Директорот на Форд призна дека вози кинески електричен автомобил Xiaomi SU7: Не се откажувам

Џим Фарли, извршен директор на Форд, откри неочекуван факт: тој веќе шест месеци го вози Xiaomi SU 7, првиот електричен автомобил од Xiaomi.

Во изјавата за „The Fully Charged Podcast“, Фарли истакна дека е фасциниран од перформансите на кинескиот EV до тој степен што не планира да се откаже од него.

„Донесовме еден од Шангај до Чикаго и јас го возам веќе шест месеци“, рече Фарли. „И не планирам да се откажам од него.“

Оваа изјава доаѓа во време кога сѐ повеќе се зборува за кинеска доминација на пазарот на електрични возила. Xiaomi, кој е познат како технолошки гигант, влезе на автомобилската сцена кон крајот на 2023 година со Xiaomi Speed ​​​​Ultra 7, луксузен електричен седан со цена од 30.000 долари. SU7 Max може да помине повеќе од 500 милји со едно полнење, надминувајќи ги перформансите на Model S на Tesla.

Отворените пофалби на Фарли за автомобилот ја осветлуваат промената во конкурентната динамика, при што кинеските марки повеќе не се само поддршка, туку сериозни играчи на глобалниот пазар. Xiaomi моментално продава помеѓу 10.000 и 20.000 единици месечно.

Во обид да се справи со зголемената конкуренција од кинеските производители на ЕВ, Форд формираше тим од инженери „Skunk Works“ со задача да развие поевтина EV платформа. Исто така, компанијата го одложи лансирањето на електричните SUV модели со три реда седишта, како и на следната генерација на пикап камиони, со цел да се фокусира на подостапни верзии на ЕВ.

На настанот на Морган Стенли во 2023 година, Фарли јасно стави до знаење: „Кина е најголемата закана за американската автомобилска индустрија“. Оваа изјава дополнително ја потврдува неговата подготвеност да соработува со кинеските производители, особено во областа на батериите, кои го сочинуваат најголемиот дел од трошоците за возилата за EV.

Манчини „пее“ по отказот од Саудиска Арабија, тренерот ќе добие милиони

Роберто Манчини и Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија наводно преговараат за раскин на неговиот договор, пренесува Riyadh TV, и се чини дека ова може да стане најскапиот отказ во светскиот фудбал.

Италијанскиот стручњак го презеде водството на саудиската репрезентација во август 2023 година, постигнувајќи седум победи, пет нерешени и шест порази на 18 натпревари.

Иако Манчини имаше поддршка од клучните фигури на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0:2) на 10 октомври во квалификациите за Светското првенство, ситуацијата драстично се влоши пет дена подоцна, кога на домашен терен имаше реми против Бахреин. (0:0). Овој резултат предизвика дискусии меѓу навивачите на стадионот поради незадоволството од лошата игра.

Според „Кориере дела сера“, Манчини како селектор на Саудиска Арабија добива 30 милиони евра годишно, а неговиот договор е со важност до летото 2027 година.

Од друга страна, британски Мирор пренесува дека е постигнат договор за взаемно раскинување на договорот, а според овој аранжман, Манчини би можел да добие околу 70 милиони евра отпремнина, што би претставувало најголема отпремнина некогаш исплатена на фудбалски тренер.

„Ролеркостер“ остана без струја среде возење, децата се спуштаа од 20 метри височина (ВИДЕО)

Драматичното видео е снимено неодамна во забавен парк во Колумбија.

Ролеркостерот запрел поради прекин на струја, па луѓето биле принудени да се спуштат по структурата висока 20 метри, пренесува Метро.

На социјалните мрежи се појави видео на кое посетителите внимателно се симнуваат по тесната патека, а меѓу нив има и родители со деца.

Лицето кое снима вели дека „се чувствувале нервозни, но искуството било уникатно“.

@pulzocolombia 😰Alrededor de 18 personas tuvieron que bajarse del vagón de la atracción en el Parque del Café por bajón de energía. #parquedelcafe #montañarusa #accidente #fyp ♬ ■ News News-Drone-IT-AI(963995) - ImoKenpi-Dou

Претставникот на забавниот парк истакнал дека при инцидентот немало повредени и дека редовно ги проверуваат нивните возења.

Тој додава дека за повеќе од 20 години работа не се соочиле со сериозна вонредна состојба.

Скандал во Италија: Кај поранешен потсекретар за култура е најдено украдено ремек дело

Поранешниот потсекретар за култура и уметност, 72-годишниот Виторио Сгарби, се соочува со можно судење поради слика пронајдена на неговиот имот, која била украдена, а потоа наводно изменета во обид да се сокрие нејзиното потекло.

Обвинителот Марко Мачерати ја затвори истрагата за сликата, украдена од замок во северна Италија во 2013 година, а подоцна наводно пронајдена на имотот на Сгарби, со додавање на насликан факел за да изгледа како да не е украденото дело, објави весникот Il Fatto Quotidiano, пренесе АНСА.

Весникот наведува дека Сгарби, еден од водечките италијански критичари и историчари на уметностa, ризикува затвор од четири до 12 години доколку се докаже дека сликата е украдена.

Понатаму се наведува дека озлогласениот фалсификатор Пасквале Фронѓа им признал на обвинителите дека го додал факелот на сликата, на барање на Сгарби.

Сграби, кој ја напуштил функцијата во февруари, откако антимонополската власт на Италија утврдила дека неговите приватни конференции и други профитабилни активности се неспоиви со улогата на потсекретар за култура, денеска изјави дека „има целосна доверба во судиите“ и дека „ќе ја докаже својата невиност“.

притисни ентер