Евакуација на домаќинства во Лондон поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи

Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства.

Дејли Мејл пришува дека сомнителниот радиоактивен отпад го открил работник во градската чистота.

Специјална единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи ги да не влегуваат на улицата додека не се смири ситуацијата.

Еден од градските работници за чистење, кој се претставил како Џорџ, рекол дека верува оти во домот пред кој бил пронајден отпадот живеела 90-годишна жена која починала, додека машкиот жител бил сместен во дом за стари лица. Тој додаде дека секоја соба во куќата е преполна со работи кои не биле фрлени со години.

-Онесов еден круг ѓубре на депонија и кога го скенираа, ми рекоа дека не можам да ги оставам работите бидејќи се радиоактивни. Не ни знаев што има во нив, имаше толку многу ѓубре. Не знаев што да правам, рече Џорџ.

Еден од полициските службеници кој пристигнал на местото на настанот изјавил дека предметот бил проверен и констатирано е дека е безбеден.

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот.

Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.

Туск: Војната на Русија и Украина може да прерасне во глобален конфликт

Полскиот премиер Доналд Туск денеска предупреди дека војната меѓу Русија и Украина влезе во одлучувачка фаза и може да прерасне во глобален конфликт.

„Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Можеме да почувствуваме дека доаѓа неизвесност“, рече полскиот премиер на состанокот на Синдикатот на полските учители, објави новинската агенција ПАП, пренесе Политико.

Тој предупреди дека никој не знае каков ќе биде крајот на конфликтот, но јасно е дека тој добил драматични размери.

Изминатите десет или повеќе часа покажаа дека заканата од избувнување на глобален конфликт е сериозна и реална“, рече полскиот премиер.

Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици - протест пред Град Скопје, се бара оставка

Автобусите на ЈСП од утринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви... 

Од скандирања за оставка на скопската градоначалничка Арсовска, до свирчиња, сирени и транспаренти со пораки за надминување на проблемите пред Град Скопје, последниот колапс на јавниот превоз ги извади на протест студентите, средношколците и граѓаните на Шуто Оризари. Граѓаните на Шуто Оризари побараа одговорност за состојбите, бидејќи велат веќе три години немаат соодветен превоз како општина, студентите се пожалија дека останале без превоз среде колоквиумска и испитна недела, а средношколците дека веќе три месеци борба водат да стигнат на првите часови.

По дводневниот колапс на јавниот транспорт утринава постојките повторно беа полни со граѓани, но за разлика од изминатите два дена тие дочекаа автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната седница на градското собрание се заблагодари на Владата за отворањето на стоковите резерви за да се снабдат автобусите со гориво. Таа воедно кажа дека од ваквата постапка треба да се извлече поука, па интересот на граѓаните да се стави над секое политичко несогласување.

Директорот на ЈСП – Драги Кушовски посочи дека во моментов во процедура се две постапки за набаква на гориво, една краткорочна која треба да се реализира наредната недела, другата која треба да даде трајно решение на 3ти декември. Како олеснителна околност го гледа тоа што претпријатието ќе може директно да преговара со добавувач за гориво.

Од Финансовата полиција пак за Канал 5 посочија дека веќе постапуваат по дадените насоки од ОЈО Скопје и дека по извршените проверки и деталната анализа на документацијата за претходните јавни набавки на ЈСП за гориво ќе достават поднесок до обвинителството.

притисни ентер