Дрвосечач ги загуби двете нозе само по 15 минути на новото работно место

Џон О'Нил (33) продолжува да се бори иако судбината изигра сурова игра со него.

Имено, тој ги загубил двете нозе во несреќа со дробилка која се случила само 15 минути откако пристигнал на новото работно место на првиот работен ден.

Џон товарел гранки во машината во Лонгмонт кога гранка во форма на јадица се фати на неговиот уред за надгледување и го повлече внатре.

Сечилата му ги повредиле прстите, стапалото, зглобовите и нозете, пишува „Индипендент“. Џон бил на своето ново работно место само 15 минути на првиот ден од тој кобен 24 септември.

„Нешто се случи во мојот мозок каде сфатив дека се плашам од многу повеќе отколку само да изгубам нога или стапало“, изјави О'Нил за The Denver Post.

Потоа го зграпчил работ на дробилката обидувајќи се да се одржи. Неговите колеги веднаш не го слушнале како вика за помош поради заштитата за уши.

„Помина време пред моите работници да сфатат што се случува“, вели тој и продолжува:

„Болката беше... Речиси не ја почувствував. Навистина не ја чувствував болката колку што знаев дека сум во неволја. Многу брзо тоа стана борба за живот“.

Кога работниците конечно го извлекле, сечилото му било до средината на бутот. Полицијата пристигнала на местото на несреќата и го однела во локалната болница. Потоа бил префрлен во болницата Сент Ентони во Лејквуд, Колорадо.

На пат кон болница доживеал клиничка смрт.

„Срцето ми застана. Тие во основа ја заменија целата крв во моето тело“, додаде О'Нил.

Подоцна му биле ампутирани нозете над колената. Дури кога се разбудил во болнички кревет ден по несреќата, О'Нил сфатил што се случило.

Неговото семејство веднаш дошло да го поддржи. Кога неговата мајка дознала што се случило, била толку испаничена што лекарите ја сместиле во болница три дена.

О'Нил не сакал да го именува својот работодавец или да каже дали планира да преземе правни мерки против компанијата. Планира да добие протези и да посвети повеќе време на волонтирањето.

Тој се надева дека неговата нова платформа ќе му даде можност да се залага за прашања кои се важни за него, вклучително и апстиненција од зависност од дрога и алкохол. Страницата GoFundMe, поставена за да му помогне на О'Нил да ги постигне своите идни цели, собрала повеќе од 27.000 долари од целта од 30.000 долари.

Непознати дронови 17 дена летале над американската воена база во Ленгли, Вирџинија

Беспилотни летала се забележани како летаат над воздухопловната база Ленгли во американската сојузна држава Вирџинија и ги збунија американските воени претставници .

Беспилотни летала се забележани како летаат над воздухопловната база Ленгли во американската сојузна држава Вирџинија и ги збунија американските воени претставници кои не се сигурни дали тоа е дело на непријателски сили или на луѓе кои се занимаваат со дронови како хоби.

Воздушниот простор над Ленгли е ограничен, а пробивот во декември, за кој првпат објави веб-страницата „Воена зона“ и пријавени на американскиот претседател Џо Бајден, предизвика тревога кај воените експерти.

Летовите траеле 17 дена, а беспилотните летала ја прелетале базата околу еден час по зајдисонце, објави британски Телеграф.

Воздухопловните сили на САД ги потврдија беспилотните летала во соопштение, но ја минимизираа потенцијалната закана.

Бројот на беспилотни летала флуктуирал и варирал по големина и конфигурација, пишува весникот. На парадата со беспилотни летала присуствувал генералот Марк Кели од воздухопловните сили на САД, објави „Волстрит џурнал“.

Состојбата предизвика двонеделни состаноци во Белата куќа во кои биле вклучени претставници на Пентагон, вклучително и персонал од канцеларијата за НЛО и ФБИ.

Според федералниот закон, војската смее да соборува беспилотни летала над воените бази само доколку тие претставуваат директна закана.

Ако се осомничени за шпионирање, иако тоа е нелегално, тоа не значи дека може да бидат соборени.

Во февруари минатата година, Кина активираше безбедносно предупредување откако американските воздухопловни сили соборија сомнителен балон.

Експертите веруваа дека балонот, кој прелетал над голем американски ракетен силос, е демонстрација на сила, а не сериозен обид за собирање информации.

ИДФ: Во куќи на цивили во јужен Либан е пронајдено скриено оружје на Хезболах (ВИДЕО)

Израелските вооружени сили на ИДФ на југот на Либан открија десетици магацини со оружје скриени во куќи на цивили, соопшти денеска израелската армија.

Оружјето го откриле членовите на борбениот тим на 8-та бригада и елитната антитерористичка единица ЛОТАР што дејствува во јужен Либан, соопшти ИДФ, објави „Тајмс оф Израел“.

На снимката објавена од војската се гледаат магацини со минофрлачки гранати, мини, пушки калашникови, магацини и панцири.

ИДФ соопшти дека биле пронајдени и противтенковски ракети Корнет и дека ова оружје било наменето за елитните сили Радван на либанското движење Хезболах, кои се подготвуваат да го нападнат северниот дел на Израел.

Во соопштението се додава дека трупите кои ги пронајдоа складиштата со оружје, изведоа значителен број операции против Хамас во Газа во текот на изминатата година, како и дејствуваа како дел од 91-та дивизија на источното крило на копнените операции на ИДФ во јужен Либан.

Македонија со убедлива победа против Еременија од 2:0 среде Ереван

Македонските репрезентативци постигнаа голема пробеда од 2:0 против Еременија во Ереван во 4. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на УЕФА.

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.

Победата, трета во серија за избраниците на селекторот Благоја Милески, ја навести Бојан Миовски со прекрасен гол во 72 минута, а ја потврди Исник Алими во 85 минута.

Македонија уште на самиот почеток на дуелот на стадионот „Варгзен Саргсјан“ ја затресе противничката мрежа, но голот на Никола Серафимов беше поништен од ВАР собата поради милиметарски офсајд.

Ерменија во продолжението доминираше на теренот, но не реализираше неколку идеални шанси за гол.

Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.

Македонската репрезентација води на табелата со 10 бодови од четири натпревари, пред Ерменија со четири бодови. Летонија е третопласирана со три, а Фарски острови се на последното место со два бодови пред нивниот меѓусебен дуел вечерва од 20:45 часот.

Двата завршни дуели во рамки на групата Ц4 избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одиграат идниот месец во Скопје, против Летонија на 14 и против Фарски Острови на 17 ноември.

притисни ентер