Дводневен Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет - Скопје

На 20 штанда исто толку македонски компании се претставуваат на традиционалниот Саем за пракса и вработување што денеска и утре се одржува во холот на Машински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Традиционално Машинскиот факултет секоја година барем еднаш организира заедничко дружење за индустријата и за нашите студенти – дипломирани или при крај на студиите, но и за сите што студираат на факултетот. Присутните 20 компании имаат можност да разговараат со нашите студенти, но и студентите со нив, да се запознаат, да направат пракса кај нив и во крајна линија да се допаднат едни на други. Ова е еден од начините на кој ние сакаме да го заокружиме системот на образование што им го нудиме на студентите и покрај праксата да им понудиме и можности за вработување, изјави деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески на отворањето на Саемот.

Тој нагласи дека Саемот е место и начин на кој индустријата се сретнува со студентите и начин на кој меѓусебно ќе се претстават едни на други.

-Компаниите во овие два дена ќе може да направат промоција на своите програми, на работните места и на она што го работат, а студентите да го слушнат тоа. Сепак, ние не сме многу голема држава, а не сме ни многу голема индустрија. Ова е една од малкуте можности кога нашите студенти и дипломирани можат конкретно да се запознаат со компаниите, рече Петрески.

Проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ, посочи дека ја радува бројот на присутни компании на денешниот настан.

-Тоа е само уште една потврда дека компаниите го препознаваат квалитетот на студентите кои студираат на УКИМ, истакна Тониќ-Рибарска.

За проф. д-р Радмил Поленаковиќ, раководител на Центарот за кариера на Машинскиот факултет од Скопје, образованието е еднакво на вработливост и токму тоа, како што кажа, е основната равенка која треба да ја практикува образовниот систем.

-Тоа значи колку поквалитетно образование, толку полесно вработливи студенти, односно средношколци. Затоа ние поддржуваме блиска соработка со компаниите, а доказ за тоа се 20. присутни компании на овој Саем. Се надевам дека проактивноста на нашите студенти ќе овозможи многу лесно да си најдат и пракса и вработување во овие компании, а и во другите компании, посочи Поленаковиќ.

Благица Милкова, студент на трета година на Машинскиот факултет на студиската програма Индустриско инженерство и менаџмент порача дека Саемот им овозможува на студентите да покажат што знаат, но и на компаниите да им понудат пракса која може да им помогне во нивната понатамошна кариера.

-Тука на Саемот има различни компании кои се едни од попрестижните во индустријата и во технологијата. Тоа е шанса за нас студентите, бидејќи не секогаш може да видиме штандови на компании кои имаат најпрестижна технологија. Водено имаме различни можности да избереме компанија од било кој град за пракса, која како еден вид на отскочна даска понатаму може да ни помогне во вработувањето, рече Милкова.

Утре на вториот ден на саемот ќе се одржи Форум на тема „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“, на кој ќе говорат Боријан Борозанов, генерален директор на „Џонсон Мети“, Веле Самак, директор за приходи во „Микросам“, Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори и извршен директор на ИКТ-комората, проф. д-р Валентина Гечевска, проректор на УКИМ, и проф. д-р Сања Поповска-Василевска, потпретседател на Македонската асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“, како и претставници од секторите за човечки ресурси на компаниите присутни на Саемот.

Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.

Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката.

Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

Стручен колегиум на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем успех на криминалната СДС-ДУИ за членство во ЕУ е сликање селфи во авион

Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?

Одговорот е НЕ.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ, се наведува во партиската реакција.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

притисни ентер