ДФРМ учествуваше на вонредното собрание на Европската асоцијација на филмски режисери

Европската федерација на филмски режисери ФЕРА, на 30 септември одржа вонредно годишно собрание на кое за почесен претседател беше избран Кен Лоуч - еден од најзначајните британски филмски автори во последните неколку децении. 

Во своето воведно обраќање, Кен Лоуч навраќајќи се на неговата плодна кариера, потсети колку филмските автори можат да влијаат врз општествените промени, нееднаквоста и социјалните неправди.

Друштвото на филмски работници на Македонија, преку секцијата режија е полноправен член на оваа федерација која изминативе години се бори за усогласување и подобрување на правата и условите за работа на филмските режисери ширум Европа.

Друштво на филмски работници на Македонија

Хјуман рајтс воч: Убиството на тројца новинари во израелски напад во Либан е воено злосторство

Меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска оцени дека израелскиот напад во Либан во октомври, во кој беа убиени тројца новинари, најверојатно е намерен напад врз цивили и очигледно воено злосторство.

Тројца новинари загинаа, а неколку беа ранети додека спиеле во гостилница во јужен Либан. Тоа беше еден од најсмртоносните напади врз медиумите од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред 13 месеци.

Оттогаш, уште 11 новинари се убиени, а осум се ранети, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.

ХРВ заклучи дека израелските сили користеле бомба од американско производство со систем за наведување JDAM во нападот на 25 октомври.

ХРВ оцени дека американската влада треба да ја прекине испораката на оружје за Израел поради повторените „незаконски напади врз цивили, во кои американски официјални лица би можеле да бидат соучесници во воени злосторства“.

Израелската војска веднаш не го коментираше извештајот.

ХРВ пронашла остатоци од бомбата на местото на нападот и прегледала фотографии од деловите собрани од сопственикот на гостинската куќа и заклучила дека тие одговараат на комплетот за наведување бомби JDAM кои ги составува и продава американската компанија Боинг./МИА

Лига на шампиони: Алонсо на располагање има само 13 фудбалери

Германскиот фудбалски првак Баер Леверкузен има голем проблем со отсутни фудбалери пред утрешниот натпревар од 5. коло во Лигата на шампиони против австриски Салцбург за кој тренерот Чаби Алонсо на располагање има само 13 играчи.

Последниот играч кој отпадна поради повреда е францускиот напаѓач Мартин Териер. Напаѓачите Јонас Хофман и Виктор Бонифас, крилниот напаѓач Амине Адли и дефанзивците Норди Мукиеле и Жануел Белосијан се надвор од терените од претходно.

„Доколку сакаме да имаме шанса да влеземе меѓу осумте најдобри, следните два натпревари на домашен терен се клучни. Знаеме колку се важни претстојните натпревари против Салцбург и Интер. Салцбург игра со многу интензитет и динамика. Сакаме да освоиме важни бодови во БајАрена“, изјави Алонсо.

Германските медиуми пренесуваат дека Алонсо речиси и да нема алтернативи во нападот и одбраната, а кон тимот се приклучи и 16-годишниот Бен Хавигхорст.

„Доколку спортскиот директор ми даде договор како играч, можеби и јас би можел да играм“, рече Алонсо низ насмевка. „Сепак, имам договор само како тренер, така што не смеам да играм“./МИА

Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

- Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот. /МИА

притисни ентер