Видео: Ноле на меч на Ал Хилал се сретна со Митровиќ, Сергеј и Нејмар

Најдобриот свтески тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ учествува на егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија, каде во полуфиналето загуби од Јаник Синер, па во борбата за третото место ќе ги одмери силите против Рафаел Надал.

Слободното време Ѓоковиќ го искористи за да го гледа фудбалскиот натпревар меѓу Ал Хилал и Ал Фејха. Пред почетокот на мечот популарниот Ноле се симна на теренот за да се сретне со своите сонародници, ѕвездите на Ал Хилал српските фудбалери Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

По тој повод и тие се фотографираа, а Новак го држеше дресот со бројот 24 кој ги симболизира освоените Грен слемови.

Во подтрибинскиот простор Новак се сретна и со светската фудбалска ѕвезда, неговиот пријател , Бразилецот Нејмар, која е член на Ал Хилал но поради повреда веќе подолг период е надвор од теренот.

На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници

На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона.

Албанската вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона.

- На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги надминаа очекувањата поставени на почетокот на годината и во секој поглед истата е рекордна, изјави Балуку.

Таа додаде дека прогнозите за бројот на патници на аеродромот до крајот на годината се 10,4 милиони патници и изрази уверување дека и оваа бројка ќе биде надмината.

- Предвидуваме дека годината ќе заврши со 69.000 летови, кои во текот на годината се рамномерно распоредени. Има зголемување и на бројот на нови дестинации кон Европа на 136, наспроти 109 колку што имаше во 2023 година, посочи министерката.

Таа најави дека следната година ќе биде пуштен во употреба новиот аеродром во приморскиот град Валона, со што Албанија ќе добие еден од најголемите аеродроми во регионот со писта од категорија Е, долга 3,2 километри.

- Очекуваме да имаме прекуокеански летови, кои ќе придонесат во зголемување на бројот на туристи кои доаѓаат од таму, посочи Балуку.

Рита Ора во солзи не може да ја отпее песната што ја сними со Пејн!!!

Музичката ѕвезда Рита Ора настапи во Јапонија, а за време на изведбата на песната што ја сними со починатиот пејач  Лиам Пејн, заврши во солзи и не можеше да пее.

Пејачката настапи по веста дека Пејн починал, а заедно со него сними дует за филмот „Fifty Shades Freed“.

„Не можам да го пеам ова во моментов“, рече Ора за време на изведбата на „За тебе“ додека во позадина беше прикажана фотографија од неа и Лиам.

Пред тоа, пејачката се огласи на социјалните мрежи за да се збогува со пејачот.

„Уништена сум. Имаше најпрекрасна душа, никогаш нема да го заборавам. Многу сакав да работам со него, беше вистинско задоволство да се биде со него на сцената но и надвор од неа. Оваа трагична вест ми го скрши срцето. Нашата песна „За тебе“ сега добива сосема ново значење за мене“, напиша Ора.

Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери.

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

- Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

- Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

- Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

притисни ентер