Али Ахмети: Изборите се решение!

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими турскиот Амбасадор г. Фатих Улусој. 

Претседателот Ахмети и Амбасадорот Улусој разговараа за многу прашања во земјата и регионот, како што се евроинтеграциите на земјата, билатералните односи меѓу нашите две земји, стратешкото партнерство со Република Турција, легитимитетот, ситуацијата во Македонија итн.

Ахмети го информирал амбасадорот Улусој дека ДУИ воопшто не се колеба од заложбите за интегрирање на земјата во Европската унија и ќе продолжи да дејствува за реализација на оваа цел.

Исто така, посветени сме за градење на стратешко партнерство со Република Турција, која не поддржа без резерва за членство во НАТО и во Европската Унија.

Што се однесува до Владата без етнички легитимитет која ги исклучи етничките претставници, г. Ахмети нагласува дека веднаш мора да престане непочитувањето на Охридскиот договор и омаловажувањето на заедниците во земјава.

ДУИ смета дека најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската безперспективност, се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Затоа, го прифативме јавниот предизвик на г. Мицковски и ја поздравуваме подготвеноста на другите опозициски партии да се соочат со заеднички избори следната година.

ДУИ

Сослушани се 48 лица за несреќата во Нови Сад, денеска уште петмина

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители.

По повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители, објави Телеграф.

Како што е соопштено, во претходните три дена биле сослушани вкупно 48 лица, додека наредено е денеска да бидат сослушани уште 5 лица. Во истиот период од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е релевантна документација, чии детални анализи се во тек, а наредени се потребни вештачења за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до него, како и одговорноста на лицата.

„Посочуваме дека, по спроведената истрага, местото е расчистено со оглед на тоа што се работи за јавна површина и дека заради обезбедување докази, градежните остатоци од урнатата настрешница, по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација, каде што се под постојан надзор на полициските службеници во Нови Сад. Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството, и само на ангажирани вештаци, заради увид , земање мостри и анализа на градежни остатоци и материјали, заради извршување на потребните вештачења“, се вели во соопштението на ВЈТ во Нови Сад.

Како што се наведува во соопштението, трагичниот настан од 1 ноември има апсолутен приоритет во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое продолжува со интензивна работа со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за кои јавноста ќе биде навремено и редовно известена.

Кризата се влошува: Познатиот производител на автоделови затвора две фабрики

​Долго време беше синоним за германски квалитет.

Германскиот производител на автоделови „ZF“ е основан во 1915 година во Сарбрикен на езерото Констанца.

Долго време беше синоним за германскиот квалитет и првата инсталација, на пример, на менувач во автомобили како „BMW“.

„ZF“ е тешко погодена од кратењата на еден од своите најважни партнери, „Volkswagen“. Со намалената книга на нарачки, сега мора да отпушти меѓу 11.000 и 14.000 вработени, додека фабриката во Гелзенкирхен ќе се затвори на крајот на годината.

На други локации, каде што работат речиси 169.000 вработени во компанијата, постои голема грижа за иднината.

„ZF“, како и многу други компании од германската автомобилска индустрија, не ја следеше електрификацијата на автомобилската индустрија и сега има проблем поради тоа.

„Сè уште мислам дека имаме цврста основа врз која ќе ја градиме иднината“, вели Холгер Клајн, директорот на компанијата, но очигледно веќе никој не му верува.

Компанијата најави дека ќе затвори уште една фабрика во 2027 година. Се наоѓа во Еиторф во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, пишува „Merkur.de“.

Извор: Б92

Шпанскиот премиер Санчез најави 10,6 милијарди евра помош за регионот погоден од поплавите

 Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави итен план за помош во вредност од 10,6 милијарди евра за граѓаните и компаниите погодени од смртоносните поплави што го опустошија југоисточниот дел на земјата.

„Вкупните инвестиции од сите овие први мерки ќе надминат 10,6 милијарди евра“, рече социјалистичкиот премиер и презентираше низа мерки за помош, усвоени на владината седница.

Според последните податоци, во разорните поплави што пред една недела ја зафатија југоисточна Шпанија животот го загубија 218 луѓе, а уништен е огромен имот.

Премиерот рече дека во последните 72 часа, откако последен пат зборуваше со јавноста, бројот на војници и полицајци распоредени во подрачјата опустошени од поплавите се зголеми на речиси 15.000.

„Бројот на лица испратени од шпанската Влада, војници, припадници на националната полиција, цивилна гарда, се зголеми од 7.300 на 14.898, а им се придружија 287 шумски чувари, околу 100 цариници, како и 600 возила и специјализирани машини за испумпување, расчистување и снабдување на погодените подрачја“, рече премиерот.

Говорејќи за пакетот помош, премиерот рече дека тоа е само првиот чекор.

„Пакетот вклучува директна помош, како и фискални олеснувања за компаниите и поединците. Помош ќе добијат 65.000 работници и околу 30.000 компании“, рече Санчез.

Премиерот најави и кредитна линија од пет милијарди евра за мали и средни претпријатија, независни работници и семејства, според модел многу сличен на оној што се применуваше за време на пандемијата.

Владата денеска и официјално прогласи состојба на природна катастрофа во погодените подрачја и се обврза дека ќе покрие 100 отсто од трошоците што општините ги направија за расчистување на улиците и помагање на луѓето.

Покрај тие итни мерки, Санчез увери дека Владата работи на долгорочен план за реконструкција на погодените области, неопходен за прилагодување на областа кон климатските промени./МИА

притисни ентер