ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.

Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври./МИА

Мајката на Метју Пери: Пред да умре, ми кажа нешто што ме загрижи

Сузан Морисон, мајката на Метју Пери, зборуваше на годишнината од смртта на актерот.

Таа за емисијата „Today“ на „NBC“ изјави дека Пери „претчувствувал дека ќе умре“.

„Тој дојде до мене и ми рече: „Те сакам многу и среќен сум што сум со тебе сега“. Тоа беше претчувство или нешто слично, не размислував за тоа во тоа време, но помислив: „Колку долго време не сме зборувавале така“. Мислам дека имаше нешто... Беше неизбежно тоа да се случи и тој го почувствува тоа“, се присетува Сузан.

„Но, тогаш тој рече: „Веќе не се плашам“. И тоа ме загрижи“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Видео: Најскапиот судар годинава?

На ексклузивната возачка авантура „Bugatti Grand Tour Marocco 2024“, се случи една несреќа.

Имено, дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале два модели на „Bugatti Chiron“ вредни околу пет милиони евра и камион, а моментот на судирот при престигнување го снимил возачот на автобусот покрај кој поминале.

Ова се случи на главниот пат што ги поврзува градовите Тангер и Тетуан, а се чини дека возачот на сребрениот „Chiron Super Sport“, незадоволен од само претекнување на автобусот, се обидува да го помине белиот „Chiron“ напред како и камионот, но на тесен пат.

Возачот на белиот „Chiron Pur Sport “токму во тој момент почнал да го престигнува камионот, а епилогот бил судар по кој сребрениот „Chiron Super Sport“ драматично се ротира и завршува во ендек, белиот „Chiron Pur Sport“ останува на пат, а камионот се превртува..

Патниците во автомобилите наводно поминале без повреди, но не се знае состојбата на возачот на камионот.

Видео-Фото: Вака израелските пилоти се подготвуваа за одмазднички напад врз Иран

Војската на Израел објави фотографии и видеа од нејзините воздушни сили кои се подготвуваат да го нападнат Иран.

„Вака полетаа авионите на воздухопловните сили за да извршат прецизни и насочени напади врз воени цели во Иран“, рече портпаролот на ИД Авичај Адраи во објавата на X. Израел рече дека нападите се како одмазда за „месечните континуирани напади“ на Иран, но и за нападите на милитантните групи поддржани од Иран.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер