Дневен хороскоп за 19. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 19. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете.

Кариера

Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство.

Здравје и совет

Здрави сте и инвентивни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи.

Кариера

Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели.

Здравје и совет

Вашите идеи се се подобри и подобри.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа.

Здравје и совет

Проблеми со исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите.

Кариера

Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа.

Здравје и совет

Разбистрете ги мислите во тишина.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе веводи силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена.

Кариера

Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти.

Здравје и совет

Изразете се слободно .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза.

Кариера

Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација.

Здравје и совет

Обрнете внимание на соништата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни.

Кариера

На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на ситници.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност.

Кариера

Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате.

Здравје и совет

Барате пријатна диета за себе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи.

Кариера

Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале.

Здравје и совет

Некои размислуваат за диета.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате.

Кариера

Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот.

Кариера

Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате.

Здравје и совет

Ќе има мали неровози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни.

Кариера

Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет.

Здравје и совет

Излезете им во пресрет на другите.

Филипче: Европскиот пат мора да остане приоритет, секое одложување е чекор назад

Актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. 

Секое одложување на отворање на поглавјата е всушност чекор назад. СДСМ останува посветена на европските вредности и ќе продолжи конструктивно да делува во однос на ова прашање, истакнал претседателот на СДСМ Венко Филипче на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

Како што соопшти СДСМ, во фокусот на разговорот бил евроинтеграцискиот процес, односно важноста Македонија да го продолжи европскиот пат, како и потребата од остварување на натамошните чекори кон отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ.

На средбата било потенцирано дека интеграцијата на државата е прашање од национален интерес и секое одложување на исполнување на условите од преговарачката рамка е чекор назад за иднината на граѓаните.

Како што се наведува, претседателот на СДСМ, Филипче изразил загриженост од политиките на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, кој како што кажа во моментов по одвојувањето од Албанија, е закочен. СДСМ како партија ќе го поддржи секој процес што ќе значи приближување на државата до ЕУ.

-Она што загрижува е фактот дека актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. Секое одложување на отворање на поглавјата е всушност чекор назад. СДСМ останува посветена на европските вредности и ќе продолжи конструктивно да делува во однос на ова прашање, рече Филипче.

Амбасадорот Рокас ја потврдил поддршката на ЕУ за интеграција на државата како и позитивниот однос на ЕУ во однос на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. На средбата беше потенцирано и значењето на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, како конкретна финансиска поддршка за доближување на македонската економија кон нивото на економиите на европските земји и кој е од исклучително значење јакнење на капацитетите за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Филипче и Рокас се согласиле дека е неопходно државата да ги продолжи реформите и да се насочи кон исполнување на условите важни за членството во ЕУ, потенцирајќи дека дијалогот и соработката ќе останат клучни за европската иднина на Македонија.

Цела Куба остана без струја

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десет милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата. 

Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот.

Министерството вчера објави на „Х“ дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“.

Мрежниот оператор УНЕ рече дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да започне со обновување на струја во пошироките области на земјата.

Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг.

Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови.

Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс.

Тен Хаг: Лага е дека ќе ме отпуштат во Јунајтед

 Медиумите веќе подолго време му даваат отказ на Ерик Тен Хаг, но тој за медиумите изјави дека не е загрижен за неговата работа во Манчестер Јунајтед бидејќи ништо не се случува во клубот.

-Вревата доаѓа само од некои од вас новинарите, создавајќи бајка и лаги. Знам само дека сите сме во клубот на иста страна. Ова го кажав пред паузата, вие новинарите веројатно не ми верувате. Во клубот е тивко, ништо не се случува, истакна Тен Хаг.

Најслабиот старт во Премиер лигата, моментално на 14. место, е причина и за овие тврдења на новинарите.

-Секако, никој не е задоволен од позицијата на која се наоѓаме. Рангирањето не лаже. Но, ние сме обединети, остануваме на планот и убедени сме дека ќе постигнеме успех, заклучи Тен Хаг.

Јунајтед денеска од 16 часот ќе игра против Брентфорд во осмото коло од Премиер лигата и императивот за победа лебди над Тен Хаг и тимот.

притисни ентер