Енди Мареј не може да престане да плаче- легендарниот Британец ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Британскиот тенисер Енди Мареј денеска ја заврши својата професионална кариера, бидејќи беше поразен во двојки со Даниел Еванс од двојката составена од Тејлор Фриц и Томи Пол.

Веднаш по мечот, големиот Енди заплака и не можеше да ги сокрие емоциите.

Тој беше свесен дека го одигра последниот професионален меч во кариерата и секако му беше жал што овој турнир не го овековечи со еден од медалите.

Тој и Еванс се извлекоа неколку пати, но овој пат немаше спас.

На мрежите веднаш се проширија емотивни слики и видеа.

Погледнете како париската публика го испрати Мареј во тениската вечност и како тој тоа го прими со толку многу емоции.

Воениот советник на Трамп: Се соочуваме со најголема закана со војна од 1945 година

Западот се соочува со најголемата закана од 1945 година, изјави вчера генералот Џек Кин, воен советник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во врска со опасноста конфликтот во Украина да прерасне во нова светска војна.

„Воените игри со сè повоинствената оска на моќ го ставија Западот во најголема опасност од крајот на Втората светска војна“, изјави Кин за Тајмс.

Заканата од директен конфликт со Русија поради војната во Украина ескалира во последните денови по одлуката на САД да му дозволат на Киев да истрела проектили со долг дострел длабоко во Русија, што ја натера Москва силно да предупреди на нуклеарна одмазда.

Кин, поранешен заменик-началник на американската војска, рече дека војната во Украина ќе остане главен приоритет на новата претседателска администрација, и покрај стравувањата дека Доналд Трамп би можел да ја повлече виталната американска поддршка за украинските воени напори.

Тој ја опиша одлуката на Северна Кореја да ги зајакне руските линии со свои војници како „најголема ескалација во војната“, предупредувајќи дека растечкиот сојуз меѓу Русија, Северна Кореја, Иран и Кина претставува „најсериозен и најопасен предизвик“ за Западот во речиси 100 години.

Кин, исто така, посочи дека рускиот претседател Владимир Путин може да се обиде да го зголеми бројот на војници на линијата на фронтот во Украина.

„Тој (Путин) не сака да оди на друга мобилизација од страв да не започнат протести. Тој нема да оди да регрутира во западна Русија каде што живеат образованите, тој оди во руралните области и сиромашните заедници и им дава пари да се приклучат. Избегнува национален повик затоа што знае дека ќе му се спротивстават“, рече Кин.

Кин истакна дека е за преговори, „кога тоа е во најдобар интерес“ на Украина, но дека верува оти Путин „не сака да преговара за договор“.

„Тој повеќе би сакал да ја земе целата земја“, предупреди Кин.

Украинското лансирање на американската ракета ATACAMS со долг дострел оваа недела, како и британската крстосувачка ракета „Storm Shadow“ во Русија за прв пат, што ја натера Русија да истрела експериментална хиперсонична балистичка ракета со среден дострел во Украина како одмазда, го зголемија влогот за опасноста од потенцијално избувнување на глобална војна.

Принцезата Кејт ги повика преживеаните деца од масакрот во Саутпорт на Божикен концерт

Британската принцеза Кејт ги покани децата кои го преживеаја нападот во Саутпорт во јули на концерт со божиќни песни, објавија британските медиуми.

Принцезата од Велс е надвор од очите на јавноста во поголемиот дел од годината бидејќи се лекува од рак.

Како што информираат од Кенсингтонската палата, децата се поканети да присуствуваат на настанот Together for Christmas на 6 декември, кој принцезата го организира по четврти пат во Вестминстерската опатија.

Во напад со нож на час по танц во Саутпорт, на крајот на јули беа убиени три деца, се сеќава Скај њуз.

Кејт и принцот Вилијам ги посетија и разговараа со семејствата на загинатите во нападот во Саутпорт минатиот месец.

Мистериозни дронови се забележани над три американски воени бази во Британија

Неколку неидентификувани беспилотни летала се забележани над три воздушни бази во Обединетото Кралство, потврдија американските воздухопловни сили (USAF).

Инцидентите, кои се случиле помеѓу средата и петокот, биле пријавени над РАФ Лакенхит и РАФ Милденхал во Сафолк, како и РАФ Фелтвел во соседниот Норфолк. УСАФ, која ги користи базите, рече дека се уште не е јасно дали беспилотните летала претставуваат закана. Тие не коментираат ниту дали се користени одбранбени механизми, но нагласија дека го задржуваат „правото да ги штитат“ своите објекти.

„Можеме да потврдиме дека беспилотните летала беа забележани во близина и над базите. Имаше неколку од нив, и тие се разликуваа по големина и конфигурација. Активно ги набљудувавме, а раководството на базата заклучи дека ниту еден од упадите не влијаел на жителите на базата или на клучната инфраструктура. Продолжуваме да го следиме нашиот воздушен простор и да работиме со локалните власти за да се осигура безбедноста на персоналот, објектите и опремата“, рече портпаролот на УСАФ за Европа.

притисни ентер