Драган Ковачки „На кавга со Иван“

Вечерва, ден кога ќе имам „кавга“ со екс специјалец, воен разузнавач, полковник и денеска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислите лесно ќе му би...пардон, лесно ќе ми биде со човек кој ја бранел Македонија?

Ќе може ли да ги одбрани актуелните политики на Владата? Зошто не и се извинил на Славјанка Петровска?

Кој му застанал на патот до генералската позиција во армијата?

Има ли сторено кривично дело -фалсификат како што обвинуваше СДСМ?

Имаше ли проблем да добие безбедносен сертификат?

Спие ли се’ уште мирно после помилувањата на Претседателката?

Војнички и мирно....

НА РАПОРТ, пардон „На кавга со Иван“

Гостин: Драган Ковачки

Вечерва ќе гостува Драган Ковачки, Канал 5 ТВ „На кавга со Иван“, во 21.30ч на Youtube на каналот и 23 часот на Канал 5.

Саем за студии во Франција во НУБ „Св. Климент Охридски“ -Скопје

Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Саем за студии во Франција, ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, во организација на Францускиот институт во Скопје и француската Агенција за високо образование Кампус Франс.

Овој традиционален настан официјално ќе биде отворен со поздравни говори на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+ Марко Ѓоргиевски и на НУБ „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски.

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

- Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за стипендии, студиски програми на англиски јазик и сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Кампус Франс Скопје ќе даде вовед и основни информации за пристапот до универзитетските студии во Франција (процедури за упис, трошоци, стипендии) по што ќе следи презентација на специјализираните школи за инженери: Centrale Lyon - ENISE – Висока школа за инженери во Лион (https://www.ec-lyon.fr/centrale-lyon/gouvernanceorganisation/ecole-interne-enise), Centrale Nantes – Висока школа за инженери во Нант (https://www.ec-nantes.fr/?l=0), INSA de Rouen – Државен институт за применети науки (https://www.insa-rouen.fr/).

На саемот ќе се претстават и универзитетите во Поатје (https://www.univ-poitiers.fr/), во Лимож (https://www.unilim.fr/), вот Каен Нормандија (https://www.unicaen.fr/), универзитетит Клод Бернар Лион 1 (https://www.univ-lyon1.fr/), Универзитетот за политички науки (https://www.sciencespo.fr/college/fr/vie-campus/campus/dijon).

Заинтересираните за студии во Франција ќе може да се запознаат и со Франкофонскиот центар за вработливост (CEF) при Филолошкиот факултет « Блаже Конески », Скопје (https://flf.ukim.mk/), а ќе може да ги проследат и презентациите на високите школи за менаџмент ISC Paris – Висока школа за надворешна трговија (https://www.iscparis.com/) и Y SCHOOLS – Висока школа за менаџмент, дизајн и туризам (https://yschools.fr/). соопштуваат од Францускиот институт во Скопје.

Почна изградбата на фабрика за летечки автомобили во Гуангжу

Изградбата на првата фабрика за летечки автомобили во Гуангжу - главниот град на покраината Гуангдонг во јужна Кина, почна вчера, објавија кинеските медиуми.

Компанијата „Икс-ПЕНГ Аерохт“ (XPENG AEROHT) и нејзиниот оддел за производство на летечки автомобили „Икс-ПЕНГ“ ќе бидат првите во светот за масовно производство. Тука првично ќе се произведува леталото наречено „Копнен носач на авиони“, опишано како воздушен модул за летечки автомобил.

- До крајот на годината, компанијата треба да почне со продажба на летечкиот „Копнен носач на авиони“, за којшто се завршени тестирањата и тест-летовите со екипаж уште во септември, изјави Жао Дели, основач на компанијата.

Според наводите, првиот погон со капацитет од 10.000 единици годишно ќе биде сместен на површина од 18 хектари.

Кинотеката ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Кинотеката денеска ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. 

До крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

-Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE. На презентацијата ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, од Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот, најавуваат од Кинотеката.

Воедно, од денеска до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање...

27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија, наведуваат од Кинотеката.

притисни ентер