Драма на Пацификот: Отишле на нуркање, екипажот на бродот ги заборавил во океанот (ВИДЕО)

Необична приказна се случила веднаш до брегот на Хаваите, каде Камила Сторчи и нејзиниот сопруг Рајан наишле на петмина изгубени нуркачи додека пливале во Пацификот.

Во еден момент слушнале „благ крик“ и оддалеку здогледале „пет точки“. Несреќниците пловеле во водата, обидувајќи се да повикаат помош.

„Штом го слушнавме крикот, почнавме да го „скенираме“ хоризонтот и видовме пет мали точки. Се приближивме со чамецот колку што можевме и сфативме дека едно лице повраќа. Покажуваше знаци на хипотермија“, напишала Камила на Инстаграм.

Се испоставило дека тие поминале нешто повеќе од 90 минути во вода, бидејќи екипажот на нивниот брод „по грешка ги изгубил“, пишува Дејли мејл.

„Мојот сопруг се обиде да ги извлече, но не успеа. Веднаш ја алармиравме крајбрежната стража и ги обиколивме додека не дојде хеликоптерот“, објасни таа.

Додека ги чекале спасувачите, очајните нуркачи разговарале со Камила и Рајан, кои се обиделе да ги смират и да ги одржат во „добро расположение“.

„Кога хеликоптерот почна да се спушта, видовме мал брод кој се појави од никаде. Брзо ги собраа и запловија“, тврди жената.

Крајбрежната стража го објавила инцидентот на 6 ноември и изјавиле дека бродот припаѓал на туристичка компанија.

„Веднаш штом била лоцирана групата нуркачи биле информирани и пловилото ги подигнало“, соопштија надлежните.

По драмата во Пацификот се огласи и дотичната компанија.

„Благодарни сме што нуркачите поминаа неповредени. Истражуваме што се случило, за да спречиме вакви инциденти во иднина“, беше речено.

Се додава дека локацијата за нуркање е променета.

„Изјавите на капетанот на бродот и водачот на експедицијата укажуваат дека одлуката е донесена во последен момент, и дека во таа прилика протоколот не бил испочитуван“, соопштуваат од компанијата.

Се очекува во наредните денови да бидат познати сите детали за бизарниот случај на брегот на Хаваите.

Се распаѓа објектот на МНТ – дали конечно државата ќе преземе нешто?

Наместо да биде симбол на скопската култура, МНТ со години тоне во запуштеност. Барокните декорации и црвените теписи не успеваат да ја маскираат поразителната слика во театарот.

Распаднатите плафони од кои при секој дожд тече вода која се собира во кофи и испуканите ѕидови полни со влага ја извадија на површина несоодветната изведба на објектот уште при неговата градба во 2014тата година..

Во овој објект кој од далеку изгледа како гламурозен дом на културата, не ретко се случува публиката да биде пречекана со кофи кои собираат вода од прокапениот покрив.

Сликата не е поразлична ни од надвор. Стиропорната ограда се распаѓа, фасадата е испукана на повеќе места и околината е полна со одпадоци.Ликот на Петре Прличко кој е симбол на МНТ и чија скулптура е направена така што се поклонува кон театарот со сигурност би се засрамил од оваа глетка.

Срамна е глетката вели и министерот за култура Зоран Љутков кој денеска направи обиколка низ театарот заедно со в.д директорот Никола Кимовски. Според Љутков претходната Влада со тенденција го држела МНТ во очај. Тој вели дека театарот во минатото имал продукциски буџет и до 20 милиони денари, а сега буџетот изнесувал само 4 милиони, што според него претставува инвестиционо уништување, за што најави дека ќе бара одговорност од надлежните институции. Љутков вети дека ќе се заложи околу санација на објектот, а приоритет вели ќе е застаклување на терасите преку кои течела водата.

- Сум шокиран во однос на тоа дека оваа ситуација со овој распаднат театар можам да кажам слободно трае веќе 7 8 години иако се знаеле позициите дека некаде капе некаде тече некаде има проблем иако имало во текот на годините обезбедувано средства за поправки и преправки тоа не се случило. Со еден проект во кој што би се затвориле тие неколку клучни точки и тоа и не е некоја претерана сума. Вие можете да ги затворите терасите, да ги застаклите и да го забраните дотокот на вода, поголемата инвестиција е штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирано на време.

И Кимовски прстот за лошата состојба на МНТ го впери во претходната Власт. Според него за санација на штети од ваков обем, за кои сеуште работат на утврдување на точната сума, потребен би бил подолг временски период.

- Во претходните 7 години буквално овој театар го нема посетено ниту еден министер за култура за жал, не знам од кои причини. Знаеме дека имало некои средства кои што би ни помогнале и би ни биле од важност но едноставно овој голем театар е оставен бавно но сигурно да пропаѓа.

Состобата е очајна и во останатите театри и културни институции- вели Љутков. Според него воопшто не се водела грижа ниту за сценската опрема, светлата, видео бимовите..Во однос на реконструкцијата на Универзална сала, тој кажа веќе неколку работни групи работеле на слулајот. Тој соопшти и дека на претходната Владина седница поминале законски измени со кои Министерството за култура покрај националните установи ќе може да гради и локални установи, а до крајот на месецот очекува измените да поминат и во Собранието.

Доналд Трамп продолжума да ја комплетира својата нова администрација

Кабинетот на Доналд Трамп ги добива контурите. 

Откако сенаторот од Флорида Марко Рубио и официјално беше номиниран за државен секретар на САД, Трамп го соопшти назначувањето и за серија други позиции. Поранешниот новинар и воен ветеран Пит Хегсет e назначен да биде Секретар за одбрана, екс разузнавачот Џон Ратклиф ќе раководи со ЦИА, а најголемо внимание предизвика предлогот конгресменот Мет Гец да раководи со секторот правда. Гец кој е познат како тврдокорен поддржувач на Трамп, минатата година беше дел од неколку истраги токму од министерството кое сега треба да го раководи.

-Да бидеме многу јасни во врска со ова, тој (Гец) е под истрага од комитетот за етички прашања сега, тој беше под кривична истрага од Министеството за правда, соопштија на почетокот на годината дека одлучиле да не го обвинат во тој случај, но има обвинители кои работат во моментов во Министерството за правда кои знаат многу факти за таа истрага што јавноста не ги знае, станува збор за случај со трговија со луѓе,- - Кен Диланиан – Политички аналитичар.

Поранешната конгресменка од демократите, а сега републиканка, Тулси Габард пак, е номинирана за директорката на националната разузнавачка служба. Габард која е позната своите ставови против поддршката за Украина во војната против Украина и критиките кон НАТО, дел од аналитичарите во САД ја оценија како проблематичен избор за новата администрација.

-Мислам дека сите сме желни да почнеме со работа. Има многу што треба да се направи, состаноците се веќе почнати. Претседателот Трамп го предводи сето тоа, осигурувајќи дека кога повторно ќе ја положи заклетвата на 20 јануари ќе почнеме со работа,- - Тулси Габард – Номинирана за директорка на Национална разузнавачка служба.

-Тулси Габард никогаш не работела во разузнавачките служби. Нема никаква реална позадина за оваа работа. И таа беше поттикнувач на многу начин за Путин, Асад, Ердоган, луѓе кои не се воопшто пријателски насочени кон САД. Ова е прилично лошо. Ова се сериозни работи и потребни ни се сериозни луѓе на тие позиции,- - Џејми Метзл – Поранешен советник за национална безбедност.

Кабинетот на Трамп, заедно со него ќе стапат на функција на 20 јануари, кога тој и официјално повторно ќе положи заклетва на функцијата. Неговиот некогашен ривал Бајден пак, на првата средба во Белата Куќа повтори дека очекува мирна транзиција.

-Доналд, честитки и се надевам на, како што кажавме, мазна транзиција. Ќе направиме се што можеме да се осигураме да бидеш задоволен со се што ти треба,- Џо Бајден – Претседател на САД.

-Ви благодарам многу, полииката е тешка и во многу случаи тоа не е многу убав свет, но денеска е убав свет и го ценам тоа многу, транзиција која ќе биде мазна колку што може и ти благодарам Џо,- - Доналд Трамп – Избран претседател на САД.

Во меѓувреме, по мнозинството во Сенатот, републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата и врз Претставничкиот дом, со што Трамп ќе има одврзани раце за спроведување на неговите политики уште на почетокот на мандатот.

Почна комисиската расправа за предлог буџетот за 2025 година

За власта развоен и реален, за опозицијата расипнички и недомаќински, предлог-буџетот за 2025 година влезе во собраниска процедура со поднесени 307 амандмани од политичките партии.

Во експозето на комисиската расправа министерката за финансии Димитриеска Кочовска изјави дека распределбата на парите ќе овозможи непречено функционирање на институциите, вистинска борба со сивата економија, економски раст и одржливост на подолг рок.

Во име на опозициската СДСМ лидерот Филипче повтори дека неговата партија нема да даде поддршка бидејќи според нив се работи за неодговорно трошење, се крати во клучните сектори и дополнително се оптоварува администрацијата.

Со критики за одвоените буџети во правосудството се огласија и државниот обвинител Коцевски и претседателката на Судскиот совет Дамева. Се пожалија дека и за следната година за нив не биле предвидени пари за нови вработувања, опрема и обуки кои велат дека им се неопходни за независен и ефикасен правосуден систем.

Во предлог буџетот, владата планира да потроши 6,5 милијарди евра, а да собере 5,8 милијарди, односно дифицититот ќе биде речиси 700 милиони евра. На високо ниво се прокетирани и капиталните инвестиции, нешто над 800 милиони евра.

Според новиот деловник комисиската расправа за буџетот може да трае до крајот на овој месец, а според најавите од собранискиот спикер Гаши на пленарна седница најверојатно ќе се најде пред нова година.

притисни ентер