја забрзаат праведната транзиција и да овозможат локална економска диверзификација, осигурувајќи дека ќе се одговори на потребите на граѓаните и дека никој нема да биде изоставен.

Платформата на ЕУ наменета да ги поддржи регионите зависни од јаглен да се подготват за енергетската транзиција и да разменуваат искуства со заедници од ЕУ кои се соочуваат со слични предизвици, наречена Иницијатива за региони со јаглен во транзиција за Западен Балкан и Украина (2), функционираше од крајот на 2020 до крајот на 2023 година, но засега сеуште не е во функција нова слична иницијатива, со што локалните власти се оставени во неизвесност за тоа каква поддршка понатаму можат да очекуваат за овој сложен и скап процес.

Невена Смилевска, координатор за праведна транзиција за Западен Балкан, CEE Bankwatch Network -- „Потребно е итно да се обнови и прошири поддршката од Европската Унија за заедниците зависни од јаглен за да се овозможи праведна транзиција кон економија која не зависи од фосилни горива. Целта на препораките дадени во овој извештај е да се осигура дека локалните власти ќе бидат подготвени и ќе ги имаат потребните ресурси за планирање. Со тоа на заедниците зависни од јаглен, наместо да бидат оставени сами да се снаоѓаат или да бидат ставени во позиција да заостануваат, ќе им се овозможи во брзиот процес на енергетска транзиција и самите да напредуваат.“

Препораките ја нагласуваат потребата од насочено финансирање за проекти на општинско ниво, бидејќи локалните власти често не располагаат со доволно ресурси за самите да го испланираат процесот на транзиција на начин кој овозможува тој да биде праведен за сите граѓани во општината, ниту пак имаат средства таквите планови да ги спроведат. Специјализирани финансиски алатки за поттикнување на економска диверзификација и создавање на мали пилот-проекти може да помогнат да се прикажат можностите што ги нуди иднината без фосилни горива. За да се обезбеди отчетност и ефективност, финансирањето мора да биде условено со зајакнувањето на локалната самоуправа и со следење на транспарентноста на сите процеси поврзани со енергетската и праведната транзиција.

Слични препораки беа изнесени минатата недела во манифест потпишан од шест градоначалници од општини зависни од јаглен во Западен Балкан (3). Градоначалниците ја повикуваат Европската комисија да ги поддржи нивните напори за декарбонизација на локалните економии преку зголемување на техничката помош, промовирање на успешни приказни и олеснување на посилни партнерства со региони во Европската Унија кои биле или сè уште се зависни од јаглен.

Елена Николовска, програмски координатор за клима во Здружението Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје -- „Новата Европска комисија мора да ја искористи можноста позитивно да влијае преку адресирање на овие итни потреби и помагање на Република Македонија да постави курс кон праведна и одржлива иднина. Ја повикуваме Комисијата да ја потврди својата посветеност кон македонските региони зависни од јаглен и да обезбеди потребна поддршка за праведна и ефективна енергетска транзиција.“

Истото беше и голем дел од заклучоците кои произлегоа од локалните форуми на заедницата во Битола во ко-организација на Еко-свест и општината, каде се дискутираа проблемите и се изготвуваа препораки со визија за развој на Битола без јаглен. Главната препорака за развој на регионот беше дека е потребна техничка и финансиска подршка но и активно вклучување во централните процеси на носење одлуки од значење за локалните заедници.

Еко-свест Скопје

Во атар на село Јелошник најдени човечки остатоци, се работи за постаро исчезнато лице

Во атар на село Јелошник најдени човечки остатоци, според облеката и предмети се работи за постаро лице пријавено за исчезнато во август годинава.

СВР Тетово денеска информира дека биле најдени човечки остатоци, а според облеката и предмети станува збор за 81 годишната Олгица Димитровска, која семејството ја пријави за исчезната на 11 август 2024 година.

Во полицискиото одделение во Теарце вчера околу пладне било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на село Јелошник, биле пронајдени човечки коски.

- Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 година во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото. По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција, информираа од СВР Тетово.

По пријавувањето на исчезнувањето на Олгица на 11 август, семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите. Неколку дена во атарот на селото Јелошник беа организирани повеќе неуспешни потраги во кои учествуваа специјални единици на МВР, планинари,алпинисти, пожарникари и граѓани.

Амбасадор на САД: Проектот Јадар за литиум е добар проект за Србија

Српскиот народ има право да се искаже во дебатата за литиум или за кое било друго прашање. Слободата на собирање е суштински елемент на демократијата и ние гласно ја поддржуваме. 

Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил изјави дека проектот Јадар е „добра можност за Србија, но дека Србите мора да одлучат“, дека на оваа тема забележал „антизападен наратив“ на протестите против ископувањето на литиум, порачувајќи дека САД ја поддржуваат слободата на собирање, но и дека некои од учесниците не се занимаваат со интересите на Србија, туку на Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Српскиот народ има право да се искаже во дебатата за литиум или за кое било друго прашање. Слободата на собирање е суштински елемент на демократијата и ние гласно ја поддржуваме. Во врска со одредени демонстрации против литиумот, многу од демонстрантите беа класични еколошки демонстранти, чие мислење се разликува од властите и некои инвеститори. Затоа претседателот на „Рио Тинто“ дојде во Србија, помина извесно време слушајќи ги луѓето и се обиде да одговори на некои прашања, рече Хил во интервју за телевизијата Н1.

Во врска со проруските учесници на протестите Хил кажа да „ако ги погледнеме некои од учесниците, не сите, тие се оние кои не се занимаваат толку со преокупациите на Србија, туку со преокупациите на другите, конкретно на Русија. Да бев Србин, ќе бев загрижен. Постојат обвинувања дека Америка ги поддржува некои од тие демонстрации, но ние се обидуваме да осигураме тоа да не биде случај“.

Хил посочи дека не гледа што прави Русија, и дека не гледа да таа инвестира во Србија, туку, како што оцени, „напротив, се обидува да го забави секое движење на Србија кон Запад“.

Амбасадорот на САД оцени дека Србија остава впечаток на земја која се позиционира како да е на Запад и дека се движи во вистинската насока.

Оценувајќи дека литиумот моментално се експлоатира и во САД и неколку европски земји, вклучително и Германија, Хил оцени дека тоа е дел од иднината, и иднина на економијата, иднина на транспортот и дека не е случајно што германскиот канцелар Олаф Шолц беше во Србија, како и други водечки западни компании.

притисни ентер