Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици - протест пред Град Скопје, се бара оставка

Автобусите на ЈСП од утринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви... 

Од скандирања за оставка на скопската градоначалничка Арсовска, до свирчиња, сирени и транспаренти со пораки за надминување на проблемите пред Град Скопје, последниот колапс на јавниот превоз ги извади на протест студентите, средношколците и граѓаните на Шуто Оризари. Граѓаните на Шуто Оризари побараа одговорност за состојбите, бидејќи велат веќе три години немаат соодветен превоз како општина, студентите се пожалија дека останале без превоз среде колоквиумска и испитна недела, а средношколците дека веќе три месеци борба водат да стигнат на првите часови.

По дводневниот колапс на јавниот транспорт утринава постојките повторно беа полни со граѓани, но за разлика од изминатите два дена тие дочекаа автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната седница на градското собрание се заблагодари на Владата за отворањето на стоковите резерви за да се снабдат автобусите со гориво. Таа воедно кажа дека од ваквата постапка треба да се извлече поука, па интересот на граѓаните да се стави над секое политичко несогласување.

Директорот на ЈСП – Драги Кушовски посочи дека во моментов во процедура се две постапки за набаква на гориво, една краткорочна која треба да се реализира наредната недела, другата која треба да даде трајно решение на 3ти декември. Како олеснителна околност го гледа тоа што претпријатието ќе може директно да преговара со добавувач за гориво.

Од Финансовата полиција пак за Канал 5 посочија дека веќе постапуваат по дадените насоки од ОЈО Скопје и дека по извршените проверки и деталната анализа на документацијата за претходните јавни набавки на ЈСП за гориво ќе достават поднесок до обвинителството.

„Бош“ отпушта 5.500 вработени, најмногу од нив во Германија

Германскиот снабдувач на автомобилски делови Bosch објави дека ќе укине 5.500 работни места поради продлабочувањето на кризата во секторот во услови на слаба побарувачка и жестока конкуренција.

Повеќе од две третини од отпуштањата, околу 3.800 од нив, ќе бидат споделени во Германија, рече портпаролката на компанијата, наведувајќи ја континуираната „потреба за прилагодување“, објави Блумберг.

Раководството ги наведе бројките во плановите, но дефинитивно ќе ги утврдат во преговори со претставниците на работниците.

Најмногу отпуштања ќе бидат споделени во делот за компјутерските решенија за помош при возење и автоматизирано возење, каде до крајот на 2027 година ќе бидат укинати 3.500 работни места ширум светот, од кои половина ќе бидат во Германија.

Според работниот совет, ова ги вклучува центрите на Bosch во Леонберг, Абстат, Ренинген и Швибердинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг и во Хилдесхајм во Долна Саксонија, каде што ќе бидат укинати уште 750 работни места до 2032 година, од кои 600 веќе до крајот на 2026 година.

Bosch во Хилдесхајм исто така произведува елементи за електромобилност.

Планот е, исто така, да се намалат трошоците во одделот што произведува контролни системи за автомобили и камиони. Така, од 2027 до 2030 година ќе бидат укинати до 1.300 работни места на локацијата во Schwäbisch Gmünd, исто така во Баден-Виртемберг, што ќе значи отпуштања за повеќе од една третина од нејзините вработени.

Компанијата ги припишува кратењето на работните места на кризата во автомобилската индустрија. „Глобалното производство ќе стагнира оваа година на околу 93 милиони возила, а може и малку да се намали во споредба со минатата година“, изјавија во Bosch.

Во наредната година, во најдобар случај, се очекува благо закрепнување поради значителниот вишок на капацитети и зголемениот притисок од конкуренцијата и цените.

Според Bosch, на производителите им се потребни значително помалку делови за електрични возила отколку за бензински и дизел мотори, што значи вишок на работници.

Покрај тоа, пазарот за нови технологии не се развива како што се очекуваше во Bosch, со значително послаба побарувачка за системи за помош на возачот и автоматизирани решенија за возење отколку што беше предвидено.

Многу такви проекти се одложени или откажани од производителите, забележува Bosch.

Фризер шиша со сатар, луѓето прашуваат : Како средува веѓи (ВИДЕО)

Не знаеме каде и кога е снимено, но на него се гледа девојка со долга црна коса како седи во салон и чека да се разубави. Но, мајсторот не зема ножици и чешел, туку наострен сатар!

Фризерот ја скратува косата во неколку потези, а потоа ја применува техниката „фино сечкање“ на врвовите. Целата работа е завршена за 30 секунди.

Не знаеме дали клиентот бил со среќен крај, бидејќи видеото е прекинато, но гледачите биле инспирирани да дадат хумористични коментари.

„Навистина би сакал да ја видам како ги средува веѓите“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Ајде, обидете се да го направите тоа со кратка коса“.

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

ТHE X3 - Модерноста, перформансите и спортскиот стил     достигнуваат нови нивоа: бестселерот започнува нова ера.

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонската премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија.

Со свежа, динамична аура, новиот BMW X3 ја истакнува својата спортска страна, нудејќи премиум корисничко искуство, извонредна агилност и великодушна пространост кои ги надминуваат очекувањата. Благодарение на иновативните технологии, како новиот инфозабавен систем и напредните безбедносни функции, секој момент во новиот BMW X3 е уникатно доживување.

„Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 ја презема улогата на талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања. Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност. Висококвалитетните материјали, значително попространата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9, го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина. Задоволството при возењето, безбедноста и удобноста на долги растојанија во новиот BMW X3, се должат на исклучително прецизното подесување на целокупната организација на автомобилот и широкиот избор на полуавтоматски системи за возење и паркирање“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Впечатливиот дизјан на новата едиција, многубројните иновации и неговата надградена стандардна спецификација, претставуваат идеална основа за испишување на уште едно поглавје во успешната приказна на BMW X3. Уште од неговото првично воведување во премиум класата на SAV сегментот со средна големина, овој модел има клучна улога за постојаниот раст на популарноста на BMW X моделите, a беше и најпродаван модел на брендот во 2023 година.

Со новиот дизајнерски јазик BMW X3 добива речиси монолитен, целокупен изглед. Новиот BMW X3 е 34 милиметри подолг од својот претходник, додека ширината е зголемена за 29 милиметри. Заедно со 25-милиметарското намалување на висината на возилото и поширокит став, автомобилот добива нови пропорции кои му ја нагласуваат динамичноста и спортскиот изглед. Големата BMW бубрежна решетка, со опционалното контурно осветлување BMW Iconic Glow, му дава моќна и самоуверена појава.

Портфолиото на погонски склопови на новиот BMW X3 се состои не само од мошне ефикасни бензински и дизел мотори туку и од plug-in hybrid систем од најновата генерација, што му овозможува на новиот BMW X3 30e xDrive комбинирана погонска моќност до 293 kW/398 кс и способности за динамични перформанси што ги засенуваат неговите ривали.

Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот почнувајќи од 70.890 €.

Следните модели се веќе достапни во понудата: X3 20d xDrive, X3 20 бензин xDrive, X3 M50 бензин xDrive и X3 30e xDrive. Електричната верзија на новиот BMW X3 ќе биде првaта едиција на Neue Klasse, која ќе се разликува од постоечките модели, а неговото претставување на пазарот ќе започне во четвртото тромесечје на 2025 година. BMW X3 се произведува во фабриката на BMW Group во Спартанбург (САД) и во фабриката Рослин (Јужна Африка) со производствен процес што се фокусира на зачувување на ресурсите и циркуларност.

За да го запознате одблиску и за повеќе информации, обратете се во М Кар BMW Македонија.

Покрај новиот BMW X3, на денешната промоција за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M5 Седан. Новиот BMW M5 Седан ги поместува границите, поставувајќи совршена формула за баланс на шасија, реакција на управувачот и моќ во сооднос со тежината. Неговиот V8 би-турбо засилен со електро-мотор испорачува 727 КС и ги пренесува на сите тркала. На кратко, тоа е сè што ја прави BMW врвна машина за возење.

притисни ентер